Европа
Die Welt: Австрија сака да ѝ помогне на Македонија во чувањето на границата
Австрија ќе испрати опреа за да ѝ помогне на Македонија своите граници да ги држави затворени, со што и главната мигрантската рута да остане затворена, пишува во средата германскиот печат.
Минатата седмица Македонија ја затвори својата јужна граница кон Грција, откако тоа го сторија земјите од ткн балканска мигрантска рута, и откако на нејзината северна граница кон Србија останаа блокиран над илјада бегалци и мигранти. Луѓето кои во вторникот се обидуваа да ја мината границата беа принудени да се вратат назад во Грција, каде што околу 12.000 мигранти се спречени да ги продолжат патувањето кон северот на европскиот континент.„Австрија ѝ понуди помош на Македонија. Министерство за одбрана во моментов проверува може да помогне со испраќање техничка опрема, како што се специјални очила за ноќно набљудување“, изјави за германскиот весник Die Welt, австрискиот министер за одбрана Петер Доскозил.Балканската рута, главниот европски пат преку кој мигрантите сакаат да мина во настојувањето да стигнат до богатите земји на западот и северот од Европа, „мора по секоја цена да остане затворена“. Доскозил претходно во вторникот изјави и дека Австрија, кој го координираше воведувањето на рестрикција со државите од ткн западнобалканската рута, поради што илјадници мигранти останаа блокирани во Грција, ќе мора да воведе построги контроли на граничниот премин Бренер со Италија што би требало да осигури мигрантите коишто ќе го минат Медитеранот да не можат да го продолжат патот на север.Австрија минатата 2015 година добила повеќе од 90.000 барања за азил, со што според глава на жител е втората зад Шведска во Европа. За оваа година, го одреди лимитот на 37.500 баратели на азил.Македонија ќе ги преземе сите мерки и активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност, а безбедносните инситуции и во иднина, како и досега, ќе продолжат одговорно и професионално да се справуваат со бегалската криза, порача во вторникот ноќта претседателот Ѓорѓе Иванов по седницата на Советот за безбедност, по повод инцидентот од претходната ноќ кога стотици мигранти од територијата на Европската унија и Шенген-зоната се обидоа илегално да ја преминат државната граница, надвор од официјалниот граничен премин и да влезат во подрачјето во кое е прогласена кризна состојба. „Со затворање на балканскиот коридор, очекувано беше да се зголемат обидите за насилно и илегално влегување во Македонија. Но, она што јас лично не го очекував е преземањето на крајно некоректни активности со кои потенцијално се загрозува целокупната регионална безбедност. Република Македонија ниту е членка на Европската унија, ниту на НАТО, ниту на Шенген зоната и не може да ги трпи последиците на неединствената политика на Унијата“, порача претседателот Иванов./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

