Европа
Норвежанец си го силувал двомесечниот син

Триесет идвегодишен Норвежанец призна дека го силувал својот двомесечен син, а видеото го дистрибуирал на педофилски мрежи, на почетокот од, како што судијата го нарече „најсериозниот случај на злоставување во норвешката правна историја“.
„Мојот клиент одбра да признае дека е виновен по сите точки од обвинението и да игра со отворени карти“, вели адвокатот што го застапува на суд за Aftenposten,
Полицијата почнала да влегува во трага на групата која продуцира и дели педофилски материјали лани, откако нашла застрашувачко видео на силување меѓу фајловите во компјутер на педофил.
„Не знаевме ништо за ова дете, но на видеото можевме да слушнеме гласови на норвешки од радио или телевизија, во заднината“, вели окружниот обвинител Кристин Роне.
Видеото ја довело полицијата до 34-годишен норвежанец кој веќе бил осуден во 2009 година за сексуален напад врз малолетник, и за дистрибуирање видеа од злоставување деца.
Двајцата се на суд, како и 27–годишен маж, и две жени на возраст од 27 и 43 години.
Сите се обвинети за вмешаност со педофилска мрежа чии членови ги снимаат своите деца во сексуални позиции или акти.
Според обвинителството, 43-годишната жена ги снимала своите деца на возраст од 10 и 13 години во сексуални позиции.
Другите тројца, вклучително и 34-годишниот маж се обвинети за силување на двомесечниот син на 43-годишната жена./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин