Контакт

Европа

УНХЦР смета дека планот ЕУ-Турција за миргантите е спротивен на европското и меѓународното право

Објавено пред

Агенцијата на Обединетите нации за бегалци УНХЦР соопшти во вторникот дека „брзото решение“ на проблемот со мигрантите договорено во понеделникот во Брисел меѓу Европската унија и Турција, според кој мигрантите масовно ќе бидат враќани на турска територија, е спротивно на нивното право за заштита, како според европскиот така и според меѓународниот закон.

dobivaj vesti na viber

„Враќањето на луѓето кои нема да добиваат заштита во Турција претставува цела низа од проблеми во врска со меѓународниот и европскиот закон“, изјави Винсент Кошетел, директор на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) за Европа.

Според неговата оцена, надежите во ветувањето за раселување на 20.000 бегалци на доброволна основа во текот на следните две години се „многу мали“.

„Колективното протерување на странците е забрането со Европската повелба за човековите права“, истакна Кошетел и повторно предупреди дека „договорот кој би резултирал со сеопшто враќање на мигрантите во некоја трета земја не е во согласност ниту со европското, ниту со меѓународното право“.

Европа сé уште не го исполнила ниту договорот од ланскиот септември за релоцирање на 66.000 бегалци од Грција, предупредува Кошетел и потсетува дека досега се преместени само 600.

Првиот човек на УНХЦР за Европа смета дека најновиот договор меѓу ЕУ и Турција може да доведе до „расцепување на мигрантската рута“, но истакнува дека „сé додека трае судирот, мит е да се верува дека луѓето нема да се обидат да дојдат“. „Тој договор можеби ќе одврати некои да ја користат таа рута, но нема сите да ги обесхрабри“, убеден е Кошетел.

Слично размислуваат и во невладината организација за човекови права Amnesty International, каде оценуваат дека европските и турските челници „паднале на уште пониско ниво“, „ценкајќи се со правата и достоинството на некои од најранливите групи луѓе“.

Организацијата, исто така, оценува дека планот на ЕУ и Турција за размена на сириските бегалци е „нечовечен и незаконски“. Притоа ја обвинува Турција дека недоволно се грижи за речиси три милиона сириски бегалци, тврдејќи дека живеат во „очајни услови“ без соодветно сместување или пристап до образование за нивните деца./крај/мф/сн

Извор: Reuters



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Велика Британија сака да го намали бројот на нелегални мигранти од Западен Балкан

Објавено пред

Велика Британија ќе ги засили своите напори за справување со криминалните мрежи низ Западен Балкан кои ја олеснуваат нелегалната миграција, изјави вчера премиерот Кир Стармер, неколку дена откако објави голем број реформи за намалување на миграцијата.

dobivaj vesti na viber

Губејќи на анкетите од Најџел Фараж и неговата антиимиграциска Реформска партија, Стармер е под притисок да покаже дека може да ја контролира и легалната и нелегалната имиграција и дека неговиот план против бандите шверцери на луѓе функционира кога станува збор за нелегални влезови во Велика Британија.

Во својата прва официјална посета на Албанија, Стармер ќе објави мерки за спречување на враќањето на албанските државјани во Велика Британија откако ќе бидат депортирани и ќе направи повеќе за да се искорени перењето пари меѓу двете земји. Тие исто така ќе донираат две машини за откривање фалсификати за да помогнат во идентификувањето на оние што користат лажни пасоши.

Тој исто така, пишува Ројтерс, ќе го објави проширувањето на заедничката работна група за миграција, со цел да ги вклучи Северна Македонија и Црна Гора. Групата веќе ги вклучува Албанија и Косово.

Во 2022 година, Албанците ја сочинуваа најголемата група што се упати кон Велика Британија со мали чамци, но нивниот број оттогаш нагло се намали, делумно поради договорот за депортација постигнат од претходната конзервативна влада.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија и пожар во близина на Севиља: 80.000 луѓе се затворени во домовите поради токсичен чад

Објавено пред

Голем пожар предизвикан од експлозија во хемиски магацин во индустриската зона Ла Ред во Алкала де Гвадаира, во близина на Севиља, принуди 80.000 луѓе да останат затворени во своите домови поради страв од труење, соопштија шпанските власти.

dobivaj vesti na viber

Пожарот избувна во среда попладне, а беше прогласена вонредна состојба поради опасностите што ги претставуваат чадот и гасовите што произлегуваат од согорувањето на непознати супстанции. Едно лице е хоспитализирано со изгореници, според моментално достапните информации.

Службите за итни случаи објавија дека првиот извештај за експлозијата дошол во 13:20 часот, директно од компанијата што управува со магацинот.

Како превентивна мерка, компанијата ги евакуираше сите вработени, но сè уште не е потврдено дали има уште повредени.

Властите го опишаа инцидентот како „загрижувачки“ со оглед на обемот на пожарот и видот на материјалот што гореше. Чад може да се види од општините оддалечени повеќе од 80 километри од местото на несреќата.

Службата за цивилна заштита го активираше системот Es-Alert, кој испрати итна порака до сите мобилни телефони во градот со која ги предупреди да не ги напуштаат своите домови.

На жителите им беше советувано да „затворат врати и прозорци за да го спречат чадот“ и „да носат маски“. Регионалната влада на Андалузија прогласи вонредна состојба од прво ниво.

Прикажи повеќе...

Европа

Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер.

dobivaj vesti na viber

Тој ја даде изјавата откако Кремљ објави список на руската делегација на преговорите, на кој не е вклучен претседателот Владимир Путин.

Трамп претходно изјави дека е можно да отпатува во Истанбул доколку Путин е таму.

Американската страна објави дека во нивната делегација ќе бидат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стив Виткоф и Кит Келог.

Зеленски е единствениот шеф на држава кој патува во Турција
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави дека ќе отпатува за Истанбул каде, како што рече, ќе го чека својот руски колега Владимир Путин.

Украински функционер објави дека Зеленски е на пат кон Анкара, каде што треба да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

(Видео) Најмалку 21 лице загина во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа33 минути

Трамп го откажа учеството на преговорите откако беше објавено дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа37 минути

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија17 часа

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија18 часа

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија18 часа

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија19 часа

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија19 часа

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија20 часа

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет20 часа

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа20 часа

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет21 час

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...

Македонија22 часа

„Самиот факт што ја напуштивме Владата по своја волја јасно покажува колку малку сме корумпирани“, велат од Алијансата за Албанците

„Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Е за очекување во овие...

Македонија23 часа

„Владата на Мицкоски со своето неодговорно однесување се заканува долгорочно да ги загрози перспективите на земјата за членството во ЕУ“, велат од ДУИ

„Владата на Христијан Мицкоски, водејќи се од популистичкиот бран кој ВМРО ДПМНЕ го јавнаа уште кога беа опозиција, со своето...

Свет23 часа

Трамп: Само будала не би прифатила бесплатен авион од Катар

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави дека има намера да го прифати авионот Боинг 747-8,...

Европа24 часа

(Видео) Кремљ: Нашата делегација ќе пристигне во Истанбул

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и...

Свет24 часа

(Видео) Пред 35 години ги убија родителите во САД: нивната казна беше намалена, сега може да бидат ослободени

Калифорниски судија го расчисти патот за условна слобода на браќата Менендез, познати во САД и низ целиот свет по убиството...

Европа1 ден

Мелони и Ердоган разговараа за претстојните руско-украински преговори во Истанбул

Италијанската премиерка Џорџа Мелони телефонски разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за преговорите за прекин на огнот во Украина,...

Регион1 ден

Силен земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степени го погоди островот Крит во Грција во средата, објави ЕМСЦ. Според објавените информации, земјотресот...

Македонија1 ден

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки...