Црна хроника
Фатени двајца дилери од струшко Велешта

Жител на Велешта и студент од Турција се приведени откако биле затекнати како пакувале дрога што требало да ја продаваат на наркозависниците.
Како што соопшти СВР Охрид, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Б.И. (24) од струшкото село Велешта и Т.Б.(20) од Турција на студиски престој во Струга.
На 25 март оваа година, во куќа на улицата „15 корпус“ во Струга двајцата пријавени се затекнати при пакување опојна дрога хероин и марихуана наменета за натамошна продажба на наркозависници.
При претресот во една од собите, на маса каде биле пријавените, забележана е истурена прашкаста материја со кафеава боја што според нив, била набавена од лице од Велешта по цена од 6000 денари. Пронајдени се и неколку опаковки со хероин и марихуана и поголем број парчиња од најлонска и алуминиумска фолија за пакување на дрогата.
Дополнително, во левиот џеб од јакната на Б.И. пронајдена е марихуана во пакување од 28 грама што тој требало да ја однесе за продажба по претходен договор со наркозависник од Струга. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
14-годишник нападнат на трим-патека во Кисела Вода од повеќе малолетници

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 54-годишниот Д.Х. од Скопје пријави дека на 09.08.2025 околу 22:30 часот на трим патека на подрачје на Кисела Вода во Скопје, неговиот 14-годишен син, додека бил со неговиот брат и другарка, по претходна расправија, бил физички нападнат од повеќе малолетници, кои ги познава и кои носеле и метални предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот