Црна хроника
Турчин со двајца радовишани одгледувале марихуана
Марихуана засадена на околу 50 квадратни метри, заштитена со плетена метална мрежа и покриена со зелена мрежа за заштита против непогода од град ,пронашла полицијата на земјениот пат кој води од село Бучим кон село Кошево, во Радовиш.
Марихауната била засадена во ниско стеблеста жбунеста шума во 16 реда, или вкупно 147 стебла марихуана.Марухуаната била откриена на 31-ви јули , а осомничени се еден Турчин и двајца радовишани.На турскиот државјанин му е одредена мерка за претпазливост и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери пронајдена мртва
Идентификувано е телото кое пред неколку дена беше пронајдено во реката Вардар. Се работи за Лидија Трајковска, жената од Јурумлери која исчезна во ноември минатата година.
Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.
Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.
Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.
Црна хроника
Уапсен 32-годишен кумановец: бил баран по потерница за издржување затворска казна
Вчера во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле 32-годишниот М.И. од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К`шање за издржување затворската казна.
Црна хроника
Четворица уапсени во Куманово: при претрес пронајден алат за извршување кривични дела
Вчера во 18.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 37-годишниот Б.С., 43-годишниот Н.М. и 38-годишниот З.Ч., тројцата од Штип и 39-годишниот З.П. од Куманово затоа што при преглед во патничкото возило во кое се превезувале бил пронајден алат за извршување кривични дела, додека кај З.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.