Регион
Шефовите на дипломатиите на западен Балкан и В4 на самит во Братислава

Во Братислава во четврток започнува дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Вишеградската четворка и земјите од западен Балкан, на кој ќе учествува и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
Во Братислава во четврток започнува дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Вишеградската четворка и земјите од западен Балкан, на кој ќе учествува и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.
„Министрите ќе го потврдат значењето на европската перспектива на западен Балкан, проширувањето на ЕУ и подготвеноста и натаму да им помагаат на партнерите преку пренесувањето на автентичните искуства од процесот на својата транзиција и евроинтеграција“, соопштиле од словачкото Министерство за надворешни работи.
Министрите на Вишеградската група (В4) – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, ќе ја усвојат заедничката декларација за земјите од западен Балкан, а се очекува и основање на специјален Фонд на солидарноста за западен Балкан со седиште во Тирана, по примерот на сличните фондови за поддршка на регионалната соработка, кои се формирани од членките на Вишеградската група.
Покрај високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, на состанокот со В4 ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово, потврдил и шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц.
Ова не е прв состанок на Вишеградската четворка во проширен формат со министрите од западен Балкан, бидејќи четирите членки на оваа неформална регионална група се меѓу најгласните поддржувачи на идејата ЕУ што поскоро да го заокружи своето проширувањето со земјите од западен Балкан./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.