Европа
Австрискиот канцелар исвиркан на партиски собир по изборниот пораз
Австрискиот канцелар Вернер Фајман беше исвиркан на првомајскиот собир на неговата Социјалдемократска партија во неделата, а неговите противници побараа да си поднесе оставка по тешкиот пораз на неговата партија на првиот круг од претседателските избори.
Канцеларот Вернер Фајман го бранеше курсот на неговата влада на големата коалиција со конзервативците и покрај поразот кој двете владејачки партии го претрпеа минатата седмица кога крајната десница постигна историски рекорден резултат.
„Потребни ни се закони и мерки кои обезбедуваат хуманост и ред, изјави во говорот пред околу осумдесеттина илјади партиски приврзаници, како што проценуваат агенциите, пред седиштето на градските власти на Виена, што е фраза којашто често ја употребува кога зборува за владината заострена имиграциска политика.
Сé погласни повиците во партијата Фајман да ја преземе личната одговорност за изборниот резултат и да поднесе оставка, а многумина од неговите критичари повикуваат на свикување партиски конгрес на кој ќе бидат сменети високите партиски челници.
Противниците на Фајман на неделниот собир носеа транспаренти на кои се повикуваше „Дај оставка и „Партиски конгрес веднаш“. Тие извикуваа „Уа“ и свиреа од свирчиња додека канцеларот говореше и секогаш кога беше споменувано неговото име.
Фајман, кој е челник на партијата и австриски канцелар од 2008 година, минатата седмица ги отфрли критиките велејќи дека оние што критикуваат не претставуваат мнозинство и оти има намера да остане на должноста. Во неделата, меѓутоа, имаше малку попомирлив тон/
„Критиката мора да се поднесе и да се сфати сериозно, но курсот е исправен“, изјави Фајман за австриската новинска агенција APA и за радиотелевизијата ORF.
Изборите од минатата недела претставуваа вистинско понижување за социјалдемократите и помалиот коалициски парнет конзервативната Народна партија, двете австриски партии кои традиционално ја формираат владата.
Првпат од 1951 година, откако шефот на државата се избира директно, нивниот заеднички удел во гласовите паднал под 50 отсто, урнувајќи се на помалку од четвртина. Општите избори, пак, треба да се одржат во 2018 година.
И Социјалдемократската и Народната партија претрпеа низа изборни порази минатата 2015 година, а крајната десна Слободарска партија сега е најпопуларната во Австрија и редовно во анкетите бележи над 30 отсто од популарноста.
Загриженоста на австриската јавност поради имигрцијата и сé поголемата невработеност, како и незадоволството од двете владејачки партии кои доминираат со австриската повоена политика го поттикнаа растот на поддршката на крајната десница.
Кандидатот Слободарската партија Норберт Хофет е победник на минатонеделниот прв круг од претседателските избори со 35,5 отсто од гласовите и во вториот круг на 22-ри мај против поранешниот челник на Зелените, Александер ван дер Белен, кој на изборите се кандидираше како независен но партијата му ги финансира и организира предизборните настапи, а освои 21,1 отсто од гласовите./крај/мф/сн
Извор: APA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

