Европа
Терористи се закануваат со напад на два трговски центри во Париз

Два големи трговски центри во Париз се под закана од терористички напади, откако е пуштено видео од истата терористичка група што уби 60 луѓе во нападот на трговски центар во Кенија во 2013 година.
Милитант на Ал Шабаб од Сомалија, главното крило на Ал Каеда во источна Африка, пушти видео за време на викендот во кое именува два трговски центри во Париз како цели на напад на западот.
The Forum des Halles, голем подземен шопинг центар во првиот арондисмент, и Les Quatre Temps во предградието Ла Дефенс на северозапад од Париз, се наведени како цели на терористички напади, но и неколку трговски центри во Велика Британија, Канада и САД.
Видеото кое е долго речиси 80 минути, прикажува маскиран маж кој зборува директно во камерата.
Тој ги повикува „Муслиманските браќа да ги напаѓаат неверниците каде и да стигнат“.
„Ако само една рака муџахедини можеа да ја блокираат Кенија цела недела, тогаш замислете што може да стори посветен муџахедин на западот во американски или шопинг центри во сопственост на Евреи, во целиот свет“, вели мажот на видеото.
Шеесет луѓе беа убиени во Најроби во 2013 година откако милитанти на Ал Шабаб три дена го држеа во заложнитво трговскиот центар Вестгејт. Близу 200 луѓе беа повредени.
И исламските екстремисти на Исламската држава, исто така, му се закануваат со напади на Париз, во следните месеци. Во септември, група наречена Муслимани што напаѓаат Французи, се заканија со напади на „валкани“ луѓе.
Во тогашното видео, цел беа исто, Американци, Европјани и Австралијанци. Говорникот велеше дека не мора да се користи пиштол во нападите, „смачкајте му ја главата со камен, или заколете го со нож, или прегазете го со својот авотомобил, или турнете го од високо, или задаветего или отрујте го“.
Министерот за внатрешни работи Бернард Казанев во телевизиска изјава рече дека Франција не се плаши.
Франција се уште е во состојба на готовност по нападите во Париз во јанури кога беа убиени 17 луѓе во редакцијата на „Шарли Ебдо“, и во кошер супермаркетот, како и на улица, јужно од Париз./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин