Контакт

Надворешна политика

Македонија и Саудиска Арабија ја зголемуваат заедничката соработка

Објавено пред

Премиерот Никола Груевски во понеделникот во Ријад оствари средба со престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија, Салман Бин Абдулазиз Ал–Сауд, а ова е прва официјална средба на ова ниво од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете држави. 

dobivaj vesti na viber

 

На средбата соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на заедничките односи и разменија мислења и ставови за интензивирање на економската и политичка соработка во повеќе области од взаемен интерес.

 

По средбата, министрите за финансии на Македонија, Зоран Ставрески и на Кралството Саудиска Арабија, Ибрахим Ал Асаф потпишаа Договор за одбегнување на двојното оданочување меѓу двете држави, што дополнително придонесува за олеснување и поттикнување на можната соработка и трговската размената меѓу двете држави.

 

„Денес овде во Ријад, Саудиска Арабија, имав прием кај престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија со кого што разговаравме на повеќе теми, потпишавме и Договор за одбегнување на двојното оданочување помеѓу двете држави, а инициравме и потпишување на поголем број на други договори за кои што верувам дека во иднина ќе се развие комуникација и ќе се дојде до нивно потпишување. Разговаравме и на повеќе други теми, како политички, така и економски. Разговаравме и за можностите за инвестирање од страна на компаниите од Саудиска Арабија во Република Македонија. Имено, оваа држава практикува својот капитал да го дисперзира насекаде низ светот купувајќи акции, вложувајќи во различни инвестиции и градби итн, така што од тој аспект ја претставив Република Македонија како одлично место за правење на бизнис, како одлично место за инвестиции, кажав кои се компании доаѓаат во Република Македонија, за да го привлечам вниманието и на оваа држава односно вниманието на компаниите од оваа држава дел од својот капитал во иднина да размислат и да го инвестираат во Република Македонија”, изјави Груевски.

 

Истовремено, Груевски на средбата упати покана до престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија и неговите соработници да ја посетат Република Македонија. На средбата што се одржа присуствуваа повеќето од министрите од Кралството Саудиска Арабија, министерот за финансии, министерот за економија и земјоделие, и други министри и соработници.

 

„Ова е добра можност за да добро се престави не само политичката позиција и ориентација на Република Македонија и да се засилат нашите релации и односи, туку и да се претстави економската, инвестиционата бизнис можност што Република Македонија ја нуди за да се привлече капитал, инвестиции и да се отворат нови работни места во државата”, изјави Груевски.

 

Престолонаследникот на Кралството Саудиска Арабија Салман Бин Абдулазиз Ал–Сауд изрази подготвеност за соработка и продлабочување на взаемните односи.

 

„Ваквата посета придонесува за зајакнување и интензивирање на меѓусебната доверба и  соработката. Саудиска Арабија е подготвена да соработува за различни проекти од областа на земјоделието, производството на храна, инфраструктурата, енергенсите. Истовремено, Саудиска Арабија ги поддржува и иницијативите за потпишување на договори со кои ќе се олесни и поттикне економската соработка и размена меѓу двете држави. Се надевам и на успешни бизнис форуми за што целосно ја имате поддршка на државните институции, но и волјата за поттикнување на соработката со приватниот сектор”, изјави Салман Бин Абдулазиз. Тој изрази подготвеност за продолжување на дипломатските средби и контакти во иднина.

 

Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски ја продолжува својата посета на Кралството Саудиска Арабија, при што вечерва ќе присуствува на бизнис форум во главниот град Ријад кој што ќе се одржи во соработка со индустриската комора на Ријад, а утре ќе ја продолжи својата посета претставувајќи ги можностите за инвестирање во Република Македонија на бизнис форум во вториот по големина град во Саудиска Арабија, Џеда./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија14 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија17 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија17 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија19 часа

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија20 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура20 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија20 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет21 час

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија21 час

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет21 час

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет22 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет22 часа

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа23 часа

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет23 часа

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...

Свет23 часа

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва не спровела нуклеарни тестови, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател...

Македонија24 часа

Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле

Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија2 дена

Следната недела почнува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200...

Топ2 дена

Трагична несреќа во Конче: 46-годишен маж убиен за време на лов, бил застрелан во стомакот и раката

Едно лице вчера е убиено за време на лов во селото Габревци. Според информациите на МВР, уапсени се 11 лица...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска: Власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски

Откако скандалот кој го најави СДСМ се потврди, денес е време власта да почне да одговара на клучните прашања кои...