Скопје
Општина Центар воведе европски стандарди во работењето
Тринаесет вработени во Општина Центар во понеделник добија сертификати за учество во обуката за имплементирање на КАФ – Европски стандарди за квалитет во работењето или заедничка рамка на самооценување.
Во присуство на британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет и модераторот на проектот Неда Малевска Сачмароска, градоначалникот на Општината Андреј Жерновски им ги додели сертификатите на вработените.
Од Општината информираат дека во текот на изминатите шест месеци се правени самоооценки, кои области треба да се подобрат.
Иницијативата за овој проект е на британската амбасада, а во неа до сега учествуваа само уште две општини од Македонија, но воведување на КАФ стандардот од 1-ви јануари ќе биде задолжителна законска обврска за сите општини.
Процесот беше воден од модератори од Центарот за управување со промени.
„Со воведување на Европскиот стандард за квалитет во работењето, Општината се приклучува кон европските напори, темелени на проверени практики за воспоставување квалитет на јавната администрација и модернизација на јавните службите“, се вели во соопштението на Општина Центар.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)

