Европа
Во Холандија откриен кокаин во вредност од 10 млн евра меѓу банани и конзерви со туна

Холандската полиција мината седмица во пристаништа Влисинген и Ротердам запленила близу 300 килограми кокаин чија вредност на пазарот изнесува 10 милиони евра, објави во неделата државното обвинителство во Ротердам.
Во пратката со 180 пакети банани испратени за фирма во Ротердам при рутинска контрола во пристаништето во Влисинген се откриени 200 килограми кокаин, а 110 килограми се откриени меѓу лименки со туна во контејнер испратен од Еквадор во пристаништето во Ротердам.
Се претпоставува дека нема поврзаност меѓу овие две пратки, кои се откриени во текот на минатата седмица, објави канцеларијата на државниот обвинител во Ротердам.
Во текот на истрагата по откривањето на дрогата уапсени биле тројца мажи, но тие подоцна биле ослободени во недостиг на докази дека се поврзани со пратките, пренесува агенцијата ANP./крај/мф/сн
Извор: ANP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Британските и француските воени команданти се сретнаа пред преговорите за Украина

Британските и француските воени команданти се состанаа во Лондон на почетокот на неделата на која ќе има дополнителни разговори за плановите за мировна мисија во Украина.
Адмирал Тони Радакин, командант на британските вооружени сили, рече дека двете европски нуклеарни сили „преземаат чекори за создавање посилно и подлабоко партнерство“ по средбата со неговиот француски колега, генерал Тиери Буркхард.
Заедно со командантите на армијата, морнарицата и воздухопловните сили на секоја земја, тие разговараа за напорите за „покренување“ европски одговор на ситуацијата во Украина – додека украинските, руските и американските претставници присуствуваа на разговорите во Саудиска Арабија со цел постигнување прекин на огнот.
Радакин рече дека во клучен момент за европската безбедност, третата средба на шефовите на Генералштабот на Велика Британија и Франција треба да се гледа како знак на реафирмација и посветеност.
„Двете водечки европски нуклеарни сили ја зголемуваат соработката за да создадат посилно и подлабоко партнерство кое е од витално значење за безбедноста на континентот“, рече тој. Тој додаде дека дискусијата ќе помогне во обликувањето на иднината на британско-француската воена соработка и заедничките напори за поддршка на Украина со воена помош „сега и по секој мировен договор“, јави Дпа.
Состанокот доаѓа додека оперативното планирање за европската мировна мисија во Украина продолжува во британското воено седиште во Нортвуд оваа недела.
Кабинетот на британскиот премиер минатата недела објави дека разговорите за создавање „коалиција на подготвените“ ќе продолжат да го забрзуваат темпото и опсегот на оперативното планирање и поблиску да ги разгледаат деталите и структурата на која било идна сила.
Европа
(Фото) Зеленски спие под слика од Кремљ во пламен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека чува слики над својот кревет на кои, меѓу другото, се гледа како Кремљ гори.
Магазинот Тајм, кој го посети украинскиот претседател во неговата канцеларија, опишува три слики во масло кои стојат над креветот.
Volodymyr Zelensky's favorite painting in his office shows the Kremlin engulfed in flames. “Each one’s about victory. That’s where I live” https://t.co/AgZtLQnlda pic.twitter.com/Yb5zDV46js
— TIME (@TIME) March 24, 2025
Едната покажува руски воен брод како тоне во Црното Море, другата прикажува украински војници кои се борат на руска територија, додека третата – која Зеленски ја опиша како негова омилена – покажува како Кремљ е зафатен од пожар.
„Секоја од нив зборува за победа“, рече претседателот.
„Јас живеам овде“, кратко додаде тој.
Европа
Русија: Украинците не може да се повлечат од Курск, блокирани се од сопствените мини

Украински војници во близина на населбата Гоголевка во областа Курск не може да се повлечат поради сопствените мини и со тоа ја загубија последната шанса да избегаат на украинска територија, тврди руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на извор од руските безбедносни агенции.
Како што рече соговорникот на агенцијата, станува збор за војници на вооружените сили на Украина, кои се распоредени југоисточно од Гоголевка. Според ТАСС, тие ја минирале областа за да го спречат напредувањето на руската армија. „Во исто време, вооружените сили на Украина, стационирани во оваа област, ја загубија последната шанса да избегаат во областa Суми“, додаде тој.
Дописникот на „Известија“, Александар Сафиулин, цитирајќи командант на баталјон, сподели дека вооружените сили на Украина се блокирани во целиот регион и без логистика. Се наведува дека на Украинците им остануваат две опции: или да се предадат или да бидат уништени од руските борци.