Регион
Вооружен напад на редакција на хрватски неделник

Двајца маскирани непознати лица влегле во просториите на хрватски неделник во Задар и со закана со огнено оружје, од 42-годишен графички уредник одзеле неколку илјади куни.
Се работи за издавачката куќа Темпус во сопственост на задарскиот новинар Ивица Маријачиќ, која го издава Hrvatski tjednik.
Увидот е во тек, а по сторителите се трага.
„Графичарот Антонио Мликота ми се јави синоќа во 23.21 часот и рече дека е извршен упад од маскирани лица. Веднаш дотрчав и го затекнав во полулежечка состојба врзан“, вели сопственикот.
Според него, иако графичарот е корпулентен и давал отпор го совладале со давење и удирање по грбот. Напаѓачите упатиле закани и за сопственикот. Ја испретурале цела канцеларија како да бараат нешто и неколкупати се прашале еден со друг „дали најде“. Графичарот вели дека биле двајца, но му се сторило дека на скалите има уште еден.
Маријачиќ вели дека во последно време не добивал закани ниту може да претпостави кои се мотивте на нападот.
„Не се занимаваме со локални работи, не пишуваме за криминал или на сензационалистички начин. Ние сме политички весник кој настојува некои прашања да ги отвори на друг начин. Во последно време се занимававме со темата Јасеновац и со прикажување на преувеличениот број жртви, а имаме и свој поглед на спитската свастика.
На Маријачиќ претходно во два наврати му го запалија автомобилот, а сторителите полицијата никогаш не ги најде./крај/ј/бб
Извор: Elvir Tabaković/CROPIX
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.