Надворешна политика
Ахмети: Да не се искористи ситуацијата со случајот Монструм за поттикнување на насилство
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети во вторникот разговарал со евроамбасадорот Аиво Орав околу ситуацијата во земјава по изречувањето на пресудата против шест лица со доживотен затвор за случајот „Монструм“, во кој што пет лица го загубија животот.
Орав нагласи дека официјален Брисел, заедно со претставниците на меѓународната заедница во земјава, со внимание ги следат настаните во Македонија поврзани со овој случај.
Ахмети повторно ја нагласил потребата за мирна манифестација на незадоволството, за да не се комплицира и отежнува овој случај уште повеќе. Ахмети ги потенцирал очекувањата дека Апелациониот суд ќе ги земе предвид сите општествени сомнежи во врска со развивањето на судењето во случајот „Монструм“ и дека ќе одлучи праведно.
Нарушениот кредибилитет на овој процес може да ја поврати довербата на јавноста само преку еден транспарентен процес во кој што ќе се презентираат доказите и ќе се докаже вината, а овој процес треба да се надгледува од искусни експерти од меѓународната заедница, кои што ќе имаат целосен пристап врз целиот процес и сите докази, порачуваат од ДУИ.
Ахмети истакна дека ги разбира напорите на политичките сили, како и на тие што претендираат да станат такви во иднина за да ги искористуваат овие незадоволства на граѓаните, но се надева дека ова искористување на ситуацијата не подразбира и поттикнување на насилство.
Претставува заедничка одговорност да се идентификуваат и да се надминат напорите за селективна правда, но и судиите и обвинителите кои што ги вршат своите задачи со предрасуди за да се подигне довербата на граѓаните во судските процеси, заклучуваат од ДУИ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.