Регион
Туск бара од Турција да го почитува судскиот процес

Една седмица по размената на острите реплики меѓу Европската унија и Турција, којашто долго години е кандидатка за членство во ЕУ, претседателот на Советот на Европската унија, Доналд Туск, во вторникот му порача на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да се погрижи неодамна притворените лица да добијат чесен правосуден процес.
Една седмица по размената на острите реплики меѓу Европската унија и Турција, којашто долго години е кандидатка за членство во ЕУ, претседателот на Советот на Европската унија, Доналд Туск, во вторникот му порача на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да се погрижи неодамна притворените лица да добијат чесен правосуден процес.
Во соопштението издадено од канцеларијата на претседателот на Советот на Европската унија, поранешниот полски премиер Доналд Туск со дипломатски јазик вели дека тој и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, во телефонски разговор расправале за тоа како да ги унапредат односите меѓу Брисел и Анкара. Според Туск, ЕУ го поздравила турското ангажирање за милионите сириски бегалци згрижени на нејзината територија.
Меѓутоа, кога станува збор за минатонеделните апсења на новинари и други лица блиски на еден од најголемите поранешни сојузници на Ердоган, исламистичкиот филозоф и проповедник Фетулах Ѓулен кој живее во егзил во САД, Туск додава: „Разговаравме и за настаните во Турција, па и за неодамнешните притворања и за важноста од непристрасно и транспарентно водење на процесот. Се договоривме да останеме во контакт и двајцата се радуваме на што поскор состанок“.
Пред една седмица Ердоган ѝ порача на ЕУ да не се меша во работите на Турција, бидејќи шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини апсењата го нарече „некомпатибилни“ со демократските вредности на Унијата.
„Нас не’ не интересира што бои можела ЕУ да каже, не’ прифаќа ли ЕУ како членка или не, нам за тоа не ни е грижа. Ве молиме, своите мудрости да ги задржите за себе“, му порача турскиот претседател на Брисел.Турската антитерористичка полиција на 14-ти декември изведе акција во тринаесет градови, како и во Истанбул, приведувајќи 27 лица, главно новинари и медиумски работници, меѓу кои и Екрем Думанли, главниот и одговорен уредник на весникот Zaman, еден од главните весници кои се критички настроени кон Ердоган, а е застапник на идеологијата на Фетулах Ѓулен.
ЕУ во неделата навечер преку заедничкото соопштение на шефицата на дипломатијата Могерини и еврокомесарот за соседство и проширување Јоханес Хан, ги осудија споменатите полициски акции оценувајќи дека се спротивни на „европските вредности“ коишто Турција би морала да ги почитува доколку сака да стане членка на Европската унија, како и дека „се неспоиви со слободата на говорот“.
Потоа и турскиот премиер Ахмет Давутоглу порача дека „сите оние коишто се осмелиле да се инволвираат во владините кабинети и да ги прислушуваат доверливите разговори на претседателот и премиерот“ ќе одговараат пред законот. Според него, станува збор за создавање „паралелни институции“, со што алудираше на апсењата на началникот на антитерористичкиот одел во полицијата на Истанбул, како и на уште двајца полициски функционери во други турски покраини во неделната полициска акција.
Пристапните преговори на Турција продолжија во 2013 година, по тригодишниот застој, но односите меѓу Брисел и Анкара повторно се затегнаа по непопустливиот став на турската страна за пресметка со политичките противници кои ги обвинува за конструкции на корупциски афери на власта и создавање „паралелна држава“ во турското општество чија цела е уривање на повеќе од децениското владеење на исламско конзервативната Партија на правдата и развојот (АКР)./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.