Европа
Грција: ЕУ не може да се занимава само со санкции

Грција смета дека Европската унија не може да се занимава само со санкции, и оти треба поголемо внимание да обрати на демократијата и социјалната правда, изјави во понеделникот грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коциас.
„Сметам дека ЕУ не може да се занимава само са санкции и меморандуми, потребно е да се има повеќе демократија, човекови права, социјална справедливост. Потребна е визија за Европа“, изјави за новинарите Никос Коцијас, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија во Брисел.
Притоа, шефот на грчката дипломатија не одговарал на новинарски прашања, додавајќи само дека за него е неопходно да се преговара – „Тоа важно’, рекол Коциас.
Претходно Коциас изјавуваше дека европските партнери треба да престанат да ги сметаат Европејците само како оние кои се согласуваат со санкциите против Русија. Посочи дека Атина се залага за зачувување на е територијалниот интегритет на Украина, но дека е недозволиво преку санкциите да се растурат институционалните врски со Русија.
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини во понеделник ќе претседава со состанокот на европските шефови на дипломатиите, на кој се очекува додавање нови имиња на руски функционери и претставници на рускојазичните бунтовници. Но одлуката за построги санкции ќе зависи од постигнување на траен прекин на огнот во Украина/
„Доколку успееме да постигнеме прекин на огнот, да го направиме одржлив и да почнеме да го спроведуваме договорот од Минск, очигледно е дека тоа ќе води до некои одлуки. Доколку не биде тала, одлуките ќе бидат поинакви“, изјави Могерини./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин