Контакт

Надворешна политика

Груевски во Ријад: Подготвеност за економска соработка и инвестиции

Објавено пред

Постојат можности и подготвеност за продлабочување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите, беше заклучено откако македонскиот премиер Никола Груевски во неделата навечер во саудиската престолнина Ријад во рамките на посетата на Кралството Саудиска Арабија, се сретна со директорот на Саудискиот фонд за развој, Јусуф Бин Ибрахим ал-Басам
 

dobivaj vesti na viber

Постојат можности и подготвеност за продлабочување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите, беше заклучено откако македонскиот премиер Никола Груевски во неделата навечер во саудиската престолнина Ријад во рамките на посетата на Кралството Саудиска Арабија, се сретна со директорот на Саудискиот фонд за развој, Јусуф Бин Ибрахим ал-Басам

 

Саудискиот фонд за развој е финансиран и основан од страна на државата Саудиска Арабија, и е насочен кон финансирање на проекти чија цел е потикнување на развојот и унапредување на соработката

Премиерот Груевски изрази задоволство што има прилика да ја посети Саудиска Арабија и истакна дека постојат можности двете држави да работат на искористување на потенцијалите особено во сферата на економијата. Тој го запозна соговорникот со мерките и реформите кои ги превзема државата за поттикнување и одржување на економскиот развој, насочени кон привлекување на странски инвестиции и финансирање на проекти од инфраструктурен карактер. Премиерот посочи дека Република Македонија во моментот е насочена кон инвестирање и изградба на три автопата и нова железничка линија за поврзување со источниот сосед Бугарија. Истовремено истакна дека земјата инвестира и вложува во полето на медицината, земјоделието и образованието, информираат од владиниот сектор за односи со јавноста.

Директорот на Саудискиот Фонд за развој, Јусуф Бин Ибрахим ал-Басам го запознал премиерот Груевски со активностите на работа на Фондот и изрази подготвеност за соработка и поддршка на проекти од различни сфери.

„Имав задоволство да се сретнам со премиерот Груевски и можност да му ги објаснам активностите на Саудискиот фонд за развој кој е главниот канал со саудиската Влада за помагање на развојот на државите. Фондот е основан во 1974 година и интернационално сме активни во 80 држави. Главно сме насочени кон помагање на инвестициите во инфраструктурни проекти, образование, здравство, земјоделие, недвижности. На средбата што ја имав со премиерот и неговиот тим ни ги објаснија плановите за развој во повеќе сфери и нивните приоритети и проекти, и можноста за поддршка при нивната реализација”, рекол ал-Басам.

Ал-Басам додал дека се надева на соработка особено во сферата на инфраструктурата искористувајќи ги расположливите потенцијали.

Премиерот Никола Груевски од неделата ја предводи владината делегација во чиј состав се вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за надворешни работи Никола Поповски, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Висар Фида и заменик министерот за економија Христијан Делев, која ќе престојува во политичко економска посета на Кралството Саудиска Арабија.

За време на посетата, во главниот град Ријад е предвидено премиерот Груевски да оствари средба со политичкиот естаблишмент на државата, со принцот на Кралството Саудиска Арабија Салман Бин Абдулазиз ал-Сауд кој ги извршува и премиерските должности на државата, како и со генералниот секретар на Заливскиот совет за соработка, Абдул Латиф бин Рашид ал-Зајани.

Воедно за време на престојот ќе бидат остварени и бизнис форуми на кои ќе бидат преставени можностите за инвестирање во Македонија и потенцијалите за развивање на економската соработка во повеќе полиња и области. Саудиска Арабија е една од најбрзо растечките економии од арапските држави и седиште на повеќе глобални корпорации од повеќе области. Главниот град Ријад е место каде се лоцирани централните менаџменти на голем број банки, приватни компании и фабрики за производство на машини, опрема, металуршки производи, хемиски и градежни материјали, храна, медицина и текстил.

Саудиска Арабија е најголем извозник на нафта и има водечка улога во Организацијата на земјите извознички на нафта (ОPEC). Токму како резултат на таквата геостратешка предност ѝ овозможи на државата да го дисперзира својот капитал и да инвестира во останатите полиња. Според Светската банка од 2009 година економијата на Саудиска Арабија е најсилна споредено со останатите арапски држави и континуирано го зајакнува приватниот сектор особено инвестициите во недвижности и енергенси.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба ваквата посета е прва на ова ниво од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Кралството Саудиска Арабија при што во јануари 2015 година ќе се одлбележи 20-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ16 минути

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија1 час

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ, дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет2 часа

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија2 часа

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет3 часа

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет3 часа

Зеленски: Од украинска страна, сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет3 часа

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија13 часа

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет16 часа

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет16 часа

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија17 часа

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија17 часа

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија18 часа

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...

Македонија22 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија22 часа

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија22 часа

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија23 часа

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ1 ден

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија1 ден

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија1 ден

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...