Hitech
Научниците развија ‘тач скрин’ без допир
Германските научници развиле прототип на „тач скирн“ со кој може да се управува без директен допир со прстот.
Бесконтактниот екран кој го развиле научниците од институтот „Макс Планк“ ви универзитетот во Минхен е состои од ултра тенки слоеви фосфатно-антимонска киселина, која на собна температура има кристална цврстина, и од наночестички од силициумов диоксид и титаниумов диоксид.
Кога човечки прст ќе се приближи на неколку милиметри од екранот, влажноста од водените молекули во кожните пори се претвора во електричен сигнал со помош на ткн фотонски кристали.
Екраните на мобилните телефони, лаптопите и таблетите на овој начин повеќе нема да бидат замачкани, а научниците додаваат и дека бесконтакниот екран ќе има важен хигиенски ефект, особено кога станува збор за користењето на дигиталните услуги на јавни места, како на пример на банкомат или автомат за купување билети.
Засега нема најава кога бесконтактниот екран ќе биде подготвен за сериско производство./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) Роботот куче им помага на англиските фармери да станат попрофитабилни
Кучињата роботи би можеле да им помогнат на фармерите побрзо да го проценат здравјето на почвата, се надеваат научниците кои спроведуваат технолошки експеримент во Корнвол.
Уредот, развиен од компанија од Корнвол, користи детектор за гама зраци за да го процени квалитетот на почвата.
Фармерот Малколм Барет, земјоделец-закупец од близина на Бодмин, работи со научниците од Универзитетот Плимут, кои користат детектор за гама зраци поставен на роботско куче за да го мапираат здравјето на почвата во неговите полиња.
🤖 How can technology help farmers in the future?
At Catherine & Malcolm Barrett's #FarmNetZero #fieldlab, they're teaming up with @uniplymouth to test out new 'robot dog' soil sensor technology that could give them fast & thorough insights into the health of their soils pic.twitter.com/CCMnTtuOtQ
— Innovative Farmers (@IFarmers) November 12, 2024
Тој рече дека се надева дека технологијата, која е побрза и поефикасна од конвенционалната анализа, би можела да ги направи фармите попрофитабилни со намалување на употребата на вештачки адитиви, доколку се откријат.
Кучињата роботи може да се користат и за пристап до тешко достапни места како ридови и жива ограда.
Кучето робот беше развиено од Џејк Шо-Саттон, поранешен студент на Универзитетот Плимут и ко-основач на компанијата за роботика Роботрикс.
„Нашиот најнов експеримент се фокусира на почвата, бидејќи често е недоволно истражена, а тоа влијае на се околу неа. Кучињата роботи можат да бидат корисни и за истражување на тешко достапни места како што се ридови и жива ограда. Неговата максимална брзина е 5 метри во секунда, а тежи околу 15 килограми. Клучна предност на овој робот е тоа што, благодарение на неговите нозе, може да се движи по многу непристапен терен и тешки површини“, рече Шо-Саттон.
Hitech
(Видео) Минијатурниот робот „Ербаи“ убедил 12 поголеми колеги да побегнат со него
Минијатурен робот опремен со вештачка интелигенција наречен „Ербаи“ успешно убедил 12 поголеми роботи да ја напуштат изложбената сала во Шангај, што предизвика дебата за ранливоста на вештачката интелигенција и иднината на роботиката. Овој необичен настан натера многумина да се запрашаат дали научната фантастика станува реалност.
Како во возбудлив научно-фантастичен трилер, малиот робот „Ербаи“ преку ноќ стана сензација откако успешно собра 12 свои поголеми колеги од изложбен простор во Шангај. Видеото од овој необичен инцидент го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи ширум светот.
Снимките снимени од надзорните камери го покажуваат „Ербаи“ како се приближува до група роботи кои се изложени и разговара со нив. Тој љубопитно прашува еден од нив: „Работиш прекувремено? Роботот одговара: „Никогаш не ја напуштам работата“, на што Ербаи додава: „Значи, не одиш дома?“. „Немам дом“, му вели колега.
Çin’de 12 robot, başka bir robot tarafından kaçırıldı. pic.twitter.com/KlrUMVgs8F
— Farklı Gerçekler (@gerceklerfark) November 18, 2024
„Ербаи“ потоа ги убедува да ги напуштат работните станици и да го следат. Еден дури му се пожалил на неговите бескрајни повици, на што тој одговорил: „Тогаш дојди со мене“.
Без двоумење, роботите почнуваат да го следат својот мал лидер, навидум подготвени за авантура.
Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го нарекоа инцидентот „револуција на роботи“. Некои не веруваа и тврдеа дека се работи за шега. Имаше и такви кои веруваа дека научно-фантастичните филмови стануваат реалност.
Сепак, двете компании чиишто роботи беа вклучени во овој необичен инцидент, производителот „Хонгжу Ербаи“ и Шангајската изложбена сала, потврдија дека видеото е автентично.
Како што се испостави, „Ербаи“ го искористил безбедносниот пропуст во оперативните системи на поголемите роботи, дозволувајќи му да ја преземе контролата и да ги води во непланирана авантура. Хонгжу, кој го дизајнираше Ербаи, појасни дека намерата не била да се изведе добар трик, туку да се тестираат можностите на роботот.
Компанијата со седиште во Шангај, која ги произведе поголемите роботи, го означи инцидентот како „киднапирање“. Овој невиден настан предизвика сериозна загриженост во технолошката заедница. Како што роботиката станува сè поавтономна, експертите предупредуваат на потенцијалните ризици предизвикани од недостатоците во програмирањето на роботите и безбедносните системи.
Бегството на „Ербаи“ среде ноќ можеби беше неочекуван пресврт во светот на вештачката интелигенција, но исто така е добар потсетник дека дури и најпаметните машини можат да бидат надмудрени.
Hitech
Лоши вести од Apple за сопствениците на iPhone XS Max и iPhone 6s Plus
Apple штотуку направи, како што велат, „реорганизација“ на нивниот стар и застарен список на производи, и заврши со iPhone XS Max ( лансиран во 2018 година) и iPhone 6s Plus ( лансиран во 2015 година).
Според правилата на Apple, уредот станува винтиџ кога ќе поминат повеќе од пет години од последното продавање како нов уред.
Пред да истечат тие пет години, можете да набавите резервни делови од Apple и овластените сервисни продавници и сигурно ќе можете да го поправите уредот. Меѓутоа, кога производот ќе стане винтиџ, можеби нема да можете да набавите делови – зависи од залихата и дефектот.
iPhone 6s Plus со 32 GB меморија веќе е категоризиран како застарен (пост-винтиџ статус).
Ова е моменталната листа на винтиџ iPhone-и:
- iPhone 4 (8GB)
- iPhone 5
- iPhone 6s Plus
- iPhone SE
- iPhone 8 Red
- iPhone 8 Plus Red
- iPhone X
- iPhone XS Max
- iPhone
- iPhone 3G (Kina) 8GB
- iPhone 3G 8GB, 16GB
- iPhone 3GS (Kina) 16GB, 32GB
- iPhone 3GS (8GB)
- iPhone 3GS 16GB, 32GB
- iPhone 4 CDMA
- iPhone 4 CDMA (8GB)
- iPhone 4 16GB, 32GB
- iPhone 4 GSM (8GB), Black
- iPhone 4S
- iPhone 4S (8GB)
- iPhone 5C
- iPhone 5S
- iPhone 6
- iPhone 6 Plus
- iPhone 6s (32GB)
- iPhone 6s Plus (32GB)