Европа
Брисел: Уште едно лице осомничено за нападите во бриселското метро

Во истрагата која се врши по двата терористички напади на бриселскиот аеродром Завентем и бриселската метро станица Малбек, во кои според последните податоци загинаа 31 лице а околу 300 беа повредени, се појави уште една осомничено лице, снимено од страна на безбедносните камери на станицата, заедно со идентификуваниот бомбаш самоубиец Калид Ел Бакрауи.
Белгиските медиуми јавуваат дека полицијата активно трага по лице кое било снимено на метро станицава Малбек непосредно пред експлозијата. Ова лице, засега неидентификувано, носело голема торба и било во друштво на Калид Ел Бакрауи, кој веќе е идентификуван како бомбаш самоубиец во метрото. Полицијата, пак, не сака ниту да ги потврди, ниту демантира овие информации.
„Ова е снимено од страна на безбедносните камери во метрото. Можеме да претпоставиме дека во големата торба се наоѓа експлозив, но не знаеме дали тој торбата ја оставил во возот и после тоа го напуштил, или пак е убиен во експлозијата“, изјавил во четвртокот утрото експертот за контратероризам Клод Монике за белгиската телевизија RTL, додавајќи дека за идентификацијаа на загинатите во метрото е потребно повеќе време, можеби и неколку недели.
Ова е второто осомничено лице по кое белгиската полиција трага во моментов, заедно со лицето во бела јакна и црн шешир, кое може да се забележи на снимката од безбедносните камери на аеродромот Завентем, потсетуваат белгиските медиуми./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.