Европа
Шпански пратеници со глад протестираат против договорот ЕУ-Турција

Четворица шпански пратеници од Ен Мареа, регионална фракција на партијата Подемос во покраината Галиција, еден од партијата Екво и двајца од Подемос, започнаа штрајк со глад во знак на протест меѓу договорот меѓу Европската унија и Турција чија цел е запирањето на неконтролираниот бегалски бран кон западните европски земји најголем по Втората светска војна.
„Сакаме да се создаде движење низ целата земја за поддршка на бегалците, против непочитувањето на човечките животи што го демонстрира Европската унија“, изјави за новинарите еден од пратениците штрајкувачи Фернан Вељо.
Тој истакна дека во Грција повеќе до 46.000 бегалци се заглавени во триесетина логори „во понижувачка ситуација, со деца, и каде има недостиг од храна“. „Тие логори за бегалците, наликуваат на нацистичките концентрациони логори“, изјави Вељо.
Во многу шпански градови постојано се организираат протести против договорот меѓу ЕУ и Турција и во заштита на правата на бегалците. Следниот голем настан е закажан за 22-ри април. Покрај тоа, демонстрантите ги повикуваат шпанските власти да ги исполнат ветувањата и да ги преземат бегалците според квотите определени за земјите членки на ЕУ. Од 16.000 луѓе, за колку се договорија Европската комисија и владата во Мадрид, од минатата 2015 година досега во Шпанија пристигнале само 18 лица.
Челниците на земјите членки на ЕУ и турскиот премиер на 18-ти март го потпишаа договорот според кој сите нерегуларни мигранти кои на грчките острови пристигнале од Турција, ќе бидат вратени на турска територија во замена за регуларните односно регистрирани бегалци кои директно ќе бидат пренесени во ЕУ, во замена за вкупно шест милијарди евра помош, укинување на визниот режим за турските државјани и забрзување на закочените пристапни преговори за членство.
Според податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM), во првите три месеца од 2016 година речиси 174.000 луѓе пристигнале по поморски пат на европските брегови, и притоа 723 луѓе ги загубиле животите или се водат како исчезнати, обидувајќи се да стигнат до ЕУ.
Во текот на 2015 година, според евиденцијата на граничната агенција на ЕУ – Фронтекс, во Европската унија влегле 1,8 милиони мигранти, од кои 1,1 милиони во Германија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин