Контакт

Регион

Давутоглу го презема лидерството на владејачката партија во Турција

Објавено пред

Новоизбраниот турски претседател Реџеп Тајип Ердоган го предаде во средата челното место на својата исламско конзервативна Партија на правдата и развојот (АКР), што всушност значи и премиерската должност, на досегашниот шеф на дипломатијата Ахмет Давутоглу, кој вети дека ќе биде верен и доследен во спроведувањето на политиките на својот претходник и политички ментор.

dobivaj vesti na viber

На вонредниот конгрес на партијата АКР која нема изборен пораз од 2002 година, Реџеп Тајип Ердоган, кој, пак, беше премиер 11 години а во четврток треба да ја даде свечената обврска како претседател на Турција, и неговиот наследник Ахмед Давутоглу порачаа пред повеќе од 40 илјади свои приврзаници во преполната спортска сала во Анкара, дека транзицијата на власта ќе биде без никакви потреси.Давутоглу беше единствениот кандидат, а за претседател на Партијата на правдата и развојот (АКР) беше избран едногласно. За него гласаа 1.382 делегати. Во четврток тој ќе биде именуван за премиер. Ердоган, поради статусот на партијата кој не му дозволуваше нов премиерски мандат кој автоматски му припаѓа на партискиот челник, се реши да се кандидира на првите турски претседателски избори на кои шефот на државата се избираше со директно изјаснување на избирачите. Предавајќи го претседателството на партијата којашто ја основаше во 2001 година, истакна дека таа „никогаш нема да му припаѓа само на еден човек“ и дека Давутоглу нема да биде негова марионета, како што обвинуваат критичарите.„Нашата цел секогаш ги забрануваше личните амбиции, ароганцијата, омразата и љубомората. Имињата денес се менуваат, но суштината, мисијата, духот, целите и идеите остануваат“, рече Ердоган.Шеесетгодишниот Ердоган беше премиер од 2003 година, а за претседател на државата беше избран на првите директни претседателски избори на 10-ти август, кога надмоќно победи уште во првиот изборен круг освојувајќи 52 отсто од гласовите, околу 13 отсто од второпласираниот противкандидат.Педесет ипетгодишниот Давутоглу, кого некои со пиетет а некои потсмешливо го нарекуваат „турскиот Кисинџер“, како свои приоритети ги истакна парламентарните избори следната 2015 година и реформата на уставот на Турција, со коишто најверојатно ќе бидата зголемени овластувањата на шефот на државата, кои досега главно беа церемонијали. За тоа на АКР ѝ е неопходна двотретинска поддршка од пратениците, односно 367 гласови од вкупно 550-те пратенички мандати, а партијата има 313.Давутоглу, исто така, вети и дека ќе продолжи да работи на обновата на земјата започната пред 12 години , како и дека ќе му остане верен на Ердоган. „АКР е движење во коешто лојалноста трае до смртта. Меѓу рпетседателот и неговиот премиер нема да има никакви судири. Ќе ја изградиме нова Турција (што беше всушност мотото на кампањата на Ердоган) заедно“ рече Давутоглу. Тој е еден од најблиските соработници на Ердоган. Прво му беше дипломатски советник, а од 2009 година стана и министер за надворешни работи во неговиот владин кабинет Давутоглу е полиглот и се смета за творецот на новата труска дипломатија наречена „неоосманлиска“, со која Турција се сака да биде вратена на светската сцена, во прв ред на Блискиот исток, како и во сферата на влијанието на поранешното Османлиско царство, на Балканот. Според аналитичарите, билансот на оваа политика која ја опишуваат како „политика без проблеми со соседите“, не е баш најуспешна, Од ткн Арапска пролет во 2011 година, Анкара има расипани односи со Египет и Сирија, а претходно и со деценискиот стратешки воен и политички партнер на Блискиот исток – Израел./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Превозниците од Србија донесоа одлука: прекината блокадата на граничните премини

Објавено пред

Превозниците од Србија денес ќе престанат да го блокираат товарниот сообраќај на премините, изјави за Танјуг претседателот на Меѓународното транспортно деловно здружение, Неѓо Мандиќ.

dobivaj vesti na viber

„Сега ги информираме нашите редари кои се на границите да ги отстранат камионите што беа на чело на конвојот, за да може сообраќајот да се движи. Значи ги прекинуваме протестите“, рече Мандиќ по состанокот.

Превозниците од Црна Гора и Северна Македонија вчера ги прекинаа блокадите откако Европската комисија објави нова визна стратегија што ќе го реши проблемот со ограничувањата за престој на професионалните возачи во Шенген зоната, а сè уште се чека одлуката на превозниците од БиХ дали ќе донесат иста одлука, пренесуваат медиумите во соседството.

Мандиќ вели дека транспортерите од Србија донеле одлука за прекин на блокадите еден ден откако Европската комисија почнала да ја разгледува можноста за воведување специјални визи за професионалните возачи на камиони, што би им овозможило да останат подолго во земјите од ЕУ и непречено да ја извршуваат својата работа.

„Одлуката ја донесовме по вчерашното соопштение, бидејќи она што го добивме е доволно добар пат и она што го сакавме. А од друга страна, секако имаме ветување дека ќе има состанок на работната група во Брисел веќе во вторник, 3 февруари. Исто така, имаме дневен ред кој го содржи само она што дополнително го бараме, да донесеме краткорочни и долгорочни решенија сè додека не се спроведе она што е предвидено. Она што го сакаме се решенија за возачите повеќе да не бидат малтретирани или апсени“, рече Мандиќ, пренесува Танјуг.

Меѓународното транспортно бизнис здружение објави дека денес во 15 часот ја прекинале блокадата на товарниот сообраќај на премините и дека ќе продолжат да превезуваат стока.

Во соопштението се проценува дека секое понатамошно продолжување на нарушувањето на синџирите за товарен транспорт би ги ставило домашните производствени компании и граѓаните во тешка положба.

„Апелираме до Европската комисија, земјите-членки на Шенген, бизнисмените од Европа, сега свесни за важноста на непрекинатите транспортни синџири, да помогнат да се спречат повторно несфатливите апсења и депортации на нашите возачи. Очекуваме помош од другата страна и однос што го заслужуваат луѓето кои, во вонредни ситуации како што е пандемијата, беа единствените што носеа стока до сите нас во Европа. Да не чекаме додека не останеме без нив. Синџирите на снабдување не смеат повторно да бидат прекинати“, беше кажано од здруженијата, според написите.

Се чека одлуката на превозникот од Босна и Херцеговина

Мандиќ рече дека сè уште не добиле одговор од нивните колеги од БиХ дали и тие ќе ги суспендираат блокадите, но дека очекува тие да донесат иста одлука.

„Само чекаме нивен одговор, иако седевме со нив до 22 часот синоќа, 10 од нив беа таму и мислиме дека ќе донесат иста одлука, но тие не го направија тоа и не можат да кажат што ќе одлучат нивните тела, но веруваме дека ќе го одлучат истото“, истакна Мандиќ.

Во вторник, на 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот со транспортерите од регионот во Шенген зоната, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Регион

Транспортерите од БиХ и Србија не отстапуваат, продолжуваат со блокади на границите

Објавено пред

Од

Протестите на транспортерите од Босна и Херцеговина и Србија на граничните премини за товар со Европската Унија продолжуваат и денес, петти ден по ред. Членовите на Логистичкиот конзорциум на БиХ, како и нивните колеги од Србија, велат дека нема да се откажат додека не им се исполнат барањата, пишува Klix.ba.

dobivaj vesti na viber

Европската комисија вчера усвои нова визна стратегија која за прв пат ги признава возачите на камиони како посебна категорија. Ова се смета за почетна точка за решавање на проблемот со ограничен престој од 90 дена во Шенген зоната за возачи од земји кои не се членки на ЕУ. По оваа вест, превозниците од Црна Гора и Македонија одлучија да ги прекинат протестите.

Сепак, превозниците од Босна и Херцеговина велат дека ова не им е доволно и продолжуваат со блокадите.

Зијад Шариќ, член на Управниот одбор на конзорциумот „Логистика“, изјави дека бараат итен состанок со премиерот на Република Српска Саво Миниќ, премиерот на Федерацијата БиХ Нермин Никшиќ и претседателот на Советот на министри на БиХ Борјана Кришта. Целта на состанокот, како што изјави, е да се најде конкретно и итно решение за проблемите со кои транспортерите се соочуваат секојдневно во својата работа.

Прикажи повеќе...

Регион

Загреб доделува по 800 евра за новороденче

Објавено пред

Од

Градското собрание на Загреб денес на седница донесе одлука за зголемување на финансиската помош за новороденчиња од 600 на 800 евра, за зголемување на рокот за нејзина реализација од шест на 12 месеци по раѓањето на детето, како и посвоените деца да го остваруваат ова право до 15-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

Изменетата одлука за финансиска помош за новороденчиња, која на Градското собрание му беше предложена за усвојување од Клубот на градски советници „Можемо!“ и Клубот на градски советници на СДП, беше усвоена на седницата со 36 гласа „за“, а шест пратеници се воздржаа од гласање.

Опозицијата обвини дека станува збор за социјална, а не за демографска мерка.

Предлогот на владејачките партии во градот наиде на остри критики од опозицијата, која го нарече зголемувањето на финансиската помош за новороденчиња популистичка мерка, и социјална, а не демографска мерка, бидејќи нема да има демографски ефект, иако ситуацијата е „алармантна“.

Претседателот на Клубот на градски советници на HDZ-DP-HSU, Марио Жупан, истакна дека веруваат дека предложениот износ на финансиска помош, особено имајќи го предвид зголемувањето на семејните трошоци, не ги одразува потребите на семејствата со две, три или повеќе деца. За целите на политиката на пронатализам, тие побараа во амандмани финансиската помош за првото дете да биде 900 евра, за второто дете 1.200 и за третото и секое следно дете 1.500 евра, но овие амандмани не беа прифатени – 16 беа „за“, 25 против и еден воздржан.

Тие предупредија дека во Загреб, главниот град на Република Хрватска, во 2024 година се родени 6.862 деца, што е за 1,9 проценти помалку отколку во 2023 година, а пад на новороденчињата е забележан и низ цела Хрватска и Европа.

Пратеникот Томислав Јелиќ од Клубот на градски советници „Једино Хрватска!“, предупреди дека оваа финансиска помош за новороденчиња е „срамно ниска“. Тој рече дека и предлагачите од Можемо! и СДП му потврдија дека станува збор за социјална мерка, што значи дека Градот Загреб воопшто нема демографски мерки, иако ситуацијата е „алармантна“. Тој истакна дека 90 проценти од градовите и општините во Хрватска имаат неколку пати поголеми бенефиции за новороденчиња од Градот Загреб.

Претставникот Јосип Периша од Клубот на градски претставници „Марија Селак Распудиќ – Независна листа“ тврдеше дека зголемувањето од 600 на 800 евра не е доволно и дека тоа е само измама на социјалната политика, со оглед на тоа што основните и суштинските потреби за новороденчето во семејството надминуваат 1.500 евра, а големиот проблем е што нема зголемување за секое следно дете.

 

фото/ Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија4 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија5 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија9 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет9 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија10 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет10 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет11 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет23 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија1 ден

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија1 ден

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет1 ден

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија1 ден

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија1 ден

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија1 ден

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет1 ден

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ1 ден

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет2 дена

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет2 дена

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет2 дена

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...