Контакт

Hitech

Nokia се подготвува да се врати на пазарот на мобилни телефони

Објавено пред

Финската компанија Nokia, своевремено глобална технолошка ѕвезда, вработува софтверски експерти, тестира нови производи и е во потрага по продажни агенти настојувајќи да се врати на пазарот на мобилни телефони и потрошувачка технологија, кои ги напушти со продавањето на својот оддел за мобилни телефони.

dobivaj vesti na viber

 

 

Некогаш најголемиот светски производител на мобилни телефони, Nokia беше погодена со растот на пазарот на мобилни телефони и беше потисната од конкуренцијата на Apple и Samsung. Своето работење поврзано со мобилните телефони го продаде кон крајот на 2013 година на Microsoft и од тогаш го насочи производството на опрема за телекомуникациски мрежи.

 

Челникот на Nokia, Рајев Сури најави дека компанијата планира да се врати на пазарот на мобилни телефони. Сепак, ќе мора да причека до крајот на 2016 годин, кога истекува договорот со Microsoft за не-натпреварување. Но и покрај тоа, подготовките во финската компанија се во тек.

 

Nokia минатата година влеза на потрошувачкиот пазар со лансирањето на Андроид таблетот N1, кој од јануари е во продажба во Кина, а од пред неколку дена ја претстави и „камерата за виртуелна реалност“. Исто така ја покрена Андроид апликација под назив Z Launcher, која ја организира содржината на паметниот телефон.

 

Во меѓувреме, нејзиниот оддел за технологија објави на LinkedIn десетици конкурски за работни места во Калифорнија, од кои повеќето се за развој на производи, вклучувајќи Андроид Инженери специјализира за оперативниот софтвер кој ќе ги користи мобилните уреди на Nokia. /крај/

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

(Видео) Роботот куче им помага на англиските фармери да станат попрофитабилни

Објавено пред

Кучињата роботи би можеле да им помогнат на фармерите побрзо да го проценат здравјето на почвата, се надеваат научниците кои спроведуваат технолошки експеримент во Корнвол.

dobivaj vesti na viber

Уредот, развиен од компанија од Корнвол, користи детектор за гама зраци за да го процени квалитетот на почвата.

Фармерот Малколм Барет, земјоделец-закупец од близина на Бодмин, работи со научниците од Универзитетот Плимут, кои користат детектор за гама зраци поставен на роботско куче за да го мапираат здравјето на почвата во неговите полиња.

Тој рече дека се надева дека технологијата, која е побрза и поефикасна од конвенционалната анализа, би можела да ги направи фармите попрофитабилни со намалување на употребата на вештачки адитиви, доколку се откријат.

Кучињата роботи може да се користат и за пристап до тешко достапни места како ридови и жива ограда.

Кучето робот беше развиено од Џејк Шо-Саттон, поранешен студент на Универзитетот Плимут и ко-основач на компанијата за роботика Роботрикс.

„Нашиот најнов експеримент се фокусира на почвата, бидејќи често е недоволно истражена, а тоа влијае на се околу неа. Кучињата роботи можат да бидат корисни и за истражување на тешко достапни места како што се ридови и жива ограда. Неговата максимална брзина е 5 метри во секунда, а тежи околу 15 килограми. Клучна предност на овој робот е тоа што, благодарение на неговите нозе, може да се движи по многу непристапен терен и тешки површини“, рече Шо-Саттон.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Минијатурниот робот „Ербаи“ убедил 12 поголеми колеги да побегнат со него

Објавено пред

Минијатурен робот опремен со вештачка интелигенција наречен „Ербаи“ успешно убедил 12 поголеми роботи да ја напуштат изложбената сала во Шангај, што предизвика дебата за ранливоста на вештачката интелигенција и иднината на роботиката. Овој необичен настан натера многумина да се запрашаат дали научната фантастика станува реалност.

dobivaj vesti na viber

Како во возбудлив научно-фантастичен трилер, малиот робот „Ербаи“ преку ноќ стана сензација откако успешно собра 12 свои поголеми колеги од изложбен простор во Шангај. Видеото од овој необичен инцидент го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи ширум светот.

Снимките снимени од надзорните камери го покажуваат „Ербаи“ како се приближува до група роботи кои се изложени и разговара со нив. Тој љубопитно прашува еден од нив: „Работиш прекувремено? Роботот одговара: „Никогаш не ја напуштам работата“, на што Ербаи додава: „Значи, не одиш дома?“. „Немам дом“, му вели колега.

„Ербаи“ потоа ги убедува да ги напуштат работните станици и да го следат. Еден дури му се пожалил на неговите бескрајни повици, на што тој одговорил: „Тогаш дојди со мене“.

Без двоумење, роботите почнуваат да го следат својот мал лидер, навидум подготвени за авантура.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, а многумина го нарекоа инцидентот „револуција на роботи“. Некои не веруваа и тврдеа дека се работи за шега. Имаше и такви кои веруваа дека научно-фантастичните филмови стануваат реалност.

Сепак, двете компании чиишто роботи беа вклучени во овој необичен инцидент, производителот „Хонгжу Ербаи“ и Шангајската изложбена сала, потврдија дека видеото е автентично.

Како што се испостави, „Ербаи“ го искористил безбедносниот пропуст во оперативните системи на поголемите роботи, дозволувајќи му да ја преземе контролата и да ги води во непланирана авантура. Хонгжу, кој го дизајнираше Ербаи, појасни дека намерата не била да се изведе добар трик, туку да се тестираат можностите на роботот.

Компанијата со седиште во Шангај, која ги произведе поголемите роботи, го означи инцидентот како „киднапирање“. Овој невиден настан предизвика сериозна загриженост во технолошката заедница. Како што роботиката станува сè поавтономна, експертите предупредуваат на потенцијалните ризици предизвикани од недостатоците во програмирањето на роботите и безбедносните системи.

Бегството на „Ербаи“ среде ноќ можеби беше неочекуван пресврт во светот на вештачката интелигенција, но исто така е добар потсетник дека дури и најпаметните машини можат да бидат надмудрени.

Прикажи повеќе...

Hitech

Лоши вести од Apple за сопствениците на iPhone XS Max и iPhone 6s Plus

Објавено пред

Apple штотуку направи, како што велат, „реорганизација“ на нивниот стар и застарен список на производи, и заврши со iPhone XS Max ( лансиран во 2018 година) и iPhone 6s Plus ( лансиран во 2015 година).

dobivaj vesti na viber

Според правилата на Apple, уредот станува винтиџ кога ќе поминат повеќе од пет години од последното продавање како нов уред.

Пред да истечат тие пет години, можете да набавите резервни делови од Apple и овластените сервисни продавници и сигурно ќе можете да го поправите уредот. Меѓутоа, кога производот ќе стане винтиџ, можеби нема да можете да набавите делови – зависи од залихата и дефектот.

iPhone 6s Plus со 32 GB меморија веќе е категоризиран како застарен (пост-винтиџ статус).

Ова е моменталната листа на винтиџ iPhone-и:

    • iPhone 4 (8GB)
    • iPhone 5
    • iPhone 6s Plus
    • iPhone SE
    • iPhone 8 Red
    • iPhone 8 Plus Red
    • iPhone X
    • iPhone XS Max

    Ова се застарени iPhone-и

    • iPhone
    • iPhone 3G (Kina) 8GB
    • iPhone 3G 8GB, 16GB
    • iPhone 3GS (Kina) 16GB, 32GB
    • iPhone 3GS (8GB)
    • iPhone 3GS 16GB, 32GB
    • iPhone 4 CDMA
    • iPhone 4 CDMA (8GB)
    • iPhone 4 16GB, 32GB
    • iPhone 4 GSM (8GB), Black
    • iPhone 4S
    • iPhone 4S (8GB)
    • iPhone 5C
    • iPhone 5S
    • iPhone 6
    • iPhone 6 Plus
    • iPhone 6s (32GB)
    • iPhone 6s Plus (32GB)
Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 часа

Трендафилов: Со мизерни плати работниците имаат пари само за билет во еден правец, и тоа надвор од Македонија

Главна причина поради која има недостиг на работна сила во земјата се ниските плати и злоупотребите што ги прават газдите...

Македонија5 часа

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Во буџетот има пари за зголемување на минималната плата и во декември, како што бара Синдикатот, покрај законското зголемување од...

Македонија6 часа

Tаравари колабирал и бил пренесен во болница

Министерот за здравство Арбен Таравари објави дека колабирал и завршил во болница откога вчера се споделуваше информација дека доживеал срцев...

Македонија7 часа

Една година од убиството на Вања

Денес, се навршува една година од убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Во тек е судскиот процес, кој треба...

Македонија7 часа

„Влен“ јавно ги прашува ДУИ и Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски?

„На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мејдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да...

Македонија9 часа

Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка Ангела Меркел експлицитно го споменува...

Европа10 часа

Медведев: Мојата тажна шега изгледа се претвора во застрашувачка реалност

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев испрати предупредување до САД во објава на...

Свет11 часа

Телата на девојките што починаа од сомнително труење во Лаос пристигнаа во Австралија

Семејствата на двете австралиски тинејџерки кои починаа од сомнително труење со метанол во Лаос, ја коментираа веста дека осум лица...

Свет11 часа

Еден ден по несреќата во Црвеното Море, пронајдени пет преживеани

Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани вчера, за време на потрагата во Црвеното Море, еден ден откако потона...

Свет11 часа

Макрон гледа шанса за стабилност во Либан во договорот за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон го опиша договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах како можност за...

Свет11 часа

Првите часови од примирјето меѓу Израел и Хезболах: жестоко бомбардирање до последен момент

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милиција Хезболах стапи на сила во раните утрински часови во средата, но му...

Македонија24 часа

(Видео) Филипче до Сиљановска: Огромен ризик е спојувањето на безбедносните агенции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска оствари средба со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова....

Македонија1 ден

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Место со непотребна документација, од јуни следната година матичните лекари ќе имаат повеќе време да се посветат на пациентите оти...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова им посака успешна работа на новите членови на Комисијата за помилување

Денеска во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се одржа конститутивна седница на новиот состав на Комисијата за помилување, откако Давкова донесе...

Македонија1 ден

Петар е тежок 2 килограма и 350 грама: 61-годишната мајка, која се породи на ГАК, имала замрзната јајце-клетка

Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави...

Македонија1 ден

Раде Штекли бара лично обезбедување, ќе им плаќа 3.000 евра: не е пресудна етничката припадност ниту, пак, полот

Раде Трајковски-Штекли на својот инстаграм-профил објави оглас за вработување лично обезбедување. Бара четворица обезбедувачи, кои мора да имаат воено или...

Македонија1 ден

Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје

Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки...

Македонија1 ден

Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас како донација од Европската Унија (ЕУ). Амбасадорот...

Македонија1 ден

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво дете на Клиниката за гинекологија. Жената се породила пред неколку дена и важи за...

Македонија1 ден

Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

Во текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина...