Скопје
Азманов ќе плати до 6.000 евра казна за необезбедено градежно земјиште
Од три илјади до шест илјади евра ќе плати фирмата „Настел“, која го остави граежното земјиште во центарот на СКопје, кај Италијанската амбасада необезбедено.
Согласно законот за градење, фирмата поради загрозена сигурност на околните градби и стабилноста на земјиштето ќе биде казнета со глоба од 2.000-4.000 евра, а одговорното лице со казна од 1.000 евра.
Градежната инспекција на општина Центар, во четврток, со решение го затвори градилиштето на фирмата „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов. Поради огромната јама која што е ископана, а не заштитена, пропадна улицата „8-ма Ударна Бригада“, отворена е дупка во градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште. На оваа улица се наоѓа Италијанската амбасада и постои реална опасност и за возилата и за пешаците.
Надлежните му наложија на инвеститорот да ја обезбеди градежната јама. Оттаму добија уверување дека во најкраток можен рок ќе го сторат истото.
Општина Центар улицата „8-ма Ударна Бригада“ целосно ја реконструираше пред нецела година. Поради опасност од поткопување на улицата и оголување на инсталациите неколку пати беше предупредена компанијата Настел да го реши проблемот со огромната ископана дупка која веќе е претворена и во вистинска депонија.
Азманов во 2012 година има добиено правосилно решение за изградба на два објекта за деловни намени. Тоа значи хотел или трговски единици. Едниот објект треба да биде висок 22 метри, а вториот 16,5 метри./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

