Регион
Тирана: Запаленото албанско знаме ја влошува српско-албанската криза
Албанското министерство за надворешни работи оцени во неделата дека палењето на албанското знаме во текот на мечот меѓу две екипи од српската прва лига во Белград претставува инцидент кој ја труе политичката криза меѓу Србија и Албанија.
Овој нов инцидент би можело дополнително да ја компромитира првата посета на Србија на албански премиер по 68 години, којашто е закажана за 22-ри октомври кога според најавите Еди Рама треба да допатува во Белград, а исто така да го посети и Прешево.
Албанското министерство за надворешни работи во соопштението ја повика српската влада да ги пронајде сторителите и да ги предаде на правдата, барајќи од српската политичка елита да се дистанцира од тие испади „коишто и’ штетат на иднината на Балканот“, пренесуваат во неделата албанските медиуми.
Албанската дипломатија соопшти дека во саботата уште еднаш била изразена „патолошката омраза на натпревар кој немаше никаква врска со Албанците и Албанија“ и уште еднаш ја повика владата во Белград да се дистанцира од таквите појави „за да се избегнат тешките последици за иднината и стабилноста на Балканот“
Во текот на дерби натпреварот меѓу Партизан и Црвена ѕвезда во Белград игран во саботата навечер на истиот стадион на кој во вторникот дронот со знамето со карта на ткн Голема Албанија предизвика инцидент и прекин на мечот но и политички тензии во српско-албанските односи, навивачите на Црвен ѕвезда запалија албанско знаме, извести агенцијата Танјуг.
Во петокот албанскиот премиер Еди Рама изјави дека донел одлука да ја оствари закажаната посета на Србија во споменатиот термин без оглед на инцидентот, додека неговиот српски колега Александар Вучиќ соопшти дека до понеделник ќе одговори дали Белград ќе ја потврди или откаже средбата./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани
Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.
Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.
Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.
Фото: илустрација (Depositphotos)
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Регион
Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија
Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.
Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.
Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.
Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.
Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

