Скопје
Почна изградбата на фекален колектор во Инџиково
Изградбата на фекалниот колектор во населеното место Инџиково што ќе овозможи фекалните води по природен пат, без помош на пумпи, да одат до реката Вардар, почна во понеделник.
Трасата на фекалниот колектор е покрај автопатот Александар Македонски во правец на стадионот Борис Трајковски, па сè до фекалната препумпна станица Маџари.
Според градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со изградбата на овој колектор ќе се реши проблемот со прифаќањето и одведувањето на фекалните отпадни води од месните заедници Тумба и Питу Гули, како и дел од населените места Ченто и Камник.
„Новиот колектор ќе овозможи фекалните води по природен пат, без помош на пумпи, да одат до реката Вардар. Со реализацијата на овој капитален проект бенефит ќе имаат околу 30.000 жители на Општина Гази Баба“, рече Трајановски.
По завршувањето на изградбата на колекторот, Општината ќе започне и проект за санирање на улиците кои беа раскопани при изградбата на фекалниот колектор.
Инвеститор на проектот за изградба на фекален колектор е ЈП „Водовод и канализација”, а вредноста на инвестицијата изнесува околу 12 милиони денари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ѓорѓиевски: На денешен ден Скопје ја дочека слободата, тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, извести дека утрово ја одржал традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
„На денешен ден Скопје ја дочека слободата донесена од 42. и од 50. народноослободителна дивизија на македонската војска и од 16. македонска бригада по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор. Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе“, напиша Ѓорѓиевски.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување приклучок на улицата Александар Урдаревски бб за Полициска станица Бутел во населба Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на две куќи од улицата Александар Урдаревски, во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

