Црна хроника
Украдени вредни мобилни телефони во Струга
Засега непознат сторител извршил тешка кражба во продавницата за продажба и сервисирање мобилни телефони „Дени мобил“ во Струга, соопшти полицијата.
Засега непознат сторител извршил тешка кражба во продавницата за продажба и сервисирање мобилни телефони „Дени мобил“ во Струга, соопшти полицијата.
Тој бесправно одзел околу сто мобилни телефони од различни марки донесени на поправка како и нови два мобилни телефона „Ајфон-5-С“, три мобилни телефона „Ајфон-4-С“, еден мобилен телефон „ЛГ-Ф-50“, еден мобилен телефон „Сони Ериксон-СТ-26“ и еден лап-топ „Ацер“.
Кражбата во продавницата лоцирана на улицата „27-ми Март“ во Струга е извршена во периодот од 22 часот во неделата до 8 часот во понеделникот со кршење на стаклото од влезната врата. Сторителот употребил тврд предмет со кој го скршил стаклото и откако влегол во внатрешноста на продавницата, извршил пребарување, а потоа и ги украл мобилните телефони и лап-топ компјутерот.
На лице место извршен е увид, а полициската станица од Струга работи на расветлување на случајот и пронаоѓање на сторителот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор
Полицијата уапси крадец од Радовиш баран поради бегство од затвор. Тој е спроведен во Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Вчера во 15:25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(23) од Радовиш. Тој бил осуден на затворска казна од пет години и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“, а бил баран по распишана потерница поради бегство од Затвор Струмица, каде имал за доиздржување три години и осум месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

