Европа
Со оставка на мнозинството советници, градоначалникот на Рим принуден да отстапи

Мнозинството градски советници на италијанската престолнина, 26 од 48, поднесоа оставки во петокот вечерта и со тоа автоматски го предизвикаа заминувањето од должноста на градоначалникот на Рим, Игнацио Марино, кој изминатите три седмици поднесуваше па ја повлекуваше својата оставка.
Според прописите за локалната самоуправа, оставката од мнозинството градски советници го повлекува прекинувањето на функционирање на сите градски институции, и во кус рок е потребно да се именува повереник кој ќе управува со градот до изборите, а тие во случајот на Рим може да се одржат во летото 2016 година.Нерешителноста на градоначалникот Игнацио Марино, кој ја понуди својата оставка па потоа ја повлече, ги разгневи повеќето негови колеги од владејачката Демократска партија (PD), на чие чело е премиерот Матео Ренци. Советниците и досега му даваа слаба поддршка, а партијата отворено ја бараше неговата оставка по последниот од низата скандали, односно користењето на службената картичка за приватни вечери.Марино во петокот изјави дека е „чист“ и пред истражните судии тврдеше дека не проневерил ниту паричка од јавните пари, меѓутоа неговите партиски колеги не успеа да ги увери, па 19 советници од Демократската партија одлучија да си поднесат оставки. Ним им се приклучија уште седум градски советници од владејачката коалиција и од опозицијата, за да стават крај на фарсата на римскиот градоначалник.Марино, кој популарноста започна да ја губи уште во 2013 година, во четвртокот ја повлече оставката која пред три седмици ја поднесе поради трошоците и под притисокот на премиерот Ренци./крај/мф/сн
Извор: Ansa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан, исто така, рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа по телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радио „Кошут“.
Орбан, исто така, објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за околу две недели.
„Вчера претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе можат да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на координаторот на проруското „Николаевско подземје“ Сергеј Лебедев.
Украинските власти потврдија дека повеќе од десетина експлозии се слушнале во Криви Рих за време на воздушниот напад, но не го споменаа аеродромот.
Kryvyi Rih has indeed been subject to an awful attack.
At least 10 drones descended on the city in Dnipropetrovsk.
It's no known how many hit targets, but from this video we can see there were quite a few.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/tQRXmptF7F— Tim White (@TWMCLtd) October 16, 2025
„Беа избројани околу 15 експлозии. Силно гори во областа на аеродромот Лозовацки на север од градот, каде што има пет авиони, вклучувајќи ги и оние на НАТО. Оттаму, масовно се лансираат беспилотни летала кон јужниот дел на Русија: Крим, Краснодарска територија, јужно од Ростовската област“, рече Лебедев.
Русија тврди дека, покрај аеродромот, бил погоден и голем железнички центар со неколку хангари и складишта за оружје.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина да добие крстосувачки ракети Томахавк.
Trump said he told Putin: “You wouldn’t mind if I gave a couple thousand Tomahawk missiles to your opposition?” — adding that the Russian leader didn’t like the idea. pic.twitter.com/hYainBXRW9
— KyivPost (@KyivPost) October 16, 2025
„Го прашав: ‘Дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на вашите противници?’“, им рече Трамп на новинарите.
Тој додаде дека Путин „не бил задоволен што ја слушнал таа идеја“.
Трамп и Путин разговараа по телефон пред планираниот состанок на нивните советници следната недела и најавениот состанок меѓу двајцата претседатели во Будимпешта, кој треба да биде посветен на обидот за постигнување договор за војната во Украина.
фото: принтскрин