Регион
Затвореници на CIA можеби има и во Романија

Поранешниот директор на романската надворешна разузнавачка служба SIE, Јоан Талпеш не ја исклучува можноста дека во ткн „транзитен центар“ на американската CIA во Романија имало затвореници, додавајќи дека Букурешт не бил запознаен со активностите на Американците во тој центар.
„Тука беше центар кој Американците го водеа од почетокот, а романската страна не ја интересираше што Американците работат, бидејќи сакавме да им докажеме дека можат да ни веруваат“, вели Јоан Талпеш во интервјуто за дневниот весник Adevarul.
„Можеби имаш еден од два центра. Доколку ги имало, во еден најверојатно биле доведувани затвореници. Она што е сигурно е дека не бевме известувани за присуство на затвореници“, истакнува Талпеш, советник за безбедност на поранешниот романски претседател Јон Илиеску, од 2000 до 2004 година.
Според него, по терористичките напади врз САД од 11-ти септември 2001 година. кога Букурешт сакал да добие покана за членство во НАТО, Романија и САД преговарале за „центри за организирање помош на CIA коишто Романија би им ги ставила на располагање на претставниците“ на американската Централна разузнавачка агенција, за тие да можат „да ги организираат активностите коишто имале намера да ги преземаат на територија на друга земја“. „Тие центри од самиот почеток не беа нарекувани затвори. Стануваше збор за транзитни центри“, додава.
Според извештај на американскиот Сенат за свирепите методи на испрашување на осомничени припадници на Ал Каеда, вкупно 119 лица биле уапсени и заточени во ткн „црни места“ во земји чиишто имиња не се објавени, но запознаени извори за медиумите велат дека станува збор за Тајланд, Авганистан, Романија, Полска и Литванија.
Романија никогаш не го призна постоењето на тајните затвори на CIA на своја територија. Поранешниот претседател Илиеску претходно седмицава изјави дека „не знае ништо“ за тоа, а актуелниот премиер Виктор Понта рече дека на сите прашања во врска со оваа тема мора да одговори министерството за надворешни работи. Агенцијата AFP истакнува во саботата дека романската дипломатија не сакала да коментира./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин