Контакт

Здравје

Четвртина од Србите на седативи

Објавено пред

Во Србија во текот на минатата 2013 година четвртина од населението земало средство за смирување, а тие лекови почесто ги користеле жените – 30,9 отсто, отколку мажите – 13,9 отсто, повеќе од две третини пиеле алкохол, секој трет жител пуши, а 8 проценти пробале барем еден вид дрога, покажаа во среда објавените резултати на српскиот државен институт за јавно здравство од првото Национално истражување за стиловите на животот во Србија.

dobivaj vesti na viber

Резултатите од ова истражување за начинот на животот на граѓаните на Србија, чиишто резултати беа претставени во Белград, изминатата година дури 72,2 отсто од возрасните испитаници пиеле алкохол а во овој сегмент побројни биле мажите, но експертите предупредија дека поголем проблем е што начинот на консумирање и количество често доведувале до намалување и губење на контролата. Истражувањето покажува и дека осум отсто до граѓаните на возраст од 18 до 64 години, барем еднаш пробале некоја дрога, додека во возрасната група од 18 до 34 години наркотик пробале или го користат 12,8 проценти од испитаниците. Меѓу корисниците на психоактивни супстанции побројни се мажите со 10,8 отсто, од вкупниот број испитаници, отколку жените со 5,2 проценти.Во Србија најзастапена дрога е марихуаната, а ланската година ја користеле 1,6 отсто до вкупното население на Србија на возраст меѓу 18 и 64 години, како и 3,4 проценти од популацијата на возраст од 18 до 34 години.Шефот на бирото за мониторинг на дрогата на владата на Чешка, Виктор Мравчик, кој учествувал во споменатото истражување, вели дека во Србија во 2013 година околу 100 илјади луѓе секојдневно користеле седативи. „Тоа е поголем проблем од користењето дроги“, предупредува чешкиот експерт./крај/мф/сн

Извор: Танјуг



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Смејте се: се активираат дури 80 мускули во телото и делува како 15-минутен тренинг

Објавено пред

Дали се насмеавте денес? Ако не сте, имате изговор да почнете да се смеете без некој да ве гледа чудно.

dobivaj vesti na viber

Имено, на 10-ти јануари го славиме Светскиот ден на смеата – ден посветен на радоста, спонтаноста и поврзаноста меѓу луѓето. Смеата е универзална, но и лична – од заразно кикотење до тивка насмевка – затоа што, исто како и отпечатокот од прст, смеата е единствена и открива многу за нас. Овој ден се слави од 1998 година на иницијатива на индискиот лекар Мадан Катарија.

Но, смеата не е само забава – таа е и многу корисна за нашето здравје.

Научно е докажано дека децата се смеат до триста пати на ден, додека возрасните се смеат само околу дваесет пати. Излегува дека колку старееме, толку повеќе забораваме на кратките моменти на радост. И токму овие моменти можат да ја направат разликата.

По само неколку минути смеење, се намалува нивото на кортизол, хормонот на стресот, кој ја ублажува анксиозноста и помага при опуштање, а го зголемува производството на ендорфин, хормонот на среќата. Исто така го стимулира мозокот и ја подобрува концентрацијата, што може да доведе до подобра меморија.

Смеата согорува калории
Освен што ви го подига расположението, смеењето поттикнува физичка активност – десет минути смеење може да согорите и до четириесет калории. Активира дури 80 мускули во телото, вклучително и 17 на лицето. Неколку минути смеење може да имаат сличен ефект како 15 минути вежбање на собен велосипед.

Смеењето со другите дополнително создава чувство на поврзаност, гради меѓусебна доверба и позитивна слика за себе, што придонесува за поголема самодоверба на долг рок.

Прикажи повеќе...

Забава

Важно е да прифатите неколку навики ако сакате бргу да изгубите тежина

Објавено пред

Метаболизмот одредува колку ефикасно вашето тело согорува калории за енергија, а малите промени во вашата дневна рутина може да направат голема разлика.

dobivaj vesti na viber

Од додавање одредена храна во вашата исхрана до одржување активност, постојат едноставни методи кои може да помогнат во забрзување на вашиот метаболизам. Тренерот и нутриционист Леа Домбровски препорачува ефективни промени, кои е важно да се воведат.

Доволната количина храна го подобрува метаболизмот бидејќи обезбедува телото да има посебна енергија за оптимално функционирање. Кога примате точен број калории, особено од храна богата со хранливи материи, телото избегнува да премине во режим на гладување.

„Главниот виновник за бавниот метаболизам е недоволното внесување храна. На вашето тело му треба гориво за да функционира правилно. Добивањето доволно храна приспособена на вашите потреби е клучно за губење на тежината и за целокупното здравје”, изјави Домбровски за SheFinds.

Секој килограм мускул согорува од шест до десет калории дневно, а мастите согоруваат само две-три калории.

„Тренингот со сила ја менува играта. Кревањето тегови од три до петпати неделно не само што помага во обликувањето на телото туку и го забрзува метаболизмот. Мускулите согоруваат повеќе калории, дури и во мирување“, тврди Домбровски.

Активностите, како одењето, качувањето по скали и истегнувањето, придонесуваат за енергијата што ја согорувате во сè, освен во спиењето и класичното вежбање.

Прикажи повеќе...

Здравје

Африканските земји погодени од епидемијата на вирусот на мајмунски сипаници се уште чекаат вакцини

Објавено пред

Ниту една од африканските земји погодени од актуелната епидемија на новиот вид на вирусот mpox, порано познат како мајмунски сипаници, сè уште не примила ниту една од ветените вакцини, пишува денеска Гардијан, пренесува Танјуг.

dobivaj vesti na viber

Најпогодена од епидемијата на новиот вид клад 1б е Демократска Република Конго, каде од почетокот на годината починале 629 лица, а пријавени се 18.000 случаи, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Новиот вид е регистриран и во Бурунди, Уганда, Руанда, Кенија, Шведска и Тајланд.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека првите дози на вакцини треба да пристигнат во Конго за неколку дена, но слични ветувања за донации на вакцини од САД не се реализираа на време.

Кога станува збор за донациите, немаше координирана акција, со тоа што Шпанија вети 500.000 дози, додека Германија и Франција ветија по 100.000, а САД соопштија дека ќе донираат 50.000 дози.

Досега, сепак, ниту едно од тие ветувања не е исполнето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Меџити

Со три гласа „за“, 64 против и без воздржани, Собранието ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна...

Македонија1 час

Даути не е разрешена, интерпелацијата нема правно обврзувачки последици, велат од Кабинетот на Гаши

Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение нагласува дека гласањето за интерпелацијата нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема...

Македонија1 час

Пренџов: ДУИ немаат јасна визија и став, предлагаат бесмислена интерпелација за Меџити која нема да ја поддржиме

На денешната собраниска седница за интерпелации зеде збор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој во однос на интерпелацијата за Изет...

Македонија3 часа

Град Скопје: Курто Дудуш фатен како ги труе граѓаните, ќе одговара за 7 кривични дела

Денес на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на градоначалникот на Шуто...

Македонија4 часа

Изгласана интерпелацијата за Илире Даути

На првата собраниска седница од годината, владејачкото мнозинство ја поддржа интерпелацијата на Левица за Илире Даути. Интерпелацијата ја образложи Сашко...

Свет5 часа

Судот смета дека Трамп е виновен за плаќањата кон порно актерката Даниелс, но нема да биде казнет

Судот во Њујорк пресуди во случајот на премолчена исплата на поранешниот и идниот претседател Трамп на порно актерката Сторми Даниелс....

Македонија7 часа

Тошковски: Граѓаните ќе се опоменуваат, нема да се казнуваат за возачките дозволи и за личните карти со старото уставно име

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека полицијата ќе се фокусира на опоменување, а не казнување на граѓаните што...

Свет11 часа

Нови сателитски снимки на Пацифик Палисадес: „Изгледа како да паднала атомска бомба, се плашиме од бројот на загинати“

Бројот на загинати во разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес денеска се искачи на десет, а пожарот уништи речиси...

Македонија13 часа

ДУИ реагира: Во очаен обид за политички опстанок СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата следејќи го патот на ВМРО-ДПМНЕ

„Во очаен обид за политички опстанок, СДСМ одлучи да јава на бранот на албанофобијата, следејќи го патот на ВМРО –...

Македонија13 часа

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -2 степени, 0 било на Попова Шапка и во Крива Паланка,...

Свет14 часа

Сателитските снимки го покажуваат обемот на ужасот во Лос Анџелес, изгоре сè до океанот

Пожарот речиси целосно уништи голем дел од Пацифик Палисадес во Лос Анџелес, покажуваат новите сателитски снимки од Maxar Technologies. Сликите...

Свет14 часа

Трамп: Путин сака да се сретнеме, се договара состанок

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека се договара средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин. „Тој сака да...

Топ14 часа

Истрага против две лица за изнуда и палење автомобил во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на кривични дела – Изнуда од член...

Свет23 часа

(Видео) „Една од најразорните катастрофи во историјата на Лос Анџелес“, сцените се ужасни

Потврдениот број на пет загинати веројатно ќе се зголеми, изјавија официјални лица, бидејќи снимките од беспилотни летала ги доловуваат размерите...

Свет1 ден

(Видео) Бајден, Трамп, Обама, Буш и Клинтон присуствуваа на државниот погреб на Џими Картер

Поранешниот американски претседател Џими Картер, кој мораше да се справи со лошата економија и заложничката криза и беше почитуван за...

Македонија1 ден

Најотворана веб страница во Мала Речица е таа на Стејт департментот, секое утро проверуваат да не имаат некој член на црна листа, велат од ВЛЕН

„ДУИ е прва партија на Албанците која ги оддалечува Албанците од нивните западни стратешки партнери, заради својот криминал и корупција....

Македонија1 ден

Министерството за надворешни работи со осуда: Злонамерните изјави на официјални личности од бугарската политичка сцена се директен напад на суверенитетот, интегритетот и независноста на нашата држава

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија силно ја осудува објавата на лидерот на бугарска политичка...

Македонија1 ден

Таравари нема информација оти некој рендген не работи, а матичните од Скопје два дена немаат каде да ги испратат на снимање пациентите

Министерот за здравство Арбен Таравари не знае за проблемите со кои се соочија матичните лекари оваа недела кога ординациите им...

Македонија1 ден

Докторите немаат никаква грешка за смртта на седуммесечното бебе на Детската клиника, Таравари го доби извештајот од стручната комисија

Лекарите на Детската клиника не направиле грешка при лекувањето на седуммесечното бебе, кое почина на клиниката на почетокот на минатиот...

Македонија1 ден

Измамници се претставуваат како банки и институции, МВР апелира граѓаните да не споделуваат лични податоци

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои...