Hitech
Продажбата на iPhone 6S и iPhone 6S Plus почнува на 18-ти септември

Продажбата на паметните телефони на американскиот технолошки гигант Apple кои ќе ги носат ознаките iPhone 6S и iPhone 6S Plus ќе започне на 18-ти септември, а со првиот бран ќе бидат опфатени САД, Велика Британија, Германија, и Јапонија.
Како што пишува во вторникот Forbes, овие информации се добиени по протекувањето на информации од британската филијала на мобилниот оператор Vodafon.
Пред една седмица порталот BuzzFeed, повикувајќи се на извори во Apple, објави дека втората седмица од септември ќе се одржи прес-конференција на којашто американската корпорација ќе ги претстави новите уред,
Компанијата сé уште официјално не го објави датумот на претставување на новите уреди, меѓутоа запознаените извори на американските медиуми велат дека тоа ќе се случи на 7-ми септември. Најверојатната дата е 9-ти септември, смета BuzzFeed, потсетувајќи дека изминатата 2014 година, компанијата ваквиот настан го одржа на посочениот датум.
Американската компанија Apple е основана во 1976 година од Стив Џобс, Стив Вознијак и Роналд Вејн. Седиштето на компанијата е во Купертино, во сојузната држава Калифорнија, а главната дејност ѝ беше производство на персонални и преносни компјутери, музички плеери, паметни телефони и часовници, како и софтвер. Нејзиниот профит во третиот квартал од фискалната 2014/2015 година изнесувал 10,677 милијарди долар, со раст од 37,8 отсто од истиот период една година претходно. Продажбата донела 49,605 милијарди долари, што е раст за 32,5 отсто на годишно ниво.
Капитализацијата на американската компанија препознатлива по брендовите Mac, iPad, iPhone и iPod, изнесува 727,8 милијарди долари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Познатиот онлајн форум падна: корисниците ширум светот пријавија прекин

Интернет форумот Редит денеска „падна“, оставајќи илјадници корисници ширум светот без пристап.
На својата страница со статус, Редит соопшти дека истражува зголемен број грешки на страницата и апликацијата.
Според податоците од веб-страницата Downdetector, која ги следи прекините со собирање извештаи од различни извори, повеќе од 112.400 корисници пријавиле дека платформата била прекината во 11:39 часот по источно време.
Повеќето корисници пријавија проблеми со апликацијата, но потешкотии беа забележани и на самата веб-страница.
Се чини дека форумот оттогаш стана повторно достапен, иако не беше дадено објаснување за прекинот.
Hitech
Прекин на WhatsApp: корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Популарната апликација за пораки WhatsApp денеска се соочи со сериозен прекин, оставајќи илјадници корисници оневозможени да се поврзат, да испраќаат пораки или да остваруваат повици, и преку мобилната апликација и преку веб-верзијата.
Социјалните мрежи се преплавени со извештаи за корисници кои пријавиле тешкотии со WhatsApp. Најчесто се пријавуваат проблеми со испраќање пораки, неуспешно воспоставување врска, како и нефункционални повици.
Според веб-страницата Downdetector, која го следи статусот на дигиталните услуги, забележано е нагло зголемување на поплаките од корисниците.
На глобално ниво, околу 1.000 корисници пријавиле проблеми – 91% од нив навеле тешкотии со испраќање пораки, 6% со функционирањето на самата апликација, додека 3% од корисниците изјавиле дека не можат да примаат пораки.
Компанијата Мета, која е сопственик на WhatsApp, се уште нема објавено официјално соопштение во врска со суспензијата на услугата.
Hitech
(Видео) Илон Маск: За пет години ќе можете да купите 18+ роботи

Илон Маск се појави на поткастот на Џо Роган и се претстави како десна рака на Доналд Трамп и шеф на иницијативата DOGE (Одделот за владина ефикасност).
Една од темите беше вештачката интелигенција, а фокусот беше на неговата програма за вештачка интелигенција позната како „Грок“, до која луѓето може да пристапат преку „Икс“.
Роган се пошегува дека „Грок“ има валкан режим на разговор од 18+ и непресметлив режим нарекувајќи го многу чуден. Маск зборуваше и за можностите за развој на секс-роботи предвидувајќи го нивното доаѓање на пазарот за помалку од пет години. „Тоа е валкана вештачка интелигенција и тоа е вистински проблем“, се пошегува Роган додавајќи: „Тоа е чудно време и со вашата луда вештачка интелигенција нè туркате во сè почудни ситуации“.
„Набргу вакви роботи ќе се најдат на отворен пазар, во продавници“, повтори Маск. „Дали ќе бидат топли?“, го прашал Роган, на што Маск одговорил: „Веројатно ќе имаш што сакаш“.