Европа
Чешка доби ново име на англиски: Чехија

Чешкиот државен врв одлучи дека називот „Чехија“ ќе биде покусата алтернатива за називот на земјата на англиски јазик, со што би им се олеснило на компаниите, политичарите и спортистите при употребата на производите, етикетите и на дресовите.
Досегашниот назив на англиски „Чешка Република (Czech Republic) е предолг и тежок за употреба, а не можело да се скуси само на Чех (Czech), бидејќи станува збор за придавка, што на англиски јазик не може да биде назив за држава.
Во многу други јазици, како на пример францускиот и германскиот, тие проблеми не постоеја, бидејќи оваа земја веќе имаше свој краток назив..
Земјата го доби својот покус назив и во чешкиот јазик, Така отсега „Чешката Република“ ќе може да се заменува со „Чешко“.
За промената на името се усогласија претседателот на држава, премиерот, спикерите на двата дома на парламентот и потесниот кабинет на владата. Откако владата и формално ќе ја усвои промената, за неа ќе бидат известени и Обединетите нации и другите меѓународни институции.
Расправата за називот на државата на англиски, но и на чешки јазик, практично трае од распадот на некогашната Чехословачка (ли Чехословакија) во 1993 година. Земјата, имено, се состои, од трите историски покраини, најголемиот дела го зазема Чешка (Čechy или Бохемија – Bohemia), како и Моравија (Morava) и Шлезија (Slezsko), па е направен обид да се пронајде еден назив за да се опфатат сите историски покраини,
Поборниците на називот Чехија велат дека овој назив на англиски јазик може да потекнува од XIX век и дека го применувал географските бироа по распадот на Чехословачка во 1993 година, како можна покуса алтернатива.
Но тој назив досега не доби поткрепа и можно е дека нема да биде лесно прифатен ниту откако службен статус. За некои едноставното звучи грдо. Други, пак, како министерката за регионален развој Карла Шлехтова, мислат дека е премногу случен на називот на Чеченија, на англиски Chechnya што би можело да предизвика забуни./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Телото на директор на Путин пронајдено обезглавено под мост: нова мистериозна смрт на руски бизнисмен

Алексеј Синицин, извршниот директор на производителот на калиумова сол „К-Поташ сервис“, беше пронајден мртов во близина на Калининград. Тој е 19-тиот руски бизнисмен што почина под мистериозни околности од почетокот на руската инвазија на Украина, објави „Москва тајмс“.
Најмалку 19 високи раководители и бизнисмени, многумина поврзани со руските нафтени и гасни гиганти, вклучувајќи ги „Лукоил“, „Газпром“ и „Транснефт“, починаа под сомнителни околности во Русија и во странство од 2022 година.
Tragic mystery in Kaliningrad: CEO of “K-Potash Service,” Alexey Sinitsyn, found decapitated under a bridge with a towing cable nearby. Authorities are investigating. What really happened? #Mystery #Kaliningrad #CrimeNews pic.twitter.com/M5I348U2Ou
— ceanmedia (@ceanmedia) September 8, 2025
Телото на Синицин било пронајдено обезглавено под мост, со сајла за влечење прицврстена на неговото тело, објави рускиот државен медиум „РИА новости“ повикувајќи се на полициски извор. Сепак, „Киев Индепендент“ не можеше да ги потврди наводите.
The CEO of one of Russia’s largest potash producers, Alexey Sinitsyn, was found dead near Kaliningrad Monday https://t.co/ivvsDqC7F3
— The New York Sun (@NewYorkSun) September 9, 2025
Мистериозни смртни случаи на руски бизнисмени
Минатиот месец починаа Дмитриј Осипов, претседател на одборот на директори на „Уралкали“, еден од најголемите руски производители на калиумови соли, и Михаил Кенин, основач и мнозински сопственик на водечката градежна компанија „Самолет“. Причините за смртта не беа објавени.
Од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина регистрирани се низа смртни случаи под нејасни или необични околности не само во деловните кругови туку и меѓу полицијата и владините претставници.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Француската полиција извлече пијан патник од авион: „Тој почна општа тепачка“

Во четвртокот имаше вистински хаос на летот на „Рајанер“ од Борнмут, Англија, до Жирона, Шпанија. Летот мораше да биде пренасочен кон Тулуз откога пијан патник се обиде да ја отвори вратата на авионот предизвикувајќи општа тепачка.
Според сведоците, инцидентот почнал кога пијан маж почнал да вика „сакам да си одам“ и се упатил кон излезот за итни случаи. Другите патници веднаш реагирале и се обиделе физички да го совладаат, но тој одговорил со плукање и удирање. Целата ситуација ескалирала во општа тепачка.
„Целиот инцидент бил многу трауматичен. Човекот отишол во тоалет, потоа се обидел да отвори една од вратите за итни случаи. Потоа се обидел и со другите. Потоа почнала голема тепачка со мажите што се обидувале да го оддалечат од вратата“, рекол еден патник.
@thesun Shocking moment drunk man is dragged off plane after trying to open door mid-air and brawling with other passengers. #news #plane #brawl ♬ original sound – The Sun
Некои од патниците рекле дека доживеале напади на паника.
„Почнаа да се тепаат на средина од авионот. Траеше 30-ина минути. Беше ужасно, имаше крв насекаде. Луѓето врескаа и плачеа“, додал друг сведок. Насилниот патник на крајот бил совладан и соборен на подот, а глуждовите му биле врзани со дел од безбедносниот појас.
„Сакаше да оди во тоалет додека полетувавме. Кога го замолија да седне, извика ‘морам да одам, другар’, но потоа седна. На средина од летот почна да се затетерува и се обиде да ја отвори вратата од авионот. Беше целосно пијан и сакаше да излезе“, опиша трет сведок.
Sécurité aérienne : un vol Ryanair, qui effectuait la liaison entre l’Angleterre et l’Espagne, a été dérouté en urgence vers l’aéroport de Toulouse à cause d’un passager britannique, ivre, qui a tenté d’ouvrir une porte de secours en plein vol, provoquant la panique parmi les… pic.twitter.com/eoxbBmpbtu
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) September 6, 2025
„Двајца мажи се обидоа да го смират и да го совладаат, а тој почна да ги удира и да плука по сите. Еден крупен човек го предупреди дека ќе го собори ако продолжи и го турна на земјата“. По слетувањето во Тулуз, човекот беше пречекан на пистата од 13 француски полицајци и беше симнат од авионот. Летот потоа продолжи за Жирона, а авионот слета со речиси два часа задоцнување.
фото: принтскрин
Европа
Левицата победи во Норвешка: историски резултат за десничарските популисти

Левицата, предводена од премиерот Јонас Гар Сторе од Лабуристичката партија, ќе остане на власт во Норвешка откако победи на парламентарните избори обележани со подемот на популистичката десница, која го постигна својот најдобар резултат во својата историја.
По изборите фокусирани на локални прашања, но под влијание и на геополитичките турбуленции, со речиси сите преброени гласови, се очекува левичарскиот блок да освои тесно мнозинство од 87 од 169 места во Парламентот.
„Знаевме дека ќе биде тесно и беше. Знаевме дека мора да дадеме се од себе и дадовме се од себе. И го направивме тоа“, им рече Сторе на поддржувачите.
На власт од 2021 година, 65-годишниот премиер освои нов четиригодишен мандат, најверојатно на чело на малцинска влада.
Со речиси 28 проценти од гласовите, неговата Лабуристичка партија ќе мора да ги здружи силите со сите други левичарски партии со кои има бројни несогласувања.
фото: принтскрин