Црна хроника
Спречен шверц на 12 килограми марихуана на граничниот премин „Блато“
Во средата, царинските службеници спречија шверц на 12 килограми марихуана на ГП „Блато“, што албански државјанин сакал да ја пренесе скриена во неговиот автомобил, но кога го сетиле, избегал кон Албанија, по што бил фатен.
Имено, во средата околу 13.40 часот, на граничниот премин Блато за влез во Република Македонија се пријавил З.Л.(33) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило марка „Mercedes“ со албански регистарски ознаки, кој на прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола одговорил дека нема ништо за пријавување. Заради сомневање во неговата изјава, царинскиот службеник го селектирал возилото за детален преглед. При вршење на контролата на возилото царинскиот службеник приметил дека под десниот праг е сместена најлонска фолија и почнал детално да го прегледува прагот од возилото. Кога лицето З.Л. видело дека царинскиот службеник почнал да го демонтира прагот од возилото, ја искористилo приликата и со трчање се далo во бегство кон територијата на Република Албанија. Веднаш по неговото бегство од граничниот премин, полициските службеници од Регионалниот центар запад – ПС Блато во соработка со пограничните власти од Република Албанија презедоа сеопфатни мерки за пронаоѓање на лицето и по еден час интензивна потрага со помош на куче трагач З.Л. е пронајден и е лишен од слобода.Царинските службеници при контролата во левиот и десниот праг од возилото пронајдоа вкупно 23 пакувања наполнети со опојна дрога марихуана со вкупна тежина од околу 12 килограми најпрво запечатени со најлонска и алуминиумска фолија, а потоа облепени со селотејп трака. Предметот е предаден за понатамошно постапување на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа. Царинските инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги во Царинската управа по документирање на целиот случај и по прибирањето на сите материјални докази, против З.Л. државјанин на Република Албанија ќе поднесат кривична пријава до надлежното јавно обвинителство поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

