Скопје
Бесплатни проекти за семејни куќи искористија 100 инвеститори во Општина Илинден

Од 180 инвеститори во станбени објекти во Општина Илинден во 2014 година, вкупно 100 ги искористиле поволностите што во рамките на својата иновативност им ги нуди општината и одбрале еден од четирите понудени бесплатни проекти за изградба на семејни куќи.
Покрај тоа што со моделите на семејни станбени куќи кои можат да се применат како типски објекти, граѓаните заштедуваат и до 1.000 евра, колку што чини изработката на вакви проекти, Општината ќе добие многу поубав лик.
Со бесплатните проекти се олеснува работата на администрацијата и се забрзува постапката за издавање на градежни дозволи по електронски пат, односно се скратува рокот за издавање на одобренијата за градба. Така, по плаќањето на комуналиите кои изнесуваат само 2 евра по метар квадратен, граѓаните за само 3 дена добиваат одобрение за градба, се вели во соопштението /крај/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Воз удри во автомобил кај Зелениково, нема повредени

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска кај Зелениково, воз удрил во патничко моторно возило, но за среќа, во инцидентот нема повредени лица.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата е пријавена во СВР Скопје во 18:10 часот. Според пријавата, воз удрил во автомобил управуван од Ж.М.К. (51) од Скопје, додека возот бил управуван од С.М.
На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош Скопје, која констатирала дека нема повредени.
Полицијата изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот.
Скопје
Пет лица се повредени во сообраќајката кај „Градска болница“

Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во центарот на Скопје, на крстосницата кај улиците „11 Октомври“, „Даме Груев“ и „Филип Втори Македонски“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 19 април околу 21:15 часот, кога патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблички, управувано од 18-годишниот А.Н. од Скопје, се судрило со автомобил „БМВ“ со чешки ознаки, управуван од Т.К. (24) од Струга.
Во судирот, тешки телесни повреди добил 20-годишниот С.Ј. од Скопје, кој бил сопатник во возилото „БМВ“. Телесни повреди добиле и двајцата возачи, како и две девојки – А.Ф. (20) и М.Р. (19), сопатнички во „Фолксвагенот“, сите од Скопје. Повредените биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде им биле констатирани повредите.
„На местото на несреќата излезе увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на причините и околностите под кои се случил судирот“, соопштуваат од МВР.
Македонија
Без струја дел од општина Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од булеварот Видое Смилевски Бато, делот кај што се вкрстува Февруарски Поход спроти Рамстор Ново Лисиче, во општина Аеродром.