Компании
Екстра Меин:Нема листерија во нашите производи, ќе бараме суперанализа
Раководството на кумановската месна индустрија Екстра Меин во четвртокот излезе со тврдење дека во производите од оваа компанија нема листерија и најави дека ќе бара суперанализа.
“Не е можно од нашата компанија да излезе термички необработен производ. Подлежиме на постојани контроли и го спроведуваме НАССР системот за контрола на квалитет. Трите вонредни контроли во нашата фабрика во изминатите десет дена од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Министерството за здравство не покажаа никакви неправилности. Сите земени брисови и мостри се негативни”, тврдат од “Екстра меин”, по наводите дека во еден од производите од оваа фабрика била пронајдена листерија.
Притоа информираат дека од почетокот на годината биле земени 158 мостри од производи на компанијата и била направени 112 брисови од нивните машини, работни површини и работници и дека сите резултати се негативни на присуство на каква било бактерија.
“Сите производи, вклучително и сечканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, со што загарантирано се уништува бактеријата листерија”, се вели во реакцијата на кумановската месна индустрија “Екстра меин”, откако беше соопштено дека во нејзин производ е најдена листерија.
Компанија најави дека ќе побара од Агенцијата за храна и ветеринарство да биде извшрна суперанализа за наведениот производ, во реномирана светска лабораторија.
Воедно се истакнува дека мострата со бактеријата била пронајдена во производи во малопродажен објект, за кои, од кумановската компанија не може да гарантираат како биле чувани, дали била можна девакумација и дали дошле во контакт со други производи кои ја содржеле бактеријата.
Од “Екстра Меин” истакнуваат дека ќе ги почитуваме препораките на АХВ и на Министерството за здравство и активно ќе соработуваат со надлежните институции во откривање на вистинскиот причинител на болеста.
Компанијата е формирана во 1994 година, а во 2012 година беше прогласена за најдобра во општина Куманово. Има вработени 130 лица и поседува дистрибутивна мрежа. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)