Надворешна политика
Попоски: Сериозни разидувања со Грција околу спорот за името, но согласност дека ова не е период за разговори
Помеѓу Македонија и Грција има сериозни разидувања за спорот за името, но двете страни се согласни дека ова не е период кога може да се разговара за едно вака сериозно прашање, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во интервју за Гласот на Америка (VoA).
Запрашан околу тоа дали Македонија треба да избира помеѓу името и НАТО, Попоски бели дека би било неправедно доколку ова прашање и се постави на една земја која што досега ги има исполнето сите критериуми за членство.
„Не би било праведно од НАТО прашањето да биде поставено на штета на земја која ги исполнила сите други критериуми за влез во Алијансата, но исто така не можеме да бидеме наивни и да не признаеме дека една земја членка може да го блокира целиот процес. Во овој временски период покажавме дека и за НАТО и за Македонија, но и за Грција, е многу подобро да се гледа на додадената вредност од нашето членство во НАТО, отколку да продолжат со политиката на уценување во услови во кои имаме договор кој го застапува меѓународното право, имаме пресуда од Меѓународниот суд на правдата кој исто така го трасира патот за тоа што може, а што не може да биде прифатено“, вели Попоски во интервјуто за VoA.
Попоски во интервју се осврна и на претстојните предвремени парламентарни избори, потенцирајќи дека во корист на земјата е овие избори да се спроведат и да се стави крај на политичката криза во земјата.
„Во корист на Македонија ќе биде да се спроведат тие избори па да оставиме резултатите да дефинираат каква влада ќе биде формирана и да го оставиме зад нас овој деструктивен период во кој бевме предмет на многу внатрешни уцени и борби кои не чинеа премногу на надворешнополитички план. Со затворање на тоа поглавје ќе ја олесниме европската и евроатланската агенда на Македонија, знаејќи дека навистина можеме повеќе да постигнеме од она што се случуваше во последниот период“, изјави Попоски во интервјуто за Гласот на Америка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.