Контакт

Економија

Осетен пораст на туристи во Македонија во јуни

Објавено пред

Бројот на туристите кои во јуни престојувале во Македонија значително се зголемил во однос на ситиот месец лани, при што осетно е зголемен бројот на странски туристи.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни во македонија биле регистрирани 63.216 туристи, што претставува пораст од 14,3 отсто во однос на истиот месец лани.Притоа, бројот на домашните туристи во јуни е зголемен за 8,3 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 18,1 отсто.Зголемениот број на туристи придонесе и за зголемување на бројот на остварени ноќевања за 14,1 отсто. Во јуни  во сместувачките капацитети во Македонија иле остварени 163.278 ноќевања. Кумулативно во првото полугодие од годината, бројот на туристите е зголемен за 7,8 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,2 отсто, а кај странските зголемување за 10,9 отсто. Во периодот јануари- јуни 2012 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата зголемен за 5,8 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0,9 отсто, а кај странските зголемување за десет отсто. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Тесла повеќе не прифаќа нарачки за два луксузни модели во Кина

Објавено пред

Американскиот производител на електрични возила Tesla престана да прима нови нарачки за своите луксузни модели Model S и Model X на кинескиот пазар.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Според податоците што денеска ги објави Ројтерс, нарачките за овие два увезени модели веќе не се достапни преку официјалната кинеска веб-страница на Tesla или преку мини програмата на платформата WeChat. Компанијата Tesla се уште не ги коментирала причините за оваа одлука.

Оваа одлука доаѓа по слични потези во други азиски земји. На пример, Tesla Japan објави дека од 31 март 2025 година ќе престане да прима нови нарачки за моделите S и X, што се толкува како подготовка за претстојните, понови верзии на овие возила.

Се очекува новите модели да ги поддржуваат двете конфигурации на воланот, благодарение на воведувањето на технологијата Steer-by-Wire, која овозможува поголема флексибилност во производството и дистрибуцијата.

Во минатото, Tesla веќе ги суспендираше нарачките за Model S и X надвор од Северна Америка, со цел да се фокусира на испорака на постоечки нарачки и подготовка за поновите верзии на возилата. Овие исклучувања често беа поврзани со планираните технички надградби и прилагодувања на производните линии.

Прикажи повеќе...

Економија

Андоновски: Објавен првиот повик во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

Објавено пред

Од

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција соопшти дека е објавен првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа” за претставниците на приватниот сектор (малите, средните и големите претпријатија), стопанските комори, академските институции од сите нивоа, невладиниот сектор и јавните институции.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Андоновски соопшти дека Европската комисија во овој повик има одредени 1,3 милијарди евра за проекти од областа на вештачката интелигенција, сајбер безбедноста и дигиталните вештини.

Тој потенцираше дека владата веќе втора година го овозможува учеството на заинтересираните во оваа програма

„Како Влада, ние веќе втора година го овозможуваме учеството на сите заинтересирани страни во програмата Дигитална Европа, со навременото уплаќање на членарината и со поддршката кон домашните институции, организации и компании кои ќе одлучат да аплицираат на Програмата“, рече Андоновски.

Сите заинтересирани страни е потребно да испрат елаборат до министерството со потребните податоци кои се објавени на веб страницата на МДТ и да се испратат на адресата digital.europe@mdt.gov.mk, најдоцна до 03.05.2025 година.

„Дозволете да ги информирам заинтересираните дигитални иновациски хабови дека денес Министерството го распиша Јавниот повик за заинтересираните дигитални иновациски хабови за учество во консолидацијата на мрежата на Европски дигитални иновациски хабови (EDIHs) со засилен фокус на вештачка интелигенција (ВИ). Финансирањето на ЕДИХ доаѓа од 50% кофинансирање од Програмата за Дигитална Европа, а за останатите 50%, апликантите треба да обезбедат одржливи извори за кофинансирање.” додаде министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски

Прикажи повеќе...

Економија

СДС ја уништи државата со 3 милијарди нов долг, сега глумат финансиери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДС, партијата што го задолжи секој граѓанин со над 1.600 евра долг за време на нивното владеење, денеска се јавува со прес-конференции за 137 милиони евра – средства што одат исклучиво за отплата на нивните долгови, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„137 милиони евра што сега ги спомнуваат СДС не се ново задолжување, туку рефинансирање на кредити кои доспеваат – кредити кои тие ги земаа, без срам и без покритие“, додаваат од владејачката партија.

Како што појаснуваат, во времето на СДС (2017–2024) јавниот долг скокнал од 47% на над 65% од БДП, а единственото што оставија како што велат, се ситни проекти, рекламни видеа и сметки од „ресторани“.

Прашуваат: Каде се парите од 1,2 милијарди евра задолжување во 2020 година? Каде се парите од еврообврзниците во 2018, 2020 и 2021 година?
Зошто 6 години ја лажевте јавноста дека ќе го намалите долгот, а го зголемивте за над 3 милијарди евра?

Напоменуваат дека денес, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ плаќа камати за долгови направени од СДСМ.

„Го стабилизира буџетот без зголемување на даноци, ја враќа довербата на инвеститорите и стопанството, и подготвува прв ребаланс со кој за првпат по години ќе се види капитална реализација – не слики на Фејсбук. Вашето време помина, оставивте држава со највисока сиромаштија, највисока младинска емиграција и со буџет кој 40 % оди на враќање камати и плати, без ефект за граѓаните. Затоа, СДС, вратете се кај вашите квази-економисти и пиар-советници. Народот ве прочита. Ако сакате дебата за долг, не носете лажни бројки, носете сметка што не ја плативте 7 години, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Дел од онколошките пациенти повторно без лекови, СДСМ бара одговорност

Дел од онколошките пациенти повторно останаа без лекови. Oколу еден месец нема биолошка терапија за рак на дојка, а деновиве снемало...

Македонија8 минути

Свлечиште во Битолско блокира пат

РЦУК Битола, известува дека поради настанатото свлечиште на патот што ги поврзува село Долно Дивјаци, Општина Крушево и село Кочишта...

Европа17 минути

(Видео) Обилен снег паѓа во Анкара

И покрај тоа што е речиси половина од април, месецот кој повеќето го поврзуваат со пролетта, утрово во турската престолнина...

Регион45 минути

(Видео) Орбан го поддржа Вучиќ: „Вашата борба е и наша“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати порака со поддршка до српскиот претседател Александар Вучиќ во која порача дека српските патриоти можат...

Свет54 минути

(Видео) Директор на Сименс Шпанија, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се...

Свет2 часа

Златото достигна рекордно високо ниво поради стравувањата од трговска војна меѓу САД и Кина

Цената на златото достигна нов рекорд бидејќи расте загриженоста за трговската војна меѓу САД и Кина. Една унца злато сега...

Свет2 часа

(Видео) Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот...

Македонија11 часа

Уште неотворена, новата градинка во Бутел демолирана – хулигани искршиле врати и прозорци, штетата е голема

Вандализирана е новата детска градинка во Бутел 1, објави градоначалникот Дарко Костовски. Вели дека МВР веќе има лоцирано осомничени лица,...

Топ12 часа

„Ќе ве убијам и тебе и татко ти ако излезе видеото“ – скопјанец се снимал додека пука со автоматска пушка, па се заканувал

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка за 35-годишник кој во неговиот дом во Кондово неовластено држел полуавтоматски пиштол...

Македонија16 часа

Судски совет за пресудата за Теодора – судијата не можел да пресуди повисока казна

Судскиот совет ја разгледа пресудата за возачот кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска во Тетово со која беше осуден на...

Македонија17 часа

МВР со апел: Не отворајте линкови од сомнителни мејлови и не давајте податоци на сомнителни веб-страни

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со...

Македонија19 часа

Уште еден пациент од Бугарија се враќа дома, во странство остануваат да се лекуваат уште 55 повредени

Министерството за здравство информира дека денеска се враќа еден пациент, кој беше на лекување во Бугарија. Во странство во моментот...

Македонија20 часа

Истрага за 43 лица за измами со брзи кредити: осомничен и службеник во ФЗО

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека поведува постапка против вкупно 43 лица, кои со разни дејства на компјутерски измами,...

Македонија21 час

Изгаснат пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје, изгоре возило

Изгаснат е пожарот спроти Клиничкиот центар во Скопје. Во пожарот изгоре возило, а густиот чад се гледаше и од центарот...

Македонија23 часа

Продолжува потрагата по исчезнатото лице од село Степанци, ќе се вклучат и извидници и ловци

Потрагата по исчезнато повозрасно лице од село Степанци во општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 7.4.2025 година...

Македонија23 часа

ДУИ го осуди именувањето на Богојевски за раководител на Агенцијата за европски образовни фондови: Ова е провокација

„Демократската унија за интеграција најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата за...

Македонија24 часа

Политика, мито и корупција има зад пресудата за смртта на Теодора, оценува семејството Ристовски

Семејството на Теодора Ристовска која беше смртно прегазена во 2022 година иразува благодарност до јавноста, медиумите и премиерот Христијан Мицкоски...

Свет1 ден

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ се искачи на 184

Бројот на загинати во уривањето на покривот во ноќниот клуб „Џет Сет“ во Санто Доминго се искачи на најмалку 184,...

Свет1 ден

Кина со години се подготвува за царините на Трамп, вели уредник на „Економист“

Кина внимателно и долгорочно се подготвуваше за царините од Вашингтон и има низа краткорочни и долгорочни контрамерки, тврди Дејвид Рени,...

Свет1 ден

Трамп: Ако пропаднат преговорите со Иран, ќе следува воена акција

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли можноста за исклучување воена интервенција против Иран, додека високи американски претставници се подготвуваат за...