Контакт

Европа

Лавров: Ситуацијата во Донбас насочува дека се подготвува ескалација на конфликтот

Објавено пред

Русија е загрижена од влошувањето на ситуацијата во Добнас, којашто наликува на подготовка на целосни борбени дејствија, изјави во понеделникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а истовремено Обединетите нации во редовниот месечен извештај објавија дека во украинскиот конфликт досега загинале речиси седум илјади луѓе.

dobivaj vesti na viber

Изминатиот викенд прозападните власти во Киев и рускојазичниот бунтовници од истокот на Украина, меѓусебно се обвинуваа за повеќекратно нарушување на прекинот на огнот постигнат во февруари во белоруската престолнина Минск, со посредство на челниците на Украина, Русија, Франција и Германија.

Киев ги обвини бунтовниците од Донецк дека ги гранатираа позициите на нејзините сили и местата кои се под нивна контрола, додека бунтовничките власти ја обвинија украинската армија за континуирано гранатирање на цивилното населени во кое има повеќе жртви, како и за трупање оружје на линијата на контактот. Притоа побараа од Франција и Германија да влијаат врз Киев да се придржува до договорот од Минск за повлекување на тешкото вооружување од линијата на фронтот.

„Нé загрижува ситуацијата на фронтот, веќе не можеме да зборуваме за линија на контакт, туку, за жал, за фронт“, истакна шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на прес-конференцијата со неговиот ирански колега Мухамед Џавад Зариф.

Лавров истакна дека двете страни одамна го имаат потпишано договорот за повлекување на вооружувањето со калибар до 100 мм, демилитаризација на областа околу Широкино, што треба да доведе до намалување на тензиите, и посочи меѓутоа дека тоа не се случило „поради позициите на Киев“.

„Загрижени сме за развојот на настаните последните денови, коишто многу силно наликуваат на подготовки за наредни борбени дејствија“, рече Лавров цитиран од агенцијата РИА.

Во понеделникот Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања во својот редовен извештај објави дека „од средината на април 2014 година до 27-ми јули 2015 година во конфликтот на истокот од Украина загинале 6.832 луѓе, а 17.087 се ранети“.

Истовремено се наведува дека овие податоци се базираат на официјалните извештаи на Мисијата на ОН за човекови права во Украина и на Светската здравствена организација. Особено се сугерира дека бројот на жртвите во зоната на конфликтот е значително од посочената во извештајот на ОН.

Во извештајот со датум од 14-ти август се вели и дека значително за 33.000, на 1,4 милиони луѓе, се зголемил бројот на внатрешно раселените лица во Украина. Се зголемил, исто така, за пет илјади и бројот на лицата кои побарале засолниште во соседните земји.

„Според состојбата од 31-ви јули, 925.000 жители на Украина се обратиле за добивање азил, дозвола за престој или друга форма на законски престој на териториите на соседните земји. Нивното количество за 4 седмици се зголеми за 4.850 луѓе“, се истакнува во извештајот.

Вкупно, според процените на ОН, на 31-ви јули повеќе од 2,3 милиони Украинци, вклучително и внатрешно раселените лица и оние кои побарале засолниште во странство, биле принудени да ги напуштат своите домови поради конфликтот во источните региони на земјата./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Објавено пред

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.

dobivaj vesti na viber

„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.

Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.

Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.

Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.

Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Објавено пред

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.

dobivaj vesti na viber

„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.

Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Објавено пред

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.

dobivaj vesti na viber

Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.

Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.

Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.

Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.

По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.

Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија4 часа

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет5 часа

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија6 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија7 часа

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија7 часа

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ8 часа

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа11 часа

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет11 часа

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа11 часа

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....

Македонија12 часа

На Табановце за излез од државата се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е...

Македонија22 часа

Вкупно девет пожари на отворен простор, активен еден, а два се под контрола

На територијата на државата денеска до 18:00 часот имало вкупно девет пожари на отворен простор, од кои еден е активен,...

Свет23 часа

Лавров ги соопшти условите на Русија за постигнување мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ги изложи клучните услови на Русија за постигнување мир во Украина, предлагајќи...

Македонија1 ден

Мицкоски очекува историска победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, приоритет ќе биде хигиената во Скопје

Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата овие два дена, претставува, навистина, новитет на политичката сцена во Македонија. Добро е...

Топ1 ден

Во возило откриени 15 мигранти од Египет и Сирија

Вкупно 15 мигранти од Египет и Сирија се пронајдени синоќа во возило на регионалниот пат Богданци–Гевгелија, на место викано „Македонија...

Регион1 ден

Вучиќ најави намалување на цените на јајцата, зеленчукот, овошјето, млечните производи…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави денеска дека од идната недела ќе се ограничат маржите во трговските синџири, што ќе...

Свет1 ден

Палестински камерман убиен во појасот Газа

Палестинската новинска агенција (ВАФА) објави дека израелските војници убиле палестински камерман во северниот дел на Појасот Газа. Камерманот Калед ал...

Македонија1 ден

Пратениците се одморија, од утре почнуваат со редовни активности во Собранието

Пратениците од утре официјално почнуваат со работа по годишниот одмор. Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре закажа неформална средба...

Свет1 ден

Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја. Тој, по...

Македонија2 дена

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат...