Црна хроника
Поднесено обвининие за сообраќајната несреќа кај наплатната станица Градско
Основното јавно обвинителство Велес ја заврши истражната постапка за трагичната сообраќајна незгода што се случи во мај годинава и до Основниот суд во Велес поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици“.
Истрагата и сообраќајното вештачење покажале дека обвинетиот критичниот ден, 26-ти мај годинава, околу 18,45 часот, се движел со својот патнички автомобил марка „мазда 3“ во правец од Гевгелија кон Скопје со брзина од околу 109,77 километри на час. Брзината на движење на автомобилот не била приспособена на атмосферските и другите сообраќајни услови, поради што не бил во можност навремено да реагира и да го сопре возилото пред секоја пречка што во услови на влажен коловоз и силен одблесок на сонцето може да се испречи. Во еден момент, обвинетиот налетал со автомобилот на сигурносен триаголник поставен на коловозната лента по која се движел, го турнал и продолжил да се движи.На автопатот претходно веќе се случила сообраќајна незгода помеѓу две товарни моторни возила „мерцедес атего и „мерцедес кесон“ удирајќи и тој неможејќи да го запре возилото удрил со предниот десен дел од автомобилот во задниот лев дел од товарното возило „мерцедес атего“ оштетувајќи го истото и продолжил да се движи, притоа го завртел својот автомобил и сопрел попречно на средината од коловозната лента по која се движел. На самото место на несреќата, од силината на ударот, починале неговите сопатници – сопругата (34) која седела на совозачкото место и синот (4) кој седел во седиште за дете зад седиштето на совозачот ./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.
Топ
Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.
Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.
Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.
Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.
Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
Црна хроника
Уапсен скопјанец: бил баран по потерница за издржување казна затвор поради грабнување и силување
Вчера, во 14:20 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистички работи – Ѓорче Петров и Одделот за криминалистички работи – Кисела Вода, при СВР Скопје, по издадена судска наредба, го лишија од слобода С.Х. (40) од Скопје.
Лицето било барано по потерница за издржување казна затвор во времетраење од четири години и 10 месеци, поради сторени кривични дела „грабнување“ и „силување“.
По целосно документирање на случајот, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа.

