Свет
Бугарија ги крева цените на струјата поради неповолните договори со американските добавувачи

Бугарија во вторникот ги зголеми цените на електричната енергија во просек за 2 отсто, при што регулаторот побара од државната компанија да преговара со добавувачите за да се изменат неповолните договори и да се намалат цените.
Поскапувањето на струјата во понеделникот навечер го најави бугарскиот енергетски регулатор а се надоврзува на соопштението на државната компанија НЕКЛ од пред две седмица дека напластила долгови од 2,9 милијарди евра, околу 1,5 милијарди евра. Регулаторите во мај го повикаа НЕК да покрене нови преговори за договорите кои го обврзуваат да ја преземе целата електрична енергија произведена во термоцентралите во сопственост на американските компании AES и „ContourGlobal“.Со тој договор се кршат прописите на Европската комисија за рамноправно натпреварување на пазарот, како што Брисел и’ забележува и ја условува Софија во врска со почетокот на изградбата на рускиот гасовод „Јужен тек“, и НЕК би требало да започне преговори за цената на струјата што ја произведува AES за најмалку 30 отсто, како и за произведената од „ContourGlobal“ за 20 отсто. Ограничената либерализација на пазарите, намалената потрошувачка и високиот удел на струјата набавена на основа на долгорочните договори (со американските компании) резултирале со „вишок електрична енергија произведена по цени кои не се во согласност со пазарните вредности“, предупредија бугарските регулатори. Цените на струјата се политичко чувствително прашање во Бугарија, најсиромашната земја членка на Европската унија, каде трошоците за енергија земаат огромен дел од приходите на домаќинствата, особено во зимскиот греен период. Во февруари минатата година започнаа и граѓанските протести, коишто на крајот резултираа со оставка на владата на ГЕРБ предводена од Бојко Борисов и распишување предвремен парламентарни избори пролетва. Од почетокот на мај ланската година, владата предводена од социјалистите од БСП двапати ги намалуваше цените на струјата за да спречи протести какви што доведоа до падот на нејзините претходници.Гасот, пак, во Бугарија од вторникот е за 1,81 отсто поевтин во продажбата на големо. Цената на илјада кубни метри гас во третиот квартал ќе изнесува 601,7 лева, околу 300 евра./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.