Контакт

Наука

Гласајте за Македонците кои се борат за главната награда на НАСА

Објавено пред

Четврта година по ред, „Њуменс бизнис акселераторот“ успешно го организира натпреварот „Спејс апс челинџ“ на НАСА, кој и оваа година ги обедини сите млади креативни умови на едно место, кои во период од 48 часа континуирана работа креираа инспиративни решенија за глобални предизвици кои ги постави Американската вселенска агенција.

dobivaj vesti na viber

Еден од тимовите победници во Скопје во категоријата „Избор на публиката“ – тимот Авис, со своето иновативно решение успешно ја помина претселекцијата од врвни експерти од НАСА и успеа да се пласира помеѓу најдобрите 25 тимови на светско ниво. Во моментот се прв тим според гласовите на публиката, но потребна им е нашата поддршка за да победат и да присуствуваат на лансирање на ракета во „Кенеди спејс центарот“ на НАСА. Гласањето ќе биде отворено до недела, 15 мај, а за нив можете да гласате на следниот линк: http://bit.ly/1WWeFKr.

Она што е најинтересно е тоа што тимот е составен од тројца средношколци и еден студент. Тие секоја година учествуваат на овој хакатон, а работите за оваа тематика ги истражуваат од интернет, со самостојно учење од она што ќе го видат или прочитаат како и со помош на менторите во акселераторот.Нивниот проект се состои од апликација, која што ќе им помогне на обичните корисници на дронови да можат полесно да управуваат со своите летала, да не ги прекршат правилата за летање на конкретната територија и да се доведат во незгода. „Повеќето тимови се насочија на креирање на апликација за телефон, но тука нашата креативност влезе во игра и одлучивме покрај апликацијата да додадеме и паметна алка така што секој, па дури и мало дете ќе може да лета дрон”, изјави Филип Макрадули, дел од победничкиот тим кој се натпреварува за главната награда.Тимот Авис е единствениот тим од регионот што успеа да се пласира на глобалниот натпревар во оваа категорија, а доколку победат ќе имаат можност да го развиваат својот проект во рамки на Европската програма за акцелерирање подготвена во соработка со НАСА и комерцијални компании од вселенската индустрија од САД и Велика Британија и да присуствуваат на лансирање на ракета во „Кенеди спејс центарот“ во Флорида, САД.Во следните две недели ги очекуваме и резултатите за другите два тима победници од Македонија „Солар џамп џет“ и „Спејс манкис“ кои се победници во категориите најинспиративно решение и најдобар концепт за мисија за кои ќе нема можност за јавно гласање и судиите од NASA ќе го имаат последниот збор. Евентуалната победа и на овие два тима ќе им обезбеди директен влез во споменатата акцелераторска програма./крај/со/бб

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Наука

230 милиони луѓе живеат во опасност од топењето на ледените покривки

Објавено пред

Ново истражување покажува дека светските ледени покривки на Гренланд и Антарктикот се топат и се поместуваат. Ова може да предизвика пораст на нивото на морето и големи миграции од крајбрежните области.

dobivaj vesti na viber

Научниците сакале да дознаат која е „безбедната граница“ на глобалното затоплување за опстанокот на ледените покривки. Тие ги користеле податоците од сателити, климатски модели и други извори, дури и ДНК од октоподи.

Резултатите се загрижувачки. Дури и ако светот успее да го ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, ледениот покрив може да продолжи да се топи брзо. Тоа ќе доведе до зголемување на нивото на морето, што ќе има сериозни последици.

Ледените покривки на Гренланд и Антарктикот имаат доволно мраз што може да го подигне нивото на морето за околу 65 метри. Топењето на мразот е главната причина за порастот на морската вода. За последните 30 години, порастот на морето се забрзал двојно.

Околу 230 милиони луѓе живеат на помалку од еден метар надморска височина. Зголемувањето на морето ќе ги натера многу да се иселат од крајбрежните области.

Научниците велат дека е тешко точно да се предвиди кога ќе дојде до голем колапс на ледените покривки. Но, знаат дека опасноста постои и дека „безбедните“ температурни прагови сè повеќе се намалуваат.

Првично се мислеше дека покривките ќе се дестабилизираат при зголемување од околу 3 степени, но сега истражувачите сметаат дека не е доволно е ни 1,5 степен.

За да се спречи брз колапс, светот треба да го ограничи затоплувањето на најмногу еден степен над прединдустриското ниво. За тоа е потребно драстично намалување на согорувањето на фосилни горива. Сепак, тоа изгледа тешко, бидејќи многу земји, вклучително и САД, сè уште користат нафта, јаглен и гас.

Прикажи повеќе...

Наука

Научниците открија на која возраст лошите навики почнуваат сериозно да му штетат на здравјето

Објавено пред

Лошите навики како што се пушењето, консумирањето алкохол и физичката неактивност почнуваат сериозно да го оштетуваат здравјето од 36-годишна возраст, според новата студија на фински истражувачи од Универзитетот Лауреа.

dobivaj vesti na viber

Во студија која ги следела учесниците родени во 1959 година до нивната 61 година, било утврдено дека оние кои пушеле, пиеле и воделе пасивен начин на живот подолго време почесто завршувале со сериозни физички и ментални заболувања, пишува Net.hr.

„Колку порано престанеме со ризичните навики, толку се поголеми шансите за здрава и исполнета старост“, вели д-р Тија Кекелаинен. Иако, како што наведува тој, никогаш не е предоцна да се премине на поздрави навики – придобивките се забележуваат и кога промените се случуваат во средната возраст.

Студијата, исто така, откри дека:

– Физичката неактивност има најголемо влијание врз лошото физичко здравје,
– Пушењето генерално е поврзано со влошување на менталното здравје,
– Алкохолот има негативен ефект и врз физичката и врз менталната состојба.

Научниците забележуваат дека лошите навики и лошото здравје честопати се поврзани во двата правци – депресијата и болестите можат да доведат до пушење и алкохол, а истите навики можат да ги продлабочат здравствените проблеми.

Иако истражувањето се однесувало на генерацијата родена кон крајот на педесеттите години, резултатите даваат важни предупредувања за денешните помлади генерации, чии ризични навики вклучуваат феномени како што е вејпирањето.

Прикажи повеќе...

Наука

Седум милиони луѓе во светот годишно умираат како последица на загадениот воздух – што не смее да правите?

Објавено пред

Дури седум милиони луѓе во светот, односно двојно повеќе од алкохолизам и пет пати повеќе од сообраќајни несреќи, годишно умираат како последица на загадениот воздух, покажуваат проценките на Светската здравствена организација (СЗО).

dobivaj vesti na viber

Загадениот воздух буквално го напаѓа целото човечко тело

Лекарите укажуваат дека загадениот воздух ги загрозува речиси сите витални системи на човечкото тело и буквално го „напаѓа“ секој орган. Околу една петтина од смртните случаи од мозочен удар, срцев удар и коронарна артериска болест се предизвикани од загаден воздух, а исто така предизвикува аритмија, конгестивна срцева слабост и покачен крвен притисок.

Во извештаите на СЗО се наведува и дека е поврзан со рак на белите дробови, мочниот меур, дебелото црево, бубрезите и желудникот, како и со леукемија кај децата. Тоа му штети на когнитивниот развој на децата, а кај постарите луѓе го зголемува ризикот од деменција или смрт од Паркинсонова болест.

Зошто се толку штетни ПМ честичките?

ПМ честичките се мешавина од прашина, чад и саѓи, создадени од комбинираното влијание на греењето, индустријата и сообраќајот и содржат тешки метали како никел и арсен.

Што не смеете да правите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. Не отворајте ги прозорците од домот кога квалитетот на воздухот е оценет како „загаден“ или „многу загаден“, што е во утринските, доцните попладневни и раните вечерни часови.

2. Во оние периоди од денот и воопшто во периоди кога воздухот е претерано загаден, не носете надвор доенчиња, мали деца и деца кои веќе имаат респираторна инфекција.

3. Излегувањето надвор со висока загаденост на воздухот треба да избегнуваат и бремени жени, пациенти со хронична астма и хронична опструктивна белодробна болест.

4. Не вежбајте на отворено и воопшто избегнувајте ги сите спортски или рекреативни активности, од пешачење до трчање, бидејќи за време на вежбањето бројот на вдишувања се зголемува меѓу 40 и 60 во минута, па затоа поголеми количини загаден воздух влегуваат во респираторниот тракт.

5. Не применувајте физичка активност во области со многу сообраќај и во области од секторот за топлинска енергија.

Што да направите кога загаденоста на воздухот е висока?

1. За почеток, пред да излезете надвор или да планирате да излезете надвор, дознајте го моменталниот квалитет на воздухот. За овие цели, на вашиот телефон можете да инсталирате голем број апликации кои го мерат загадувањето на воздухот во реално време.

2. Проветрувајте ги просториите на домот неколку пати во текот на денот и за тоа изберете ги периодите кога се очекува концентрацијата на загадувачи во воздухот да биде најмала, што е приближно помеѓу 11 и 15 часот.

3. Користете домашни прочистувачи на воздух.

4. Користете климатизери кои имаат соодветни филтри или се дизајнирани да не го вовлекуваат надворешниот воздух во дневната соба.

5. Користете природни средства за прочистување на воздухот во домаќинството, како што се растенијата.

6. Доколку навистина останувате надвор во периодот на зголемено загаденост на воздухот, правете почести паузи во движењето и дишете плитко.

7. Избегнувајте прометни улици и патишта каде што концентрацијата на загадувачи во воздухот е поголема поради издувните гасови од возилата.

8. Користете специјални маски за филтрирање за ПМ честичките, бидејќи обичните хируршки маски не помагаат.

9. Што се однесува до исхраната, лекарската препорака е во областите со прекумерно загадено воздух да се јаде храна богата со витамини Б, витамини Ц и Е и омега-3 масни киселини, што е поврзано со антиоксидантните и антиинфламаторните својства на овие состојки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија14 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија18 часа

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија18 часа

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ18 часа

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија21 час

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ23 часа

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија23 часа

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет24 часа

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 ден

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет1 ден

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет1 ден

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет1 ден

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија1 ден

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет2 дена

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет2 дена

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија2 дена

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија2 дена

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија2 дена

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...