Европа
Путин: Прерано е да се размислува за специјален суд за уривањето на МH17

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот оцени дека сé уште е рано за воспоставување специјален суд при Обединетите нации за кривично гонење на осомничени за уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина точно пред една година.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот имаше телефонскиот разговор со холандскиот премиер Марк Руте, ден пред првата годишнина од несреќата во којашто во источна Украина во близина на Донецк упориштето на рускојазичните бунтовници се урна авионот на „Boeing 777“ на малезиската воздухопловна компанија „Malaysia Airlines“ на летот MH17 од Амстердам до Куала Лумпур, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.
Во разговорот Путин го истакнал својот став дека е прерано да се формира специјалниот суд. Во соопштението на Кемљ се наведува дека „Путин го појасни ставот на Русија во врска со преуранетите и контрапродуктивни иницијативи на неколку земји, вклучително и на Холандија, за формирање меѓународен суд“. Руте, пак, рекол дека судот на ОН би бил „најдобрата гаранција за соработка на сите земји“ во барањето правда за семејствата на загинатите, од кои најголемиот број беа токму Холанѓани.
Путин ја истакнал неопходноста од спроведување „целосна, објективна и независна истрага“. Москва ја отфрла теоријата дека рускојазичнтие бунтовници во источна Украина, за кои Западот тврди дека ги помага воено, го собориле авионот со еден од системите БУК кој наводно им го дала на бунтовниците.
Москва презентираше сателитски снимки за кои тврди дека укажуваат дека во областа каде што е урнат малезискиот авион бил стациониран систем БУК на украинската армија, како и дека покрај авионот летал украински борбен авион од типот „Сухој Су-35.“
На почетокот од јуни во Москва беше откриен идентитетот на државјанинот на Украина, Евгениј Агапов, кој се наоѓа во Русија под заштита на државата е сведок, и тој работел како механичар за вооружување на Првата ескадрила од бригадата за тактичка авијација на воздухопловните сили на Украина, според чие сведоштво наводно постои голема веројатност да се идентификува пилотот на украинскиот борбен авион кој наводно го соборил малезискиот патнички авион.
Малезија, којашто е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН, кон средината на минатата седмица на другите членки им ја подели предлог резолуцијата за воспоставување на меѓународен суд за кривичен прогон на осомничени за уривање на нејзиниот патнички авион. Изрази надеж дека резолуцијата која ја предложи заедно со Австралија, Холандија, Белгија и Украина, може да биде усвоена до крајот на месецов.
Интересно е што и малезиските медиуми уште минатата година објавија мислења на независни експерти за авионски несреќи, кои тврдеа дека снимките од остатоците од урнатиот авион покажуваат дека на трупот имало дупки коишто можат да ги прават делови од ракети или муниција од топови на борбени авиони.
Русија, којашто е постојана членка со право на вето на Советот за безбедност на ОН, веднаш следниот ден го отфрли предлогот. „Мислам дека оваа резолуција нема иднина. За жал, се чини дека станува збор за обид да се органзиира грандиозна политичка претстава, што само им нанесува штета на напорите да се пронајдат одговорните за трагедијата“, рече постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН, Виталиј Чуркин./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Стивен Сигал снимен на воената парада во Москва

Актерот Стивен Сигал присуствуваше на денешната воена парада во Москва по повод Денот на победата, со кој се одбележува 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Во еден момен, камерите го покажаа Сигал како седи во публиката.
73-годишниот Сигал, експерт за аикидо, беше ѕвезда во американските акциони филмови во 80-тите и 90-тите. Додека неговата кариера беше во опаѓање, Сегал, роден во Лансинг, Мичиген, полека се зближуваше со авторитарни лидери, вклучувајќи го и Кремљ.
Steven Seagal among guests pic.twitter.com/Vz1XaynPmG
— Russian Market (@runews) May 9, 2025
Во 2016 година тој доби руско државјанство, а потоа во 2018 година руското Министерство за надворешни работи го назначи за специјален претставник за руско-американски културни врски и културно-историско наследство. Актерот постојано ја фали Русија од почетокот на целосната инвазија на Украина.
Во 2021 година тој ѝ се приклучи на националистичка партија, а во август 2022 година ја посети источна Украина, каде што се сретна и го поддржа лидерот на проруските сепаратисти во Донецк, Денис Пушилин. Тој присуствуваше на инаугурацијата на Путин на неговиот петти мандат во мај 2024 година.
Европа
Новиот германски канцелар оди во Брисел на разговори со претставници на ЕУ и НАТО

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес ќе пристигне во Брисел на разговори со високи претставници на ЕУ и НАТО, што е негово второ патување во странство откако ја презеде функцијата претходно оваа недела.
Мерц ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и претседателот на Европскиот парламент, Роберт Мецола.
Неговата посета на Брисел е проследена со големи очекувања дека промената на владата во Берлин ќе донесе нов импулс во Европа во време на вртоглави глобални предизвици, проценува АФП.
Во среда, тој ги посети Париз и Варшава на своето прво официјално патување во странство на новата функција.
По патувањата во Париз и Варшава, што сигнализираше за неговата намера да ги зајакне врските со двата соседа, посетата на Мерц на главниот град на ЕУ ја покажува неговата решеност да ја врати улогата на Германија во Европа по месеци политичка парализа, велат аналитичарите.
„Беше време“, сумираше еден дипломат на ЕУ за АФП.
„Чекаме и ни е потребна силна Германија, таква што е способна да се справи со тешката задача што е пред нас.“
Европа
Москва го слави Денот на победата, многубројни светски лидери пристигнаа кај Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денес ќе одржи говор на „најголемата досега“ воена парада во Москва по повод Денот на победата, со кој се одбележува победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Русија го слави Денот на победата повеќе од три години по почетокот на инвазијата на Украина, која ја напаѓа секојдневно и покрај напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја прекине војната. Путин нареди тридневен прекин на огнот во Украина поради настанот. Но нападите продолжуваат.
Поканите за прослава на Денот на победата во Москва ги прифатиле лидерите на околу 20 земји, вклучувајќи го и кинескиот претседател Кси Џинпинг, според Кремљ. Москва не ја исклучи можноста севернокорејските војници кои ѝ помогнаа на руската армија да ги протера украинските сили од Курската област да учествуваат на парадата за прв пат.
Европската унија ги предупреди своите лидери да не одат во Москва за настанот, но словачкиот премиер Роберт Фицо одлучи да оди.
„Одам“, рече тој во видео порака објавена на социјалните мрежи вчера. „Разбирам дека се води војна“, рече тој. „Но, нема да ја мешам сегашноста со она што се случило помеѓу 1941 и 1945 година.“