Политика
СДСМ: Груевски бара дозвола од Ахмети за уривање објект во Чаир
Во 38-та ткн. „бомба“ на опозицијата, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави наводно прислушувани снимки во кои се слуша како функционери договараат дали, кога и како да урнат објект во Чаир изграден на `диво`.
Во 38-та ткн. „бомба“ на опозицијата, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави наводно прислушувани снимки во кои се слуша како функционери договараат дали, кога и како да урнат објект во Чаир изграден на `диво`.
„Ќе чуете дека Никола Груевски не можел сам да спроведува самоволие. Ќе чуете за плодната соработка на коалицијата за интерес на функционерите. Апсурдно е Груевски да бара дозвола од Ахмети за рушење на објект во Чаир. Но во снимките што следуваат, има и поважно, дека рушењето дивоградби може да се стопира, за 100.000 евра. Овој сет снимки отвора и друга димензија, подаништвото на ДУИ кон ВМРО ДПМНЕ“, рече Заев.
Во наводно прислушуван разговор меѓу Али Ахмети и Никола Груевски, кој се случува на празникот Свети Никола, гласот кој треба да му припаѓа на премиерот вели: „Е сега, утре треба некои две згради, ама неизградени згради, еден, два ката само изградени да се срушат во Чаир… Тие дигнаа тешка узбуна. Не знам шо да праам. Треба помош од тебе. Во Чаир се, да. На диво се почнати, сега се почнати пред едно четири-пет месеци да се градат. Значи после Законот за денационализација, за легализација. После законот и за утре сабајле у шест саат закажано е рушење. И сега сите твои се јавуваат кај министерот за транспорт дека тоа политички ќе било лошо за нив, за ДУИ и така натаму. Сега ние во наши општини, кај можеме, рушиме и ќе испадне дека само во едни се руши во други не се руши. Не знам шо да направам. Од друга страна, па да не напраат некој инцидент, некако да се чуеш, да видиш да кажеш дека заеднички сме го договориле тоа. Значи таму се стаени темели, приземје и први кат, не е изградена“. Наводно Ахмети одговара: „Да, да. Ја разговарав и со Муса, тој бараше да разговараме утре, да не се делува пред Новата Година. И јас мислам дека политички ние не губиме ништо, политички добиваме“.
За истиот објект и поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска во разговор со соговорник наводно вели: „Абе овие индијанциве у Чаир имале некој објект и градежен инспекторат побарал да го рушиме, односно да го рушат ние да бараме асистенција, утре. Ама нешо не им е доорганизирано како што треба. И сега таму знаеш како, тие се племе, ако дадеме асистенција, а не се заврши работата, проблем ќе биде. Зборев еднаш со Миле, тоа е у Чаир некоја зграда шо се гради, јас сега не ги знам, ама претпоставувам… Па зборевме со Миле, транспорт, да не го рушат утре, и они нема да се појават, ама да знаат и нашиве да не правиме трошоци. Да не го рушат утре, да се спремни од инспекторатов, после Нова Година да го рушат“.
„Објектот за кој станува збор и денеска постои, спроти амбасадата на САД во Скопје. За тоа има одговор во материјалите од УБК кои го имаме. Транскриптот е меѓу Ахмети и Бекир Асани. Вториот му вели дека ако крева прашина ваква е работата твојот зеде 100.000 за работа во Чаир, бидејќи Сашо Мијалков зеде 100.000 евра. Тој со кој Ахмети требало да разговара е Никола Груевски“, рече Заев.
Во 38-та бомба беа пуштени и разговори во кои се отворија, според опозициската СДСМ, сомнежи за корупција со Слободната економска зона во Тетово во која е вмешан врвот на ДУИ, па така место подобрата турска фирма, зделката ја добива фирма од Норвешка, „зад која стои Хаки, добро познат финансиер на ДУИ“.
Се пуштија разговори и за тоа како функционерите од ДУИ се договараат кои министерства да ги земат, па како на едни им се допаѓаат некои ресори, а на други не, затоа што таму „немало пари“. Во ист контекст се поставуваат и директори на институции, и се вработуваат роднини на партиски послушници. „Муса Џафери: Бреза сака едно добро место за него…многу добро дете…он излегол најхрабар од сите овојпат…ме убеди во тоа, овие од кај ‘Шкупи’ сакале во НД (Нова Демократија) да го однесат…ми вели за инат јас влегов тука…сакаа да ме избркаат во НД.“
Во еден наводен разговор меѓу Али Ахмети и Тахир Хани се слуша како ДУИ се откажува од програмски планови: „Тахир Хани: Проектот кој вие го промовиравте, Тетово – Призрен, на секој собир, целосно е тргнат од дневен ред“.
Беа презенитрани и разговори во кои се омаловажува Рамиз Мерко, поранешен градоначалник на Струга и од скоро член на претседателстовот на ДУИ./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски
– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.
Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:
– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.
Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:
– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.
Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:
,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.
Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:
,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”
Македонија
Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница
Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.
„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.
Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.
Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.
„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.
Македонија
Џафери за Велигден: Обединети да продолжиме и да осигураме благосостојба денес и за идните поколенија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во име на Владата на Република Северна Македонија и во свое име, испрати телеграма со честитки за најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, до Светиот архиерејски Синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА, до православните верници и до сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
„Задоволство ми е во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое име, да Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, Вам, на Светиот архиерејски Синод, на свештенството и монаштвото на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на православните верници и на сите граѓани кои денеска го чествуваат празникот.
Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност, чекор кој води кон светла цел. Заедничкото добро, е благословена човекова определба, и тоа може да се постигне само ако се почитуваат основните постулати на кои упатуваат бројните примери низ историјата. Особено во денешен контекст, кога човештвото и светот секојдневно се соочуваат со најразлични предизвици кои се закана по животот, мирот, здравјето и менталната благосостојба, потребни се повеќе од кога било пораките на надеж, единство и верба во тоа заедничко добро, засновано врз практикувањето на универзалните вредности како што се хуманоста, солидарноста, одговорноста и взаемната почит.
Вашата улога има голема одговорност и јас Ви посакувам мудрост во исполнувањето на благородната мисија. Ви пожелувам празникот да го поминете во добро здравје, спокој во душата и среќа меѓу саканите, а со разбирање, меѓусебна почит и обединети, да продолжиме да ја унапредуваме Република Северна Македонија и да обезбедиме благосостојба денес и за идните поколенија“, стои во честитката од премиерот Џафери до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан.