Контакт

Регион

Дачиќ: Изборите не се потребни, но Вучиќ одлучува

Објавено пред

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ смета дека вонредните парламентарни избори не се потребни, но дека последната одлука околу ова ќе биде направена од страна на српскиот премиер Александар Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Дачиќ изјавил дека тој не може да го спречи премиерот Вучиќ во намерата да распише избори, нити пак има намера да го направи тоа.

„Доколку сака да ги распише, нека го направи тоа. За тоа не треба да размислувам, бидејќи јас не одлучувам. За тоа тој одлучува. Доколку го сака моето мислење, тоа е дека тие не се потребни, поради тоа што не постои никаква политичка нити уставна криза која би требало да се реши преку избори“, рекол српскиот министер.

Вучиќ во неколку наврати периодов изјави дека постојат повеќе причини за и против одржувањето на предвремените парламентарни избори, но дека одлуката за тоа ќе биде донесена до крајот на септември./крај/мф/бс

Регион

Мајка и очув во Србија малтретирале 7-годишно девојче, гаселе цигари од неа

Објавено пред

Маж и жена се уапсени во белградското предградие Палилула под сомнение дека извршиле насилство врз седумгодишно девојче.

dobivaj vesti na viber

„Нова.рс“ јавува дека надлежното обвинителство наредило С. Д. (24) и К. А. (36) да се задржат во притвор поради сомнение дека заедно извршиле семејно насилство. Набргу ќе бидат слушнати, а српските медиуми утринава објавија дека тие се мајка и очув на малтретираното девојче.

Насилството го пријавила мајката, а кога полицијата пристигнала во нивната куќа, го затекнала девојчето во многу лоша психичка и физичка состојба. Таа имала повреди на целото тело, од кои некои наводно биле предизвикани од гасење цигари на кожата.

Родителите се уапсени на самото место, а детето е пренесено на Ургентниот центар во Белград, каде што му биле констатирани тешки физички повреди, по што е пренесено во Заводот за мајка и дете. Истрагата е во тек.

Прикажи повеќе...

Регион

Ученичка во хрватско училиште се заканувала со масакр, направила список: „Ќе добиеш куршум во челото“

Објавено пред

Во Славонија се појави видео на кое се гледа како ученичка од осмо одделение се заканува дека ќе ги убие своите соученици и составува список на ученици, кои биле цел, дознава „24 седам“.

dobivaj vesti na viber

Здравствениот инспекторат на Министерството сѐ уште го разгледува досието на напаѓачот во загрепското училиште.

Ученичката се фотографирала со пиштол, се заканувала на социјалните мрежи, децата ги нарекувала „Непалци“ и се заканувала со крвопролевање. Наводно било иритирана што тој ден некои луѓе ја задевале во автобусот на пат кон училиште.

Училиштето ги известило надлежните, а полицијата обезбедила патрола. Ученичката е привремено суспендирана од настава на седум дена.

Неофицијално, девојчето потекнува од семејство под надзор на Центарот за социјална работа. Училиштето и полицијата сѐ уште немаат официјално соопштение, а во тек е итен состанок на надлежните одделенија.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Објавено пред

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие се собраа пред Судската палата, пренесе БГНЕС.

dobivaj vesti na viber

Кочани денеска им кажува последно збогум на своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март. 59 млади луѓе, повеќето на возраст од 14 до 25 години, загинаа во најголемата трагедија во градот.

Најголемиот дел од починатите се од Кочани, а останатите од Чешиново-Облешево, Штип, Скопје… Кочани го обзема целосен молк додека жали за својата изгубена иднина.

Илјадници македонски граѓани од целата земја со мирни собири изразија сочувство за тагата на семејствата.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна во раните утрински часови на 16 март. Загинаа 59 лица, а над 160 се повредени. Најтешко повредените се лекуваат во странство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Објавени имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани

Министерството за здравство ги објави имињата на сите загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. „Не постои збор со кои...

Македонија2 часа

Меѓу загинатите од пожарот во Кочани има шест деца под 18 години

По извршените обдукции, Обвинителството ја објави возраста на загинатите во пожарот во Кочани. Според информацијата, три лица се на возраст...

Македонија3 часа

Граѓани од целата држава пристигнуваат на погребот во Кочани, луѓето со порака: „Се збогуваме со нашата иднина“

Поворката од роднини, пријатели, граѓани и погребалните возила полека се приближуваат кон градските гробишта. Луѓето пристигнуваат во групи. Приоѓаат полека,...

Македонија3 часа

Токсиколошки анализи ќе им се прават на сите пациенти пред испишување, утре од болница си заминуваат тројца повредени во пожарот во Кочани

Четврти ден по трагедијата во Кочани со 59 починати и 196 повредени, министерот за здравство Арбен Таравари соопшти дека сите...

Македонија3 часа

„Си замина дел од моето второ семејство, остана само пепел и празнина“, се огласи Ана, придружниот вокал на ДНК, која го преживеа пожарот во Кочани

Се огласи Ана Костадиновска, придружниот вокал во бендот ДНК, една од преживеаните во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Таа...

Македонија4 часа

(Видео) Македонија се простува од членовите на ДНК, кои загинаа во пожарот

Денес, ќе бидат погребани членовите на бендот ДНК, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пејачот на бендот,...

Македонија5 часа

„Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград

Поминаа четири дена од трагедијата што го погоди градот Кочани во Македонија кога во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“...

Топ6 часа

Уапсени двајца 18-годишници, кои правеа огномет синоќа во Скопје: прославувале роденден во Градскиот парк

Вчера, околу 21.25 часот, во СВР Скопје е пријавено дека во Градскиот парк во Скопје има огномет и не се...

Македонија6 часа

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, ужалените грѓани ги молам да не влегуваат внатре

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојнче Ангелов, ги замоли ужалежните граѓани да не влегуваат на гробиштата на денешната...

Регион7 часа

Во Софија илјадници луѓе им оддадоа почит на загинатите во Кочани

Неколку илјади луѓе синоќа со едноминутно молчење во центарот на Софија, оддадоа почит кон жртвите од трагедијата во Кочани. Тие...

Македонија7 часа

Денес погребни церемонии за загинатите во дискотеката во Кочани

Погребните церемонии за починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ ќе се одржат во текот на денешниот ден во Кочани, Штип,...

Топ8 часа

Приведен раководител во општина Маврово Ростуше: побарал поткуп од 13.000 евра и ветил дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани

Вчера, полициски службеници го лишиле од слобода С.Е., раководител на Одделението на урбанизам и комунални дејности при општина Маврово Ростуше....

Македонија17 часа

19-годишниот Јован Костадинов спасил 21 дете во пожарот – „Го зеде мојот син и го носеше на својот грб“, сведочи мајка

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов од Виница е еден од повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“, а денес сите зборуваат за неговиот...

Македонија19 часа

Сите вработени во Кочани утре да бидат ослободени од работа, порача Владата

Владата ги задoлжи државните институции, а препорача и до локалната самоуправа и приватниот сектор да ги ослободат од работа сите...

Македонија20 часа

Притвор за седумте полициски функционери поради издавање на согласност за дискотеката во Кочани

Определен е 30-дневен притвор за седумте службени лица од Штип и Кочани, кои се осомничени за тешки дела против општата...

Македонија21 час

Палчо си запали цигара откако ја закопавме Вања, ја чистеше лопатата за да прикрие траги, сведочеше Манев

Koга завршивме со закопувањето на Вања, Љупчо Палевски ладнокрвно запали цигара и си го отвори телефонот за да види што...

Македонија21 час

Во странство се лекуваат стотина млади луѓе по пожарот, уште двајца денес ќе бидат префрлени во Шведска

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од...

Македонија21 час

Полициските функционери кои се приведени дале согласност дека кабарето во Кочани ги исполнува условите за јавен ред и мир без целосна проверка

МВР поднесе кривична пријава против седуммината високи полициски функционери од полицијата во Штип и Кочани за кривично дело „тешки дела...

Македонија23 часа

Клековски: На пациент во Солун му е извршена трансплантација на кожа на рацете, во контакт сме со банка за кожни ткива за да почнат реконструктивни операции

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, на денешната прес-конференција во Владата рече дека натамошните фази за пациентите...

Македонија1 ден

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе биде утре во Кочани, Штип, Облешево и Скопје

Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии, според надлежните, ќе бидат во 11 часот...