Компании
Порше Македонија отвори нов луксузен салон во Скопје
Порше Македонија со гламурозна свеченост во четврток вечер го отвори новиот продажен салон во Скопје во кој ќе се продаваат ексклузивните модели на Porsche: Boxster 718, Cayman 718, 911 Carrera, Panamera, Cayenne и Macan.
Компанијата, покрај салоните за брендовите: Volkswagen, Skoda, Audi и SEAT, ја прошири својата листа со салон за супер спортските автомобили на Porsche. Луксуз, моќ, квалитет, дизајн и технологија, се едни од главните карактеристики на новиот продажен салон на Porsche кој со гламурозна свеченост синоќа беше отворен во Скопје. Porsche е повеќе од супер бренд, маркантното име кое се поврзува со традиција во создавање на најдобри светски спортски автомобили, моќни спортски мотори, софистицирани системи во кои се вградени последните достигнувања на науката и техниката, но пред се, Porsche е дефиниција за перфекција и престиж, фантастичен дизајн, раскошни перформанси и бескрајно уживање во возењето. Пред гостите од земјава и од странство, Порше Македонија ги отвори вратите на новиот Порше Центар Скопје, во кој ќе бидат изложени и ќе се продаваат најновите модели на брендот Porsche.Модерната зграда во која е сместен салонот е дизајнирана според сите стандарди на брендот Porsche. Изложените возила се наменети за сите љубители на спортските автомобили кои што сакаат луксуз, уникатност и авантура, но истовремено бараат и докажан квалитет. Во целост, новиот продажен салон на Porsche нуди спортски автомобили од светскиот супер бренд, како и врвна грижа и услуга за клиентите. Перформансите што ги нуди Порше Центар Скопје синоќа пред гостите беа претставени со ексклузивни 3D проекции. Со овој модерен пристап на претставување пред клиентите, соработниците и партнерите, Порше Македонија уште еднаш докажа дека е на врвот во автомобилската индустрија во земјава.Генералниот менаџер на Порше Македонија, Златко Муцунски, обраќајќи им се на присутните на отворањето истакна дека грандиозното дело е плод на заедничкиот труд на посветениот тим во Македонија, поддржан од Порше Холдинг Салцбург и Порше АГ Штудгарт.„Нашите клиенти, љубители на спортските автомобили бараат свој простор. Место каде Porsche автомобилите ќе им бидат на дофат на раката, ќе се чувствуваат удобно, ќе можат да го вдишат духот на Порше, неговата динамика и повик за авантура. Порше стои за бескомпромисна извонредност кај спортските автомобили и за него го создадовме овој дом. Место кое ќе ве предизвика, возбуди, инспирира, совршен амбиент во безвременскиот стил и дух на Порше. Со тоа, Порше го пишува новото поглавје во автомобилската индустрија во Македонија“, истакна Муцунски. Маркус Екерман, генерален менаџер на Порше за Централна и Источна Европа потенцираше дека Porsche остварува резултати подобро од кога било и го изрази задоволството што брендот ќе биде претставен во Македонија со салон кој ќе нуди целосна услуга. „Porsche поставува нови рекорди според бројот на продадени автомобили и започнува ново поглавје во историјата на спортски автомобили со електричен погон. Porche Mission E ќе биде достапен на крајот од ова декада. Со тоа ќе имаме огромни резултати и влијание на светските пазари, како и на македонскиот пазар“, изјави Екерман. Ален Фавеј, извршен директор на Порше Холдинг Салцбург, истакна дека холдингот со кој раководи денес е најголемата автомобилска продажна компанија во Европа, присутна во 22 земји на стариот континент, а исто така и во Кина, Јужна Америка и Малезија. Порше Холдинг ги претставува брендовите на групацијата Volkswagen, во големопродажба, малопродажба и во финансиски услуги. „Концентрирани сме на задоволството на нашите потрошувачи при искуството со нашите автомобили, во продажбата и пост-продажбата. Да имаат најдобра можна услуга во секој сегмент од нивното искуство. Овие постојани напори низ годините нѐ доведоа до денешниот момент кога имаме можност, на наше огромно задоволство, да го најавиме отворањето на најновиот салон на Порше во Скопје. Сигурни сме дека со оваа инвестиција во прекрасно здание, ќе можеме да им понудиме најдобро искуство на клиентите на Порше во Македонија“, изјави Фавеј. Порше Македонија повеќе една деценија е присутна на македонскиот пазар. Во изминатите години компанијата постави нови стандарди во автомобискиот бизнис, при што го потврди и го задржа статусот на лидер во продажбата на нови возила со најголем удел на македонскиот пазар. Истовремено, компанијата изгради препознатлив бренд што ги спојува искуството на долгогодишната традиција, супериорниот квалитет и иновативната технологија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

