Регион
Турците во недела бираат претседател, Ердоган главен фаворит
Турските гласачи во недела , по прв пат во модерната историја на оваа земја, по директен пат ќе го бираат својот нов претседател, а сегашниот премиер, Реџеп Таип Ердоган, се смета како најголем фаворит меѓу кандидатите.
Функцијата претседател во Турција главно е церемонијална, но подразбира и некои значајни овластувања, а се очекува Ердоган да настојува и за измени на Уставот со цел да ја прошири улогата на претседателот доколку тој биде избран, оценуваат странските медиуми.
Малкумина се оние кои се сомневаат дека Ердоган, кој повеќе од десет години ја има доминантната улога во турската политика, ќе успее да ги победи свиоте главни противници, боранешниот шеф на Организацијата за исламска соработка и академика, Екмеледин Ихсаноглу, дипломат кој не се истакна многу во домашната политика, како и Селахатин Демиртас, млад курдски кандидат./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бугарија доби редовна влада на чело со Росен Жељазков
По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади, Бугарија доби редовна влада, на чело со Росен Жељазков.
За владата на премиерот Росен Жељазков гласаа 125 пратеници, a 114 беа против.
Пратениците ја поддржаа структурата на Советот на министри со истото мнозинство со кое го избраа Жељазков. И составот на владата доби 125 гласа „за“.
Жељазков и новите министри веднаш по изборот положија заклетва.
Регион
(Видео) Автомобил влета во група студенти во Србија, едно лице заврши на покривот на автомобилот
Студентка денеска е тешко повредена во Белград кога возач влетал во група студенти додека со 15-минутно молчење им оддавале почит на загинатите при падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад.
Tokom odavanje pošte stradalim, u Ruzveltovoj ulici u Beogradu, povređena je devojka kada ju je udario i nosio na krovu automobila nakon čega je pala ulicu. pic.twitter.com/M7nxsSuBK2
— TV N1 Beograd (@n1srbija) January 16, 2025
Повеќе од еден месец студенти од повеќе од 60 факултети им оддаваат почит на жртвите од Нови Сад со блокирање на сообраќајот 15 минути. Во четвртокот, додека стоеле на раскрсницата пред техничките факултети, возач на комбе во темносина боја со голема брзина влетал од улицата на тротоарот.
Од силината на ударот студентката се нашла на покривот на автомобилот, кој продолжил да се движи носејќи ја на покривот триесетина метри пред да падне на земјата, покажуваат снимките објавени на социјалните мрежи.
Блокадите на факултетот беа иницирани токму поради насилството на кое беа изложени студентите на Факултетот за драмски уметности кога на 22 ноември, додека им оддаваа почит на жртвите од новосадската трагедија, беа нападнати од неколку лица, кои подоцна беа идентификувани како членови и функционери на владејачката Српска напредна партија, анализираат медиумите во регионот.
Според написите, насилството врз студентите и учесниците на протестот беше повторено уште неколкупати додека највисоките владини функционери ги нарекоа студентите странски платеници, а блокадите обид за обоена револуција.
Полицијата соопшти дека го го пронашла возачот М. П. (38), кој е осомничен дека денеска околу пладне удрил во 20-годишна девојка. Се сомнева дека во возилото имало уште две лица, соопшти МВР.
Според неофицијални информации, студентката е тешко повредена и пренесена во болница. Засега нема официјална изјава за нејзините повреди. Студентите потврдија дека таа е студентка во прва година на Правниот факултет во Белград.
Регион
Драма во Сплит: студент се закани дека ќе пука, факултетот ја откажа наставата
Наставата за студентите на сите катедри на Филозофскиот факултет во Сплит беше откажана поради истрага за инцидентот што се случи доцна вчера. На социјална мрежа, во група со неколку членови, студент на тој факултет напишал дека ќе изврши училишно пукање врз студенти, професори и факултетски кадар.
Содржината на неговата порака стана предмет на истрага на полициски службеници откога неколку лица пријавиле дека млад возрасен на истата социјална мрежа како и неговата профилна фотографија објавил фотографија на која држи пиштол, но сѐ уште не се знае дали е тоа вистинско автоматско оружје или верна пластична копија.
Некои од студентите самоиницијативно најавија отсуство од настава в четврток поради страв, така што нешто пред полноќ беше донесена одлука на ниво на факултет за целосно одложување на наставата. Полицијата потврди дека почнала истрага.
„Вчера, среда, 15.1.2025 година, во вечерните часови добивме повеќе пријави дека едно лице испратило заканувачки пораки преку каналот за комуникација на социјалната мрежа. По извршените проверки веднаш по пријавите, полициски службеници идентификувале 19-годишен ученик на образовна установа за кој постои основано сомнение дека ги сторил елементите на кривичното дело загрозување повеќе лица. Уапсен е околу 23.30 часот, а против него се води кривична истрага“, соопшти полициската управа Сплит-Далмација.
Деканката на Филозофскиот факултет во Сплит, Ина Реиќ-Ерцеговац, накратко писмено одговори на барањето на „Далмација њуз“ дека безбедноста на сите студенти и вработени е секогаш приоритет, па затоа наставата на Факултетот денеска е откажана како мерка на претпазливост.