Европа
Европскиот парламент го прифати планот на Јункер за распоредувањето на бегалците

Европскиот парламент (ЕП) со големо мнозинство во четвртокот го одобри планот на претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер за распоредувањето на бегалците и олеснување на товарот на земјите лоцирани на надворешните граници на ЕУ, пренесува AFP.
Европскиот парламент (ЕП) со големо мнозинство во четвртокот го одобри планот на претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер за распоредувањето на бегалците и олеснување на товарот на земјите лоцирани на надворешните граници на ЕУ, пренесува AFP.
Европратениците гласаа во корист на предлогот за преместување на 160 илјади бегалци, односно баратели на азил од Грција, Унгарија и Италија, во другите земји од Унијата.
Квотите се одредени во зависност од големината, богатството и капацитетот на секоја земја-членка поединечно. Како што се наведува во објавениот план на ЕК, Германија, Франција и Шпанија ќе прифатат речиси 60 отсто од вкупниот број бегалци.
Со планот е предвидено Германија да прими 31.443 бегалци, што е околу 26 отсто од вкупниот број. Следува Франција со квота од 24.031 или околу 20 отсто, а на трето место е Шпанија која треба да прими 14.931 мигранти или околу 12,4 отсто.
Полска според планот ќе прими 9.287 бегалци, Холандија 7.214, Романија 4.646, Белгија 4.564 и Шведска 4.469. Австрија треба да прими вкупно 3.640, Бугарија 1.600, Чешка 2.978, Словачка 1.502 бегалци, Хрватска ќе прими 1.064, а Словенија 632 бегалци. Најмалку бегалци ќе прифатат Кипар, 274, односно Малта, 133 бегалци./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин
Европа
Почнува судењето на бездомничката од Алжир, која ја силувала и убила 12-годишната Лола во Париз

Денес, почнува судењето на жена обвинета за злоупотреба, мачење и на крајот убиство на 12-годишната Лола Давиет, во случај што ја шокира Франција пред три години и предизвика политичка реакција, објавува „Гардијан“. Телото на несреќното девојче е пронајдено спакувано во пластичен ковчег фрлен на улица во близина на нејзиниот дом во Париз.
Дабија Бенкиред (27) е обвинета за тешко убиство на малолетник, тешко силување и мачење и варварски дела. Случајот предизвика длабок ужас во француската јавност. Лола Давиет се враќала од училиште во петокот на 14 октомври 2022 година.
Таа пристигнала во својот дом во 19-тиот арондисман во Париз, каде што нејзините родители работеле, веднаш по 15 часот. Снимките од безбедносните камери ја снимиле како се среќава со Бенкиред, тогаш бездомничка, која престојувала во станот на сестра ѝ во истата зграда.
Кога Лола не се појавила дома, нејзините родители кренале тревога. Еден и пол подоцна камерите ја фатиле Бенкиред во лобито на зградата опкружена со неколку ковчези вклучувајќи го и оној во кој подоцна било пронајдено телото на девојчето.
Случајот бргу доби политичка димензија кога беше откриено дека Бенкиред, која е родена во Алжир, имала наредба за депортација издадена два месеца пред убиството. Крајнодесничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ги искористила овие информации за сопствена политичка промоција, објавува „Гардијан“.
За време на истрагата Бенкиред даде збунувачки изјави, но по серија психијатриски и психолошки прегледи, таа беше прогласена за способна да се соочи со судење. Последните три години ги помина во притвор во затворот „Фресне“, јужно од Париз.
Според францускиот закон, секој чин на сексуална пенетрација извршен со сила, принуда, закана или изненадување се смета за силување. Доколку биде осудена, Бенкиред се соочува со доживотен затвор. Се очекува судењето да трае до следниот петок, кога се очекува пресудата.
фото: принтскрин
Европа
Орбан: Денес ќе разговарам со Путин

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека планира утрово да разговара телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за претстојната средба на Путин со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, што Трамп ја објави вчера по телефонскиот разговор со рускиот претседател.
Орбан исто така рече дека разговарал со Трамп синоќа.
„Разговарав со американскиот претседател синоќа на телефон. И утрово ќе разговарам со претседателот Путин“, рече унгарскиот премиер на радиото „Кошут“.
Орба, исто така објави дека средбата меѓу Трамп и Путин во Будимпешта би можела да се одржи за две недели.
„Вчера, претседателот (Трамп) ни рече да се подготвиме; средбата на двајцата министри за надворешни работи е на дневен ред… Тие (Трамп и Путин) одлучија двајцата министри за надворешни работи да се обидат да ги решат преостанатите прашања во рок од една недела, а потоа, една недела подоцна, ќе може да дојдат тука во Будимпешта“, рече Орбан на радиото.
фото: принтскрин