Македонија
Метал инвест ЕФТ најави рестартирање на Силмак
Метал инвест ЕФТ, кој стана сопственик на комбинатот Силмак откако понуди највисока цена од 5,6 милиони евра за откуп на најголемиот дел од имотот,
Метал инвест ЕФТ, кој стана сопственик на комбинатот Силмак откако понуди највисока цена од 5,6 милиони евра за откуп на најголемиот дел од имотот, најави рестартирање производството
Промената на сопственоста на Силмак од тетовско Јегуновце настана по покренувањето извршна постапка за наплатата на побарувањата од страна на ЕФТ Македонија, како најголем поединечен доверител.
„Согласно законската регулатива беше покрената извршна постапка за наплата на обезбедените ненаплатени побарувања од страна на доверителите. На втората јавна лицитација Метал Инвест ЕФТ понуди највисока цена за откуп на имотот и печките на Силмак кои беа ставени под залог и хипотека, и на транспарентен начин, согласно процедурите стана сопственик на имотот и на печките на комбинатот Силмак. На тој начин сите доверители кои ги имаа обезбедено своите побарувања со залог и хипотека се обештетени“, изјави адвокатот Никола Лазаров, правен застапник на Метал Инвест ЕФТ.
Метал Инвест ЕФТ планира да го рестартира производството во Силмак и да ги врати на работа сите отпуштени работници, кои како резултат на светската финансиска криза и падот на цената на металите на светските берзи останаа без работа.
Со преземањето на имотот и печките на Силмак направена е најголема инвестиција во металуршкиот сектор во последниве неколку години.
Метал инвест ЕФТ е фирма – ќерка на ЕФТ Груп. /крај/со/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утрово жителите на Ленинова
Поради дефект, жителите на улицата Ленинова утрово ќе останат без вода.
„Поради дефект на приклучна цевка од Ф 1” (Цол) на улицата Ленинова бр.77, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од Ленинова ( потегот од бул.Митрополит Теодосие Гологанов до ул.Никола Тримпаре од 09:00 часот до санирање на дефектот. (општина Центар)“, соопшти Водовод.
Македонија
Муцунски и специјаниот пратеник Матисен разговараа за евроинтеграциите и регионалните предизвици
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими специјалниот претставник за Западен Балкан на Кралството Норвешка, Еирик Матисен.
На средбата, министерот Муцунски ја истакна активната улога на Норвешка на Западниот Балкан, чија поддршка за интеграцијата на земјите во европските и евро-атлантските структури овозможува долгорочен и одржлив развој на регионот. Тој упати благодарност за важната развојна и експертска помош што Норвешка ја обезбедува во повеќе клучни области и изрази очекување дека оваа поддршка ќе продолжи и во иднина.
Специјалниот претставник Матисен изрази задоволство од цврстото партнерство помеѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, нагласувајќи го фактот дека Република Северна Македонија е лидер во регионот од аспект на регионалната и светската безбедност. Тој ја истакна и силната поддршка што земјата ја дава за Украина како доказ за нејзината посветеност.
Во фокусот на разговорите беа и актуелни теми од регионот и пошироко. Соговорниците изразија задоволство од позитивниот развој на билатералните односи и ја потврдија својата посветеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и соработката.
Македонија
СДСМ: Креиран е лажен профил на Венко Филипче на „Фејсбук“, граѓаните да не наседнуваат
Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче. Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки, велат од СДСМ.
„Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале“, посочуваат од партијата и додаваат:
„Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче. Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“.