Контакт

Свет

Слабее економското расположение во еврозоната

Објавено пред

Економското расположение во еврозоната ослабело во третиот квартал, иако влошувањето е многу мало, соопшти германскиот институт Ифо.

dobivaj vesti na viber

„Експертите очекуваат дека ова година стапката на инфлација во еврозоната ќе биде 0,7 отсто, додека на среден рок, до 2021 година, нивните инфлаторни очекувања во овој квартал останале на порано предвидените 1,8 отсто“, се наведува во соопштението на Ифо институтот.Ифо индексот на економската клима во еврозоната паднал на 111,6 бодови во третотот тромесечје од 112,7 поени од вториот квартал, но сепак и натаму е значително над долгорочниот просек.Влошувањето на економската клима во целина се должи на помалку оптимистичните прогнози во поглед на економските перспективи, кои ги дадоа стручњаците што учествуваат во подготовката на Светскиот економски преглед на Ифо.Сегашната економска состојба се оценува како подобрена.Оценките за моменталната економска состојба повторно се најпозитивни во Германија и Ирска, додека во Австрија, Белгија, Естонија, Летонија, Литванија, Холандија, Словачка и Словенија, се движат во среден распон.Стручњаците од Светскиот економски преглед соопштија за понатамошно влошување на економската ситуација во Грција и Португалија. Лоши оценки, и покрај благото подобрување, има и за Финска, Франција, Италија и Шпанија.Кога станува збор за економските перспективи за следните шест месеци, прогнозите и натаму се лоши за повеќето земји, но кога ќе се земе сѐ во предвид, остануваат позитивни.Единствени земји за кои постои скептицизам во поглед на економскиот просперитет се Франција, Грција Летонија и Португалија. За разлика од нив, расположението меѓу стручњаците во поглед на перспективите за Шпанија е позитивно. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Јавниот долг на Франција за првпат се изедначува со грчкиот

Објавено пред

Франција за првпат ги изедначи трошоците за задолжување на Грција, со висок јавен долг и слабо балансирање на владата меѓу незадоволството на граѓаните и крајниот рок за усвојување на буџетот за следната година.

dobivaj vesti na viber

Во екот на должничката криза во еврозоната во 2012 година, трошоците за задолжување на Грција, мерени преку приносот на 10-годишните државни обврзници, беа за 37 процентни поени повисоки од приносот на француските обврзници со таа рочност, потсетува Ројтерс.

Приближно 12,5 години подоцна, приносите на долгорочниот грчки долг се движат околу три отсто и се само 0,02 процентни поени повисоки од приносите на францускиот долг.

Грција и натаму е членка на еврозоната со највисок јавен долг, мерено како удел во БДП, од 163,6 отсто на крајот на јуни. Во меѓувреме, Франција се доближи до неа и го зазеде третото место на скалата „должник“, со јавен долг од 112,2 отсто од БДП.

 

Прикажи повеќе...

Економија

На Германија годишно ѝ се потребни 288.000 странски работници: „Пред нас е огромен предизвик“

Објавено пред

Дологорочно, германскиот пазар на труд секоја година во значителна мера зависи од имигрантите – ова е заклучокот од анализата нарачана од Фондацијата „Бертелсман“.

dobivaj vesti na viber

Со цел да се задоволат потребите за работна сила и да се обезбеди благосостојба на Германија, имиграцијата на меѓународни работници, особено од трети земји, станува сè поважна. Затоа, до 2040 година ќе бидат потребни приближно 288.000 меѓународни работници годишно за да се обезбеди доволна понуда на работна сила.

Според студијата, бројот на работници, без дополнителни имигранти, ќе се намали до 2040 година од сегашните 46,4 милиони на 41,9 милион. До 2060 година тој број, без дополнителна имиграција, би можел да се намали за една четвртина, на само 35 милиони, пишува „Дојче веле“.

„Демографските промени, кои во наредните години поради пензионирањето на генерацијата ќе претставуваат големи предизвици за германскиот пазар на труд, бараат и имиграција“, вели Сузане Шулц, експерт за миграција од Фондацијата „Бертелсман“.

„Се разбира, пред сè, мора да се развие домашниот потенцијал на работната сила – и локалните жители и луѓето што веќе се преселиле тука и да се зголеми нивното учество на пазарот на трудот. Сепак, идните потреби до 2040 година не може да се задоволат само на овој начин“.

Реформираниот закон за имиграција на квалификувана работна сила дава нови можности за работниците заинтересирани за Германија. Сепак, според студијата, тие нема да дојдат без изразена култура на добредојде во институциите, компаниите и заедниците, како и без долгорочни изгледи за престој.

До 2024 година нема да бидат еднакво погодени сите германски сојузни покраини од недостигот на имиграција. Според студијата, најголем пад на работната сила ќе биде забележан во Тирингија, Саксонија-Анхалт и Сар, со повеќе од десет проценти. Помал пад, под десет проценти, се очекува во Хамбург, Берлин и Бранденбург.

Нивото на потребите за имиграција во сојузните покраини зависи од проекцијата на потребната работна сила до 2040 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари

Објавено пред

Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.

Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.

Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Се бара притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме

Обвинителството поднесе предлог за притвор за три лица за уништувањето на македонското знаме синоќа во централното градско подрачје. Од тука...

Македонија6 часа

За вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени четири лица, изјави Тошковски

Во текот на вечерта се уапсени осум лица, од кои четири за предизвикување верска и национална омраза, извести министерот за...

Македонија6 часа

„Влен“: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња

„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера...

Македонија7 часа

Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија9 часа

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија9 часа

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија11 часа

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија11 часа

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија11 часа

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија21 час

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет1 ден

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија1 ден

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија1 ден

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија1 ден

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија1 ден

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа1 ден

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија1 ден

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје1 ден

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија1 ден

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа1 ден

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...