Европа
Полска ја ангажираше војската во потрагата по мистериозниот нацистички

Полска во вторникот објави дека во ќе ја ангажира војската потрагата по мистериозниот нацистички воз кој наводно превезувал драгоцености, наводно сокриен во некој од тајните подземни тунели на Валбржих, во југозападниот дел од земјата.
„Министерот одлучи да испрати воена техника на теренот поради потрагата и проверката на стварното постоење на возот. Стручњаците на воената инженерија ќе одлучат следните денови која воена техника ќе ја користат“, изјави портпаролот на полското министерство за одбрана Јацек Сонта, додавајќи дека „Војската ќе интервенира на барање на регионалните власти“.Гувернерот на покраината Долна Шлезија, Томаж Смоларж, е многу сомничав дека овој легендарен воз воопшто постоел, а кој повеќе од еден месец го окупира вниманието на јавноста во Полска, но и во странство. „Врз основа на документите кои на градоначалникот на Валбржих му ги предале трагачите по богатства, не е можно да се утврди дали такво нешто навистина се наоѓа на споменатото место“, додаде. Полските власти ја покренаа потрагата по возот откако 19-ти август Германец и Полјак преку својот адвокатот известија дека го пронашле во југозападниот округ Валбжих, како и дека очекуваат 10 отсто од вредноста на пронајденото како награда.Фотографиите направени со помош на радарска опрема покажале дека железничката композиција долга повеќе од сто метри, што е првата официјална потврда за неговото постоење, изјави минатиот петок заменикот на полскиот министер за култура Пјотр Жуховски.Возот бил блиндиран, што значи дека превезувал специјален товар, „веројатно воена опрема, но можно е и накит, уметнички дела и архивски документи“, додаде Жуховски во изјавата за медиумите во Варшава. „Јас сум повеќе од 99 отсто сигурен дека таквиот воз постоел“, иако експертите ќе бидат сигурни дури откако ќе успеат да дојдат до него.Според полските медиуми „златниот воз“ или како го нарекуваат нацистичкиот блиндиран воз долг 150 метри кој носел благородни метали, можеби и злато, заминувајќи од тврдината Бреслау (сегашниот град Вроцлав) во Валбжих, композицијата мистериозно исчезнала во 1945 година недалеку од полската граница со Германија. Историчарите и трагачите по загубените богатства повеќепати ги изнесуваа претпоставките дека возот можеби бил сокриен од советската авијација во еден од тунелите кои ги прокопале нацистите во планините на Долна Шлезија за заштита од бомбардирањата, додека настапувала Црвената армија.Со децении кружат приказни дека нацистичкиот воз бил полн со оружје и украдени драгоцености, а Жуховски изјави дека тие приказни потекнуваат од едем маж кој рекол дека помогнал во криењето на возот. „На смртната постела тоа лице го кажало тоа и направило скица каде би можел да биде сокриен возот“, изјави без да навлегува во детали.Стручњаците сега работата на тоа како да дојдат до возот. Министерството за култура на Полска претходно во четвртокот предупреди дека на таа локација би можело да има поставено експлозиви и апелираше трагачите по загубени богатства да не се упатуваат кон локацијата.Локалните медиуми објавија дека возот исчезнат во 1945 година превезувал вредни предмети искрадени во тогашниот источногермански град Бреслау, денешен Вроцлав кој сега е дел од Полска. Според локалниот фолклор, возот бил полн со скапоцени камења, и останал во тунелот каде што биле заборавен.Доколку во „златниот воз“ бидат откриени некои вредни предмети во неговиот товар, полската страна ќе го предаде на неговите вистински сопственици, објави подоцна во петокот министерството за култура и за национално наследство на Полска. „Доколку се покаже дека во возот има предмети чиешто потекло не предизвикува сомневања, тие ќе бидат вратени“, изјавија од министерството за култура./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин
Европа
Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.
„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.
Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.
Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.
Turbulence caught on camera today on a Wizz Air flight from Alicante to Rome, forcing a diversion to Bologna.pic.twitter.com/sbLjXUp1DH
— The Age Of Genz (@TheAgeOfGenZ) August 21, 2025
Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.
Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.
Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.
По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.
Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.