Бизарно
БиХ: Болница ампутираните раце и нозе ги испраќа на адресите на пациентите
Ако во Босна и Херцеговина се добие пратка во којашто има ампутирана рака или нога од некој од членовите на семејството тоа воопшто не е чудно, бидејќи тоа е одредено со закон, се покажа по бизарниот случај кој ја шокираше јавноста во оваа земја.
Неверојатната приказна дојде до локалните медиуми откако на домашната адреса на семејството Вуковиќ во Јајце, тамошниот медицински техничар донел необичен пакет. Се покажало дека во картонската кутија е ногата којашто на Незир Вуковиќ пред тоа му била ампутирана во тамошната болница. Испорачувачот на шокираното семејство им порачал екстремитетот некаде да го закопаат, а кога Незир ќе почине и него да го погребат на истото место за тогаш сите делови од телот на почиваат на едно место.
Директорот на Општата болница во Јајце, Драган Матијевиќ, појаснува за дневниот весник Dnevni avaz во саботата дека во тоа нема ништо чудно, оти таквата практика била законска. Додава дека болницата едноставно нема капацитети за згрижување на ампутираните екстремитети, па им се препуштаат на семејствата на пациентите кои биле подвргнати на ампутации.
„Немаме комора за горење, а тоа може да се работи единствено во крематориуми. Ваквата процедура се спроведува во сите помали болници во БиХ“ , вели Матијевиќ истакнувајќи дека отсечената нога „била исправно спакувана во непропустлива вреќа и картонска кутија која е предадена со упатства“.
Еден од членовите на семејството Вуковиќ потврдил дека претходно од болницата известиле за таквата процедура, а недоразбирањето настанало бидејќи тој за тоа никому не кажал, па другите роднини се нашле зачудени од необичниот пакет. „За да не биде фрлена во медицинскиот отпад, се договоривме ампутираната нога да ни ја достават нам“ рекол Јамин Вуковиќ.
Меѓутоа, министерот за здравство на Федерацијата БиХ, Вјекослав Мандиќ за таквите процедури не знаел ништо и вели дека „останал без текст“ кога слушнал за оваа сторија“. „Во 30 години колку што се занимавам со оваа професија, првпат слушам за такво нешто. Должност на болницата е да се грижи за тоа“, категоричен е министерот. На семејството му најави извинување и додава дека поради тоа чувствува срам најавувајќи целосна истрага за случајот.
Директорот на болницата во Јајце на тоа одговара дека нема ништо против поведување истрага. „А што би требало ние да правиме со тие екстремитети“, му поставува прашање на министерот./крај/мф/сн
Извор: Dnevni Avaz
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Бизарно
Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа
Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.
Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.
Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.
Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.
Бизарно
(Видео) Мона Лиза посипана со супа: Две жени го нападнаа познатото ремек дело во Лувр
На снимката се гледаат две демонстрантки како се прикрадуваат под бариерите заштитувајќи го ремек-делото на Леонардо да Винчи пред да ја потурат сликата со супа.
Потоа и двете ги соблекле јакните за да откријат бели маици на кои со големи црни букви беше испишано „Riposte Alimentaire“ – што значи „Одговор на храната“.
Сликата се наоѓа во музејот Лувр во Париз.
Демонстрантите, наводно, барале право на „здрава и одржлива храна“.
Ова не е прв пат Мона Лиза да биде мета на климатски активисти – во мај 2022 година, демонстрантите фрлија торта врз неа.
Маж преправен во постара жена во инвалидска количка фрли торта врз непроценливото дело, пред да извика „мислете на планетата!“ додека беше придружуван надвор од зградата.
Се обидел да го скрши и заштитното стакло пред сликата, но не успеал.
ALERTE – Des militantes pour le climat jettent de la soupe sur le tableau de La Joconde au musée du Louvre. @CLPRESSFR pic.twitter.com/Aa7gavRRc4
— CLPRESS / Agence de presse (@CLPRESSFR) January 28, 2024
Бизарно
УФЦ шампион донел девојка дома да ја вери, па дознал дека веќе е омажена
Навистина бизарна ситуација му се случила на актуелниот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира. Тој тврди дека неговата поранешна свршеница Мерл Кристин во текот на целата врска криела дека веќе била мажена за друг маж!
Се чинеше дека на Переира му цветаат рози на сите полиња. Тој е непобедлив во октагонот, а одлично му оди и на љубовен план… Беше во долгогодишна врска со избраничката Мерл Кристин и планираше да се венчаат, но потоа откри дека неговата саканата водела двоен живот.
Кристин била во брак додека била во врска со познатиот борец. Барем така тврди Переира.