Контакт

Манифестации

Николов: ДФРМ ме смени на перфиден начин

Објавено пред

Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Димитар Николов, кој во вторникот беше разрешен од функцијата, во среда во обраќањето до јавноста, рече дека бил сменет на перфиден начин.

dobivaj vesti na viber

Во продолжение, обраќањето го пренесуваме интегрално.„Вчера бев разрешен од позицијата директор на ИФФК „Браќа Манаки“. Во овие тешки времиња низ кои поминува нашата земја, можеби оваа манифестација не би требала да е во фокусот на интерес, но должен сум да ја известам јавноста за случувањата кои може да имаат катастрофални последици за овој најзначаен фестивал, не само во Македонија, туку и многу пошироко. На последното собрание на ДФРМ што се одржа вчера (12.04.2016, на кое не бев присутен поради отсуство од Македонија), раководството на ова здружение по брза, перфидна постапка наметна измена на правилникот за работа на фестивалот „Браќа Манаки“, со цел да обезбеди покритие за смената на директор на фестивалот. Со вметнување на нов член во овој правилник, кој кажува дека директорот на фестивалот може да биде разрешен доколку не биде прифатен неговиот извештај, претседателот на ДФРМ барал да се изгласа новиот правилник, со најдобра намера, дека со тоа се дефинира подоброто функционирање на фестивалот. Веднаш потоа го ставил на гласање усвојувањето на извештајот за последното 36.издание на фестивалот, кој не бил усвоен, БЕЗ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ, зошто!Извештајот за работата на фестивалот беше тема на дневен ред на минатото Собрание на ДФРМ, кога доставив детален финансиски извештај со сите специфицирани трошоци. Евидентно е дека целата оваа игра за промена на правилникот на ДФРМ и повторното ставање на извештајот на дневен ред е направена само за да се направи формално правно покритие за смената на директорот на фестивалот „Браќа Манаки“ и од одредена група да се има контрола врз него. Морам да напомeнам дека годинава прв пат е доставен извештај за работа на фестивалот „Браќа Манаки“ во кој се истакнати сите направени трошоци, што досега никогаш не било случај. За сите минати изданија на фестивалот бил доставуван извештај на едвај страница – две и ДФРМ, како таков, без проблем го прифаќал, а годинава целото финансиско работење на фестивалот е потполно транспарентно со јасно одделени ставки за сите трошоци и хонорари, извештајот не се прифаќа и e повод за смена на директорот на фестивалот. Инаку, последното издание ги покри сите долгови кои се влечеле веќе со години и овозможи соработка со нови меѓународни фондови и институции кои фестивалот ќе го подигнеа на многу повисоко ниво.На минатото собрание, од друга страна, претседателот на ДФРМ, Роберт Насков даде само устен извештај за финансиското работење на Друштвото, во форма на кратко резиме дека ДФРМ минатата година „имаше некакви приходи“ и дека „малку средства останаа за да се покријат некакви трошоци“. Е, така работат и ги формулираат своите финансиски активности овие наши колеги! Без приложен документ или конкретни суми, иако минатата година во ДФРМ на име на неколку проекти беа доделени огромни финансиски средства. На минатото собрание одржано пред повеќе од еден месец беше побарано претседателот на ДФРМ да достави писмен извештај, но тој ниту еден месец подоцна не го направи тоа. Токму заради ваквото поставување на работите, изненадуваат постапките на раководството на ДФРМ кои во последниве години кои како да го приватизирале ова здружение. Нема никаква транспарентност во работата, се крие бројот и контактите на членството, исто како што се кријат информациите за финансиското работење на ова здружение. Поради тоа „муљање“ со членството, до скоро ( до Собранието од 09. Март 2016) немаше ни регистриран статут и членство во Централен регистер, иако тоа била обврска на сите здруженија уште од 2012 –тата година.Главната цел на оваа група узурпатори на ДФРМ беше да ме дискредитираат како директор на фестивалот и да го прикажат како неуспешно последното издание на „Браќа Манаки“. Иако во минатите шест месеци од завршувањето на фестивалот никој не даде негативна оценка за фестивалот и ниту еден медиум не пренесе таков впечаток за време или по завршувањето на фестивалот, оваа дружина сака да го претстави последното издание како најлошо во историјата. Правилникот вчера е изгласан и покрај мојот аларм дека содржи детаљи кои го оневозможуваат функционирањето на годинешното издание. Од друга страна, никој во последните години, а можеби и децении не дал толку детален и транспарентен извештај базиран на сработеното. Јас на своја кожа ја осетив „добрата намера“ на главните играчи во ДФРМ да не прифаќаат директор на фестивал кој не зема хонорар, само за да не остави никакви долгови. Друштвото на филмските работници лани ме избра со програмата за проширување на фестивалот со која аплицирав за директор на фестивалот, а со која аплициравме потоа и пред домашните институции кои финансиски го поддржуваат фестивалот. Тоа проширување во денови, програми и активности беше причина да добиеме поголем буџет. Сега одеднаш таа програма и детаљниот извештај за работата на фестивалот не е прифатен. Годинешната програма е само континуитет на ланските активности, заради кои сум избран со мандат од две години и произвела и произведува дејство. Програмата беше одобрена од ДФРМ. За неа веќе се одобрени пари од Агенцијата за филм на РМ. Со истата е конкурирано пред странски фондови. Со истата е конкурирано и пред МЕДИА програмата за поддршка на Фестивалот. Фестивалот веќе има потврдено важни партнери кои застанале посебно зад новите програми. Со нивно исклучување или доведување на ниво на ревија, фестивалот ќе може да ги изгуби партнерите што веќе ги добил, но, пред се може да го изгуби реномето. Фестивалот веќе има потврден мониторинг за категоризација во групата на светски фестивали од Б-категорија, а без аплицираната програма, тоа ќе падне во вода. Фестивалот заедно со градот Битола, требаше оваа година да биде и организатор на Годишното собрание на ИМАГО (Светската асоцијација на национални здруженија на кинематографери во повеќе од 80 земји)Оваа одлука на сегашните властодршци во Друштвото, говори дека тие сакаат да го уништат фестивалот и да го обезличат пред партнерите и европските институции. Затоа, се поставува прашањето – дали ДФРМ треба да е носител на една ваква важна манифестација!?Фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“, сепак, има многу пошироко општествено значење, не само за филмаџиите, за него мора да има поширок општествен интерес и никој смее да го сведе на перфидни или политички игри „со добри намери“.Фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ припаѓа на сите, не само на ДФРМ, не само на Битола, не само на Македонија. Фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ е меѓународно најстар и најзначаен фестивал за креаторите на филмската слика. Дали „Браќа Манаки“ треба да биде оставен сам на себе пред неколкумина интриганти и фабрикувачи на „политика“ во ДФРМ? Сега, кога се случи нивната одлука, настанува конфликт со сите страни кои досега имаат одобрено или потпишано договор за давање финансии за фестивалот за 2016 година. Ова е особено релевантно за државните органи кај нас, кои подлежат на строга финансиска контрола и ревизија. Новиот правилник, ниту јас, ниту кој и да е нормален човек, не може да го прифати, ниту делумно, ниту во целост, затоа што се донесува во време кога ИФФК „Браќа Манаки“ веќе има добиено средства од Агенција за филм на Македонија за програма со која е веќе аплицирано и кога градот Битола повторно не поддржал за активностите кои ќе се одржат годинава. Со новиот правилник таа програма е оневозможена. ДФРМ со оваа одлука се става над институциите кои го финансираат фестивалот. Според овој нов правилник, дури е оставена можноста фестивалот да не се организира во градот Битола!Што се однесува на 36. издание, сметам дека – не само што го направивме подобро, побогато и поразновидно туку во исто време отворивме и воспоставивме стандарди за негова поголема меѓународна афирмација. Со целиот тим работевме транспарентно и чесно. Независно и без политика. Бев првиот директор во последните десетина години кој буџетот го стави на увид на секој ангажиран поединец на Фестивалот и го зближив тимот. Работев со полна пареа со срце и се гордеам со сработеното. Среќен сум што огромен број гости и пријатели на филмот ги препознаа тие позитивни промени на последното издание, но истовремено и тажен што оваа дружина, која како што вели нејзиниот претседател, „не влегува во турбо-фолк комуникација“, остава зад себе, со своите дела и своите постапки турбо-фолк последици. Во исто време, на истиот претседател и неговите најблиски соработници, сакам да му возвратам на убавите желби кои ми ги упатил, посакувајќи му повеќе успеси со неговите филмови и уште побериќетни финансиски години!“. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор

Објавено пред

Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор.

dobivaj vesti na viber

За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од неговата генерација. Студирал и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон. Емануел Салвадор има снимено неколку албуми и реализирано успешни концертни турнеи во Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и САД.

Емилија Гох Салвадор како уметник на виола има дипломирано со највисоки оценки на музичката академија „Јан Падеревски“ во Познан во класата на проф. Доминик Рутовски. Во 2008 година го основа гудачкиот оркестар „Балтик Неополис“.

Прикажи повеќе...

Култура

Утре, во Трпејца, почнува 12. издание на манифестацијата „На зајдисонце“

Објавено пред

Во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на Општина Охрид, од утре до 28 јули, 12. пат оваа туристичка населба и гостите ќе дишат во ритамот на новото издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.

dobivaj vesti na viber

Утре, четврток, на отворената сцена во Трпејца, од 20.30 часот, во името на покровителот, Општина Охрид, манифестацијата за отворена ќе ја прогласи заменик-градоначалникот Перчо Божиноски.

Приустните ќе може да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија, која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.
В петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видеопрезентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.

Викендот е резервиран за документарни филмови. В сабота навечер публиката ќе го гледа документарно-туристичкиот филм „Трпејца на дланка“, работен по сценарио на Милчо Јованоски.

Следната вечер од 20.30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.

Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.

В понеделник, на 24 јули, во Трпејца ќе гостува бендот „3.0“ (три промили), а денот потоа е резервиран за традиционалната кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.

Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.

В среда, на 26 јули, од 19.30 часот, посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе може да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.
Час подоцна, ќе следува интересната видеопрезентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.

Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид, под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.

На крајот од дванаесеттото издание на „Зајдисонцето“, охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.

Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески-Мац.

Прикажи повеќе...

Култура

Заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: „…Медеја“ е најдобра претстава

Објавено пред

Синоќа со врачувањето на наградата за претставата „Се викам Медеја“ (My Name is Medeja) на Народниот театар од Битола за најдобро уметничко остварување во целина заврши 57. фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Награда за најдобра режија доби Себастијан Хорват, за најдобра главна женска улога – Илина Чоревска, за најдобра музика – Драго Ивануша и за најдобар рекламен материјал – Сашо Илковски.

Скопскиот Драмски театар  и претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ освои 5 наградимеѓу кои и за главна машка улога за Дамјан Цветановски и за најдобра женска епизодна улога за Емилија Мицевска.

Наградени беа и Турскиот театар за претставата „Човек перница“, како и Прилепскиот театар за „Мистерија Буфо“ и на Театарот за деца и младинци, за „Роња, ќерката на ограбувачот“.

Наградата за современа сценска драматизација ја доби Лидија Митоска-Ѓоргиевска за „Мистерија Буфо“.

 Наградата за млад актер „Трајко Чоревски“ ја доби Хакан Даци за улогата на Катуриан во претставата „Човек перница“ во изведба на Турскиот театар од Скопје, копродукција со „Машина продакшн“ и „Пик продукција“. За истата претстава, за улогата на Микаил, актерот Дин Ибрахим ја доби наградата за најдобра машка епизодна улога. Наградата за млада актерка ја доби Матеа Јанковска за Роња во „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци од Скопје.

Со свечената вечер со наградените на финалето на „Черондрински“ и со изведбата на „Последниот балкански вампир“ на Дејан Дуковски и Александар Поповски, на Српското народно позориште од Нови Сад, се спушти завесата на годинешниот МТФ „Војдан Чернодрински“, со најава за нова свежина и афирмација на македонската драма вгодина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Се’ уште гори кај Јасен, активни пожари на четири локации низ Македонија

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, четири се активни и моментално се...

Македонија3 часа

Најмногу туристи ни дојдоа од Турција во јуни

Според податоците од Државниот завод за статистика, во јуни годинава во земјата биле регистрирани вкупно 126.415 туристи, од кои 20,1...

Македонија8 часа

Стоматолошката комора тврди – нема неправилности, Министерството за здравство ја брани одлуката за преземање на лиценцирањето

Претседателот на Стоматолошката комора, Маријан Денковски, на прес-конференција изјави дека повеќекратните контролни надзори не откриле неправилности во работењето на Комората....

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Битола и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани на нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Економија10 часа

Се намалуваат цените на дизелот и на бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија10 часа

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба: Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар...

Македонија11 часа

(Видео) „Началникот од Демир Хисар, кој недолично се однесувал кон друго лице, веќе е разрешен, нема штитење поединци“, вели Манасиевски

„Моралот и принципите се спроведуваат на дело. Нема веќе штитење на поединци затоа што биле блиски до една, друга или...

Македонија11 часа

(Фото) Пожарот во атарот на селото Долно Дупени ставен под целосна контрола

Пожарот во атарот на село Долно Дупени, во близина на Преспанско езеро, со дејство на екипи на ТППЕ Ресен и...

Македонија11 часа

(Видео) Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот на Тошковски и да ја прошири истрагата, бара СДСМ

„Пред Основното јавно обвинителство, СДСМ бара отворање на кривична постапка против началникот на ОВР Демир Хисар, Роберт Мартиноски и проширување...

Македонија12 часа

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија14 часа

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје првпат не е прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет14 часа

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп – Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет16 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на „Ал џезира“

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на „Ал џезира“, Анас ал-Шариф (28), во напад врз градот Газа обвинувајќи...

Европа16 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија17 часа

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија17 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека 30-ина минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија1 ден

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија1 ден

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ1 ден

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ1 ден

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...